Connect with us

Македонија

ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ГРАДИ „ПАМП ТРАК“ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАРК

Published

on

Општина Битола започна со изградбата на новиот „Памп Трак” полигон за велосипеди, кој ќе се наоѓа во Градскиот парк, во близина на „Ќумурното“ игралиште. Полигонот ќе биде изведен на површина од 900 м² и ќе понуди адреналинска патека која вклучува нагорнини и надолнини, околу кои возачите ќе можат да возат велосипеди, скејтборди, ролери и други спортски реквизити.

Целта на оваа патека е да обезбеди забавни и безбедни услови за возење, нудејќи различни начини на забавен и контролиран спорт. Секој кој ја сака активната рекреација и возењето на отворено ќе има можност да ужива во оваа нова содржина.

Проектот го реализира фирмата ДТУ Јумак ДООЕЛ од Скопје, а вкупната вредност на набавката изнесува 5.216.343 денари со вклучен ДДВ. Средствата се целосно обезбедени од буџетот на Општина Битола.

Со овој проект, покрај велосипедските патеки кои се веќе во изградба, Битола ќе добие уште една атрактивна спортска и рекреативна содржина која ќе ги задоволи потребите на љубителите на велосипедизмот и активниот начин на живот.

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Соработката со Чешка отвора нови можности за Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.

Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:

Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.

Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.

Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.

„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.

Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.

Continue Reading

Македонија

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение

Published

on

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.

Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.

Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк