На само 5 дена пред склучување на т.н „Охридски Рамковен мировен договор“ се случи ужасна трагедија кај месноста Карпалак во близина на Тетовско.
На денешен ден пред 22 години конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.
При тој напад загинаа 8 војници и двајца офицери, сите резервисти, најмладиот од нив имал само 20 години:
Нане Наумоски († 48) ─ од Прилеп Сашо Китаноски († 39) ─ од Прилеп Бранко Секулоски († 42) ─ од Прилеп Горан Миноски († 29) ─ од Прилеп Марко Деспотоски († 27) ─ од прилепско Новоселани Ердован Шабаноски († 20) ─ од Прилеп Љубе Грујоски († 31) ─ од прилепско Пашино Рувци Дарко Велјаноски († 27) ─ од прилепско Ропотово Веби Рушитоски († 26) ─ од Прилеп Пеце Секулоски († 29) ─ од прилепско Бело Поле
Масакарот во кој загинаа најголем број на војници во историјата на воениот конфликт во 2001 година е обвиен во вел на мистерија. Охридскиот рамковен договор, донесе Албанци во Собрание, институции, квоти, но никогаш не даде одговор против кого АРМ во тоа време војуваше?
Некои тврдат дека тоа се терористички групи, други дека се борци за човекови права, важно е да се знае дека за да се изборите за правата и слободите морало на надгробна плоча да бидат испишани токму имињата на овие 10 луѓе
Најмладиот имал само 20 години живот. Пораката која ја испраќаат сите што се трудат ова борба да ја претстават како „борба за права и слободи“ во суштина стимулираат психологија на орда, во која владее сила, а не правда и во која сите треба да почнеме да убиваме за да издејствуваме правда.
Скоро две децении од настанот никој не даде одговор кој беше втората страна во воениот конфликт, ако првата беше официјална армија на држава која има свој суверенитет? Од каде таа „група на борци за правда“ има толку оружје? Како може изреволтирана група од „обични идеалисти со силен осет за правда“ да се снабди со толкав арсенал на оружје и да дава отпор на цела една армија за да на крај миротворењето да се реши во нивна корист? Кој ќе одговара за тоа што токму цивилно возило кое регуларно се наоѓало на пат кој е надвор од зона за воени дејстивија е погодено и оштетено?
Веројатно се чека 20 години време да го спласне жарот со кој се поставуваат овие прашања или ќе се очекува да ги игнорираме настаните од минатото затоа што е важна иднината и перспективата евроатланска?
Кога сме веќе кај НАТО и чукањето на некои политички партии во гради, за тоа дека НАТО е нашиот најголем успех од осамостојувањето до денеска, во времето кога генералот Панде Петровски му се јавил на амбасадорот на НАТО, како би реагирал господинот Ајф за проширувањето на Диверзантско терористички групи, надвор од договореното, Ајф му одговорил на Петровски кратко со:„Не секирајте се, тоа е мала медиумска пропаганда“.
Да, да, амбасадорот на НАТО имал намера да ве убеди дека 10те загинати припадници на АРМ се убиени со куршумите на „медиумската пропаганда“.
Да потсетиме дека токму еден час пред да се случи масакарот кај Карпалак, во службените документи на АРМ е заведено дека воен авион на КФОР има прелетано над местото каде се случил настанот, а два од нив избегале накај Ново Село и Скопје во моментот кога се случил настанот и не учествувале во сузбивање на военото дејство во кое како што е познато има жртви само од страна на АРМ.
По масакрот кај Карпалак
Во заштитниот средишен бедем на автопатот има поставено метална табла која потсетува на овој настан. Во чест на паданатите жртви, во Прилеп со одлука на локалните власти се преименувани неколку улици кои ги носат имињата на загинатите. Во дворот на касарната Мирче Ацев е подигнато спомен обележје пред кое секоја година се оддава почит на жртвите.
После толку години ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на бранителите кај Карпалак.
Менување на тези и реторика
Ако сега се обидете да ги поставите сите прашања кои се мистериозни околу Карпалак или другите масакри од 2001 година, сите ќе се обвинат дека подгревате меѓуетнички конфликти.
Неправдата за настанот ќе остане забележана само во историјата, бидејќи ниту една државна надлежна институција не покренува истрага за настанот, Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг од конфликтот во 2001 година ги процесираше само Тарчуловски и Љубе Бошковски, Законот за амнестија изгласан од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои беа на власт во 2011 година целосно ја затвора можноста некој од припадниците на вооружените припадници на ОНА (УЧК) да одговара за смрта на 10те припадници на АРМ убиени кај Карпалак и така правдата е успана.
Пресцрт во случајот „Синџир“: „Ѓаволот“ се предаде, затворот заменет со домашен притвор поради загрозена безбедност
Првообвинетиот во мега-аферата за даночно затајување „Синџир“, Љупчо Пецов – познат како Ѓаволот, по долг период во бегство, од вчера е во рацете на правдата, но не зад решетки во Шутка, туку во својот дом.
Во ненадеен пресврт, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) се откажа од барањето за затворски притвор. Наместо тоа, обвинителството предложи, а Кривичниот суд прифати на Пецов да му биде одреден куќен притвор под строг 24-часовен полициски надзор.
„Судијата немаше избор – законот не му дозволува да одреди построга мерка од онаа што ја предлага самиот обвинител,“ појаснуваат од Кривичниот суд.
Обвинителството го оправда ваквиот „попуст“ со неколку клучни причини:
Влошено здравје: Пецов доставил медицинска документација за претходно болничко лекување и препораки за понатамошна терапија.
Безбедносен ризик: Обвинителите процениле дека неговата лична безбедност во истражниот затвор не може да биде гарантирана.
Сериозни влијанија: Постојат индиции за притисоци врз постапката и врз самиот обвинет.
Доброволно предавање: Пецов сам се појавил пред органите на прогонот и веднаш ги предал своите два пасоша.
Овој случај доби филмски пропорции по неодамнешното апсење на неговиот адвокат, поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Стафа „падна“ во полициска заседа под сомнение дека примил поткуп од 50.000 евра (од првично побараните 100.000) за да изврши притисок врз судии во Апелација за укинување на притворот на Пецов. Додека Стафа сега е во затворски притвор, неговиот клиент успеа да издејствува престој дома.
Случајот „Синџир“ е една од најобемните истраги за финансиски криминал во државата. Пецов е првообвинет во група од 26 лица и 28 компании кои, преку шема со фиктивни фактури и лажен ДДВ, се сомничат дека „испумпале“ 8 милиони евра од државниот буџет.
Иако Апелација претходно ја одби неговата милионска гаранција за слобода, неговото доброволно предавање и „кревкото здравје“ ги отворија вратите на неговиот дом, каде под будното око на полицијата ќе го чека продолжението на судскиот процес.
Само 15 од 3.690 автобуси во Македонија се електрични – јавниот транспорт останува далеку од еко-трансформација
Иако македонските патишта се преплавени со автобуси, квантитетот во овој случај не значи и квалитет. Најновите податоци на Евростат откриваат фасцинантен, но загрижувачки парадокс: додека Европа активно оди кон „зелена“ мобилност, македонскиот јавен превоз останува заглавен во облак од дизел чад.
Со 2 автобуси на секои 1.000 жители, Македонија со леснотија го престигнува просекот на Европската Унија (1,6). На хартија, нашата мрежа е погуста од онаа на многу европски метрополи. Сепак, од вкупно 3.690 регистрирани автобуси во 2024 година, дури 97,8% се движат на дизел.
Додека европските градови инвестираат во тивок и чист транспорт, во Македонија само симболични 15 возила (0,4%) се електрични – капка во морето на фосилните горива.
Интересен е податокот дека Македонија го обновува својот возен парк со двојно побрзо темпо од ЕУ. Минатата година биле регистрирани 379 нови автобуси, што претставува стапка на обнова од 10,2% (наспроти европските 5,1%).
Но, ние купуваме нови возила, но купуваме стари технологии. * Во ЕУ: Речиси секој петти нов автобус (17,8%) е со нулта емисија.
Речиси секој нов автобус е повторно – дизел.
Додека автобуската мрежа е натпросечно застапена, кај патничките автомобили сликата е обратна. Со 319 автомобили на 1.000 жители, Македонија сè уште е далеку под европскиот стандард од 578 возила. Ова сугерира дека граѓаните сепак се потпираат на јавниот превоз, што само ја зголемува итноста тој да биде модерен и еколошки.
Западен Балкан како еден: Муцунски јасно за иднината во ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, користејќи ја симболиката на виното како сврзно ткиво на регионот, испрати силна порака до европските партнери. Тој потенцираше дека иако евроинтеграцијата е технички процес, суштината е во регионалната кохезија.
„Ниту една држава не смее да остане изолиран остров. Иако системот е поставен така што не мора сите да влеземе во исто време, нашата крајна цел е таму да бидеме заедно“, дециден е Муцунски.
Тој повлече паралела со македонското грозје, кое често е „тајната состојка“ во регионалните вина, заклучувајќи дека кога работиме заедно, создаваме „вистински европски производ“ со кој сите се гордеат.
Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, внесе нова енергија и емоција во дискусијата. Таа упати критички осврт кон бирократизацијата на процесот, нагласувајќи дека премногу се зборува за политика, а премалку за луѓето и културата кои го дефинираат Балканот.
„Понекогаш сакам да им кажам на земјите од регионот: не мора толку да ни се докажувате. Вие сте дел од нас. Она што го правиме сега е само формализирање на таа реалност“, порача Кос, ветувајќи дека ќе работи на зголемување на видливоста на Балканот меѓу членките на ЕУ.
Комесарката Кос го заврши своето обраќање со необично ветување кое веднаш стана метафора за нејзиниот мандат: по затворањето на преговорите со секоја земја, таа лично ќе го освои нивниот највисок планински врв. За Македонија – тоа е Кораб.