Connect with us

Инфо +

Барди: Албанец сум, но го давам максимумот за Македонија, имаме меѓусебна почит, креираме посебна приказна

Published

on

Многу сме среќни што успешно го минавме мечот со Косово, но, ништо не е говото, пред нас се уште 90 минути, морам да признаам дека и Косово одигра навистина добар меч, чувствувам жалење за момците, но сигурен сум дека наскоро тие ќе се пласираат на Европското првенство. Нам не ни е потребна еуфорија, всушност, не верувам дека тоа постои кај нас, сите фудбалери доволно добро се внимателни за значењето на мечот со Грузија“ вели Барди во интервјуто, а потоа посочи дека иако е Албанец, го дава максимумот за Македонија, а во тимот има голема меѓусебна почит, заклучувајќи дека креираат приказна која досега никој не успеал докрај да ја реализира.

Пресметката со Косово беше посебна, по мечот слушнав позитивни, но и негативни коментари, секој фудбалер треба да го даде максимумот за тимот во кој што настапува. Јас сум Албанец и никој не ми го негира тој факт, но, го давам максимумот за Македонија за професионалниот прогрес, никогаш не сме имале никакви проблеми во тимот, имаме меѓусебна почит, а на теренот сите го даваме максимумот, како тим, ние можеме да креираме една посебна приказна која досега никој не успеал да ја направи“ вели Барди.

Запрашан за актуелната ситуација во однос на неговиот договор со Леванте кој истекува во 2022. година, Барди вели дека во тој клуб се чувствува како во свој дом, не планира да си замине.

Македонија

Паднаа повеќе дилери: Серија на апсења во Скопје и Струмица

Published

on

Полициските служби продолжуваат со засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во текот на 2 јануари, во рамки на неколку полициски акции, беа извршени апсења на лица кај кои беше пронајдена марихуана.

  • Во 16:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го лиши од слобода О.Р. (41) од Скопје. Кај него беше пронајдена марихуана, која беше одземена.
  • Во 14:10 часот, во Карпош, беше уапсен С.Ш. (28) од село Крушопек, скопско, со пронајдена марихуана.
  • Во 21:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, беше приведен С.С. (22) од Кочани, кај кого исто така беше најдена марихуана.
  • Во 15:00 часот, во општина Аеродром, полицијата го уапси И.С. (39) од Скопје, кај кого беше пронајдена дрога.
  • Во 23:45 часот, на подрачјето на Чаир, беше уапсен А.Љ. (25) од Скопје, со пронајдена марихуана.

Сите приведени лица ќе се соочат со соодветни поднесоци по целосното документирање на случаите.

Во друга акција, во Струмица, во 13:00 часот, полициските службеници од СВР Струмица извршија претрес во домот на З.Р. (52) од Струмица, со судска наредба. Притоа, беше пронајдена марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Автомобил заврши во жардиниера во Скопје

Published

on

-На 02.01.2025 година околу 18,20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул. „23-ти Октомври“ со бул.  „Јане Сандански“ во Скопје сe случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.М.(23) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.И.(19) од Велес. Во незгодата со телесни повреди се здобила М.И. и сопатникот во возилото „голф“ Б.А.(23) од Велес, како и Х.М. и сопатник во возилото „сеат“, Д.Ј.(34) од Скопје констатирани во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Пензионери, фатени со 200 куршуми во „Голф“

Published

on

Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци вчера добиле кривични пријави откако претходно биле фатени со 195 куршуми со калибар од 9 милиметри во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк