Connect with us

Европа

Унгарија остро го крева данокот на краткорочниот наем

Published

on

Унгарија планира речиси четирикратно да го зголеми данокот на краткорочниот наем на станови во Будимпешта за да се избори со станбената криза во својата престолнина.

Според нацрт законот, месечниот данок на краткорочниот наем на станови ќе изнесува до 150.000 форинти, односно околу 373 евра, што претставува значителен пораст во однос на досегашните 38.400 форинти, пренесува Блумберг.

Покрај тоа, унгарската влада нема да издава нови дозволи за краткорочен наем на станбени единици во Будимпешта во 2025 и 2026 година, се наведува во нацрт законот.

Жителите на шестиот градски округ на Будимпешта, една од најпопуларните туристички дестинации, минатиот месец ја подржаа целосната забрана на краткорочниот наем почнувајќи од 2026.

Тие со години се жалат на бучавата, големото количество ѓубре и поскапувањето на кириите поради растот на туризмот.

Трошоците за живеење во Будимпешта во изминатите десет години пораснале за речиси четири пати, делумно и поради развојот на платформите за изнајмување како Букинг и Ербиенби.

Европа

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани

Published

on

Германија планира да го реши недостигот на квалификувана работна сила со масовно ангажирање работници од Индија, објави оваа недела во Берлин германскиот министер за труд Хубертус Хајл.

За таа цел, рече тој, компанијата ќе преземе повеќе од 30 мерки за отстранување на бирократските пречки во однос на издавањето дозволи.

Хејл предупреди дека Германија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, а овие тесни грла го кочат растот и напредокот на земјата. Министерот стравува дека ситуацијата ќе се влоши со стареењето на општеството без имиграција, објави германската новинска агенција dpa.

– Во Индија ситуацијата е токму спротивна – рече тој и објасни дека тамошниот пазар на труд тешко ги апсорбира дури и високообразованите луѓе. Според него, милион луѓе се приклучуваат на пазарот на труд во Индија секој месец, па индиските власти ја поттикнуваат миграцијата.

– Во оваа светлина, Германија ја гледа Индија како особено важен партнер – нагласи Хејл.

Како што најави, германското Министерство за надворешни работи до крајот на годинава ќе го дигитализира издавањето визи за Индија, а нешто подоцна и за другите земји. Со ова сакаат да го забрзаат вработувањето на странци во Германија.

Планираат и поширока промоција на германскиот јазик, а воедно и подобра помош за Индијците кои веќе се во Германија да најдат работа.

Според Хејл, Германија ќе ја претстави својата индиска стратегија за вработување за време на посетата на германските претставници на Индија следната недела.

Continue Reading

Европа

Првиот брод со имигранти од Италија плови кон Албанија

Published

on

Бродот „Либра“ на италијанската морнарица отпловил од Лампедуза и плови кон Албанија за да ја донесе првата група имигранти во прифатниот центар во пристанишниот град Шенѓин, по што ќе бидат сместени во кампот во Ѓадр.

Според протоколот потпишан од премиерката Џорџа Мелони со нејзиниот албански колега Еди Рама, барателот на азил во рок од четири недели ќе добие одговор: доколку одговорот е позитивен, ќе биде префрлен во прифатниот центар во Италија. Во спротивно тие ќе бидат вратени во земјата на потекло.

Комисијата формирана од Префектурата на Рим ќе ги испита барањата, интервјуата ќе се одвиваат преку видео врска помеѓу Италија и Албанија.

Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси минатата недела рече дека центрите „се слични на оние во Италија“ со режим на „лесен притвор“.

Continue Reading

Европа

Протести во Шпанија: Домувањето е право, а не бизнис

Published

on

Под слоганот „Домувањето е право, а не бизнис“, илјадници луѓе се собраа во неделата на улиците на Мадрид за да го изразат своето незадоволство од високите цени за изнајмување на становите, јавуваат агенциите.

Ситуацијата доведе до тоа шпанските граѓани да изразат бес поради тоа што не можат да живеат во своите градови. Бланка Прието, 33-годишна медицинска сестра, истакна дека тие се принудени да ги напуштат градовите и ја повика владата да ги регулира цените и пазарот на недвижности.

Плановите на шпанската влада

Во јули оваа година, шпанската влада ги објави плановите за сузбивање на краткорочните и сезонските изнајмувања и истрагата за огласите на платформите како Airbnb и Booking.com за да потврди дека ги имаат потребните лиценци.

Незадоволството ќе се прошири

Шпанските власти се соочуваат со предизвикот како да ја координираат промоцијата на туризмот, клучен двигател на домашната економија, со решавање на проблемот со високите кирии кои се последица на пренасочувањето на сопствениците на имотот кон попрофитабилно туристичко сместување.

Протести во Барселона

Во Барселона имаше посебен протест против одржувањето на едриличарската трка на Купот на Америка, каде што демонстрантите го обвинија меѓународниот спортски настан за зголемување на цените за изнајмување и носење уште повеќе туристи во и онака пренаселениот град.

Незадоволство на жителите на Канарските острови и Малага

На почетокот на оваа година, жителите на Канарските Острови и Малага исто така организираа протести, изразувајќи незадоволство од зголемената преориентација на сопствениците на имотот кон туристичко сместување. Ова доведе до потешкотии за сезонските работници во туристичката индустрија да најдат соодветно домување, принудувајќи ги да спијат во камп приколки или дури и автомобили.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк