Connect with us

Македонија

Општина Велес бара помош од Владата за спас на езерото Младост

Published

on

Локалната власт на Велес бара помош од Владата за спас на езерото Младост. Таа се јавува како институција која ќе ги координира работите за санација на акумулацијата. Испратено е писмо до Владата која пак, ги препратила да се обратат до Министерството за животна средина.

Локалната власт се обидела на неколку локации околу акумулацијата, да се обезбеди свежа вода, но обидите биле неуспешни, вода нема. Анализите покажале дека единствено вода може да се обезбеди од Отовичка Река. Затоа Општина Велес, ќе преземе механичко чистење на коритото на реката. Потребни се и пари за чистење на вентилите на браната од езерото, за да може да се испушти дел од водата во акумулацијата, таа што е на дното и каде има загадување.

Велешкото езеро е во „алерт 2“ состојба, поради тоа што има присуство на цијано-бактерии, открија анализите на Хидробилошкиот завод од Охрид. Овие вредности не можеа да го откријат ниту Центарот за јавно здравје ниту лабораторијата Фуд- лаб, кои го следат квалитетот на водите од езерото, бидејќи немале можност за такви анализи. Потребно е да се знае дали има присуство на цијано-токсини и евентуалната нивна концентрација.

Македонија

Заменик-претседателот на владата, Изет Меџити: Писмото на Ахмети, празни муабети!

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, за време на инспекцијата на градежните работи за изградба на коридорот 8, беше прашан за писмото што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му го испратил на премиерот Христијан Мицкоски.

Тој рече дека денеска не се собрале за писма и празни муабети, туку се тука за конкретна работа.

„Денеска тука не сме за писма и ниту за празни муабети што ги слушавме во минатото, ниту за играње фудбал, туку сме тука за конкретни работи, односно за коридорот 8 и сум среќен што динамиката за реализација е со полн интензитет за реализирање на овој значаен проект за државата,“ рече Меџити.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Коридорот 8 е приоритет за економскиот развој на земјата

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, изјави дека Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, а особено за економскиот развој.

„Изразувам лично задоволство што ги гледаме првите работи што се појавија на површина и со тоа се затвора темата за Коридорот 8 како политичка тема. Коридорот 8 е приоритет над приоритетите за развојот на земјата, за економскиот развој, каде што немам никакви дилеми дека со Бехтел и Енка ќе бидеме сведоци во следните недели и месеци за реализацијата на проектот“, изјави Меџити.

Во текот на денешниот ден, Меџити заедно со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и амбасадорката на САД, Ангела Агелер, го промовираа почетокот на владините активности за реализација на Коридорот 8.

Continue Reading

Македонија

Жители на Кочани го блокираа патот кон комуналната депонија кај селото Бели

Published

on

Жители на Кочани разно изутрината излегоа на целодневен протест и го блокираа патот кон Пониква на Осоговските Планини, кој води и кон комуналната депонија во близина на селото Бели. На тој начин го изразуваат незадоволството од нерешавањето на проблемот со горењето на отпадот на депонијата, испуштањето густ чад и енормното загадување на воздухот што се чувствува и во градот.

На блокадата кај крстосницата кон селото Бели присутните рекоа дека се работи за спонтан собир на кој нема да му дозволат на ниту едно комунално возило за транспорт на отпадот, и од Кочани и од соседните општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, да помине кон депонијата.

-Досега имаше многу зборување, преупредување, пишување за овој проблем без никаков ефект, а овде не се работи за иднината, туку за сегашноста на нас и нашите деца. Тоа што вчера почнаа да расчистуваат на депонијата е маскирање на целата ситуација, затоа што и досега имаше такви обиди, ама беа краткотрајни. Треба да се преиспита одлуката овде да се носи отпадот и од соседните општини, а ако веќе оваа депонија е колективна за сите, не треба да се дозволува ова што сега се случува, истакна Стојан Глувчевски, учесник на протестот.

Жителите на селото Бели бараат да се најде трајно решение со дислоцирање или целосно затворање на депонијата, за да се спречи не само загадувањето на воздухот, туку и деградирањето на лозјата и другото земјоделско земјиште во нејзината околина.

-Одговорните во општината, коишто сите ние ги плаќаме, не го решаваат проблемот со депонијата, а сега ние блокираме и нека повелат да видат. Градот и онака е солидно затрупан со ѓубре што не се чисти, па за извесен период ќе го издржиме и ова неизнесување на отпадот поради блокадата, истакна Благица Сабовљевиќ Стоименова, учесничка на протестот.

Граѓаните кои протестираат утрово имале средба и со раководните луѓе во комуналното претпријатие „Водовод“ кои ги информирале дека од вчера е ангажирана механизација која работи на затрупување на отпадот. Исто така, на влезот на депонијата е одредено 24-часовно дежурство со вработени во претпријатието кои ќе го контролираат влегувањето на неовластени лица, за да се спречи намерното потпалување на ѓубриштето.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк