Connect with us

Македонија

Падна иницијатива за одземање на Универзална сала од Арсовска – не сакала да ја направи?

Published

on

„Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26тата седница на Советот.“, велат од СДСМ.

„Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.

Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи.

За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

Универзална сала е симбол на Скопје, симобл на солидарноста кој е изграден по земјотресот преку донации од десеттици држави. Генерации скопјани израснале со настани во Универзалната сала.

Затоа, ги повикуваме и советниците од сите останати советнички групи да ја поддржат оваа иницијатива, со цел реконструкцијата на Универзална сала да заврши што побрзо и овој објект повторно да им биде вратен на скопјани.
Ние како советничка група продолжуваме да бидеме конструктивна опозиција во Град Скопје која се бори за интересите и потребите на градот и сите негови жители.“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија

Се упокои владиката Тимотеј: Загуба за Македонската православна црква и верниот народ

Published

on

Со голема тага Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниот народ ја примија веста за упокојувањето на Неговото Високопреосвештенство, владиката Тимотеј.

Владиката Тимотеј остави длабока трага во животот на МПЦ-ОА, особено преку својата посветеност и неуморна работа во Дебарско-Кичевската Епархија. Неговото делување беше обележано со духовна сила, мудрост и залагање за развојот на Црквата.

„Утеха за нас верните е сознанието колку тој се вложи во изградбата на МПЦ-ОА и колку придонесе за нејзиниот напредок. Господ да го насели во Царството Негово кај светите и праведниците!“ – се вели во соопштението.

Верниците и Црквата ќе го паметат како духовен пастир кој остави неизбришлив белег во македонското православие. Вечнаја памјат, владико Тимотеј!

Continue Reading

Македонија

Коце Трајановски на терен со тешката машинерија

Published

on

Со забрзано темпо продолжуваат градежните активности на автопатот Кичево – Охрид, еден од најважните инфраструктурни проекти во Македонија. Изградбата на овој автопат е клучна за поврзувањето на западниот дел од земјата и ќе придонесе за економски развој, побезбедно патување и подобра мобилност на граѓаните.

„За нас ова не е само пат, туку мост кон развојот на регионот и подобрување на секојдневието на нашите граѓани. Продолжуваме посветено за Македонија,“ изјави Коце Трајановски, директор на Јавното претпријатие за државни патишта.

Проектот се реализира според планот, а изведувачите вложуваат максимални напори за да се обезбеди квалитетна и навремена изградба. Со ова, Македонија чекори кон посветла инфраструктурна иднина!

Continue Reading

Македонија

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато 

Published

on

Повод за посетата се новите 42 вработувања на воспитувачи и негуватели во оваа јавна установа, 13 по основ на пензионирања односно испразнети работни места, а 29 вработувања за новиот објект „Рилиндја“ кој наскоро ќе биде отворен.

Во обраќањето пред присутните министерот Лимани искажа задоволство што конечно проблемот со кадар во оваа јавна установа е решен.

„Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,“ посочи Лимани.

Тој истакна дека обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди.

Јавната установа Младост е една од најголемите установи во државата за предучилишно образование во однос на капацитетот на деца кои ги згрижува, со отворањето на новиот објект „Рилиндја“, листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато.

Лимани на нововработените воспитувачи и негуватели им посакува успешна и плодна работа.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк