Connect with us

Македонија

Иван Козарев, 122 години од раѓањето – симбол на македонскиот отпор против бугарскиот фашизам во Пиринска Македонија

На денешен ден, на 5 април 1901 година во селото Добриништe, Банско, во Пиринскиот дел на Македонија е роден Македонецот Иван Козарев – Балкан, првиот партизан на Балканскиот полуостров.

ОМО Илинден Пирин во своја статија, објавена на фејсбук, пишува: Во југословенската историја македонските деца учеа дека првата пушка против фашизмот на Балканот пукнала во Србија. Тоа воопшто не е точно. Прв партизан на Балканскиот полуостров е Македонецот Иван Козарев. На 27 јуни 1941 година, само пет дена по германскиот напад на СССР, Добриниште, при обид да го уапсат бугарските фашисти кај Добриниште Иван Козарев убива двајца од нив. Со тоа станува прв борец против фашизмот на Балканот и го означува почетокот на партизанското движење на Балканскиот полуостров. Српското востание против фашизмот почнува 10 дена подоцна, на 7 јули 1941 во Бела Црква, кога Жикица Јовановиќ – Шпанац убива двајца жандарми.

Козарев бил прекален македонски револуционер. Во 1925 год. станува член на ВМРО (Обединета), која се борела за обединета и независна Македонија. Во тој период Пиринска Македонија веќе е окупирана од Бугарија и заради неговите активности Козарев постојано е следен и прогонуван. Повеќе пати е затваран од бугарските власти.Козарев го прогонувале и следбениците на бугарскиот џелат Ванчо Михајлов, затоа морал постојано да се сели и живеел во повеќе градови.

Во 1935 година како резултат на предавство, повторно го затвораат и останува во затвор 3 години, се до 1938 год. Во затворот се запознава со Никола Парапунов, исто така Македонец од Пиринска Македонија, и од тогаш почнува нивната заедничка борба. По излегувањето од затвор Козарев и Парапунов во Пиринска Македонија учествуваат во создавање мрежа на македонско национално-ослободително движење.

По излегувањето од затвор во 1939 година Козарев учествувал на Конференцијата, на која било решено да се создадат канали за поврзување на македонското националноослободително движење на поделена Македонија. Бил борец на првите партизански чети во Пиринскиот крај, а потоа командир на чета на Разлошкиот ПО „Никола Парапунов“. Од 7 февруари 1941 год. Козарев заминува во илегала, а Парапунов во наредниот период ќе стане водач на пиринските партизани. Козарев станува трн во окото на бугарската фашистичка полиција.

На 26 јули 1941 година Иван Козарев и Никола Парапунов во околината на Разлог ја формираат првата партизанска чета во Пиринска Македонија. Козарев го добива партизанското име Балкан. Бил прочуен како добар стрелец и станал познат по својата ладнокрвност и храброст. Неговото име станало симбол на македонскиот отпор против фашизмот во Пиринска Македонија.

По загинувањето на Никола Парапунов во 1943 година, Иван Козарев станува командант на една од четите на одредот кој ќе го носи името на загинатиот Парапунов. Козарев 3 години предводел напади и диверзантски акции против бугарската фашистичка војска и полиција и никогаш не успеале да го фатат.

Ноќта на 31 март спрема 1 април во 1944 година, во близина на родното Добриниште Козарев загинува во неразјаснети околности. Неговиот соборец Александар Пицин не го препознава во мракот кога Козарев се движел кон местото каде што биле собрани партизаните и пука во него, мислејќи дека е непријателски војник. Македонската историја неправедно го има заборавено и запоставено првиот борец против фашизмот на Балканот.

Иван Козарев – Балкан, вечен симбол на македонскиот отпор против фашизмот! Вечна му слава на големиот македонски син! – вели во завршниот дел од својата статија ОМО Илинден Пирин.

Подготвил: Свето Тоевски

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг