Connect with us

Македонија

СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени

Published

on

СВР Велес попладнево излезе со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени, на патот од Кавадарци за Росоман, кај росоманското село Рибарци.

– Денеска во ОВР Кавадарци било пријавено дека околу 8.45 часот во близина на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа помеѓу„сеат“ со управувано од 18-годишната В.З. од Градско и товарно возило „опел“ управувано од Б.Ј.(46) од Велес, појаснија од СВР Велес.

Македонија

Над 1.000 затвореници учествуваа во гаснењето на пожарите во Калифорнија

Published

on

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле во текот на ноќта за да го изгаснат пожарот, соопшти Калифорниското одделение за поправки и рехабилитација.

Затворениците се вклучиле во волонтерската програма за заштита и гаснење пожари, која соработува со противпожарната служба во Калифорнија, пишува НБЦ Њуз.

Пожарите предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија, оставајќи повеќе од 70.000 корисници на електрична енергија без струја.

Continue Reading

Македонија

По четври пат одложено судењето за тетовската модуларна болница

Published

on

По четврти пат се одложи повтореното судење по пожарот во тетовската модуларна болница откако такво решение донесе Апелацискиот суд Гостивар по јавната седница во април 2024 година, а по првичната пресуда од 5 јуни 2023 година. Како и на 5 ноември 2024 и денес рочиштето се одложи поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување. Судијката која го заменуваше го закажа почетокот на судењето за 18 март 2025 година во 10 часот.

Првиот обид за повтореното судење беше на 26 јуни 2024 година, па се одложи за 25 септември кога исто така не се одржи јавна расправа.

Апелацискиот суд во април 2024 година донесе решение со кое наложи да има повторно судење за поранешните директори на тетовската болница Флорин Бесими и Артан Етеми, како и Јавната здравствена установа Клиничка болница Тетово како правен субјект. За докторот Бобан Вучевски, Апелацискиот суд во април 2024 година ја одби жалбата на Обвинителството и ја потврди првостепената ослободителна пресуда за него.

На 5 јуни 2023 година Основен суд Тетово одреди условна осуда за обвинетите директори Флорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“ во судскиот процес по пожарот во модуларната болница во Тетово во 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе. Судот тогаш одлучи да има ослободителна пресуда за докторот Бобан Вучевски и Клиничка болница за делото „непостапување по здравствени прописи“.

Според пресудата, на обвинетите Флорин Бесими и Артан Етеми им беше утврдена казна затвор од по една година и шест месеци, условна осуда и утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетите секој за себе во време од по три години не сторат ново кривично дело. Правно лице требаше да плати парична казна во висина од еден милион денари, 30 дена по правосилност на пресудата.

Првиот судски процес се водеше откако на 8 септември 2021 година 14 луѓе ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во рамки на Клиничка болница Тетово.

Continue Reading

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк