Connect with us

Македонија

КЛУЧ ЗА ДВА ОБРАЗОВНИ ИНСТИТУТА Универзитетите под лупа на инспекциски надзори, МОН утврди повеќе неправилности

Published

on

Дозволете да ги затвориме и транспарентно ќе објавиме. Во овој момент, најверојатно, продолжува и за уште три, но треба да заврши и ќе имаме информација, изјави министерката Јаневска.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Во изјава за медиумите денеска таа посочи дека неправилности нема само на универзитети, туку и на институти и дека „комплетно е завршен процесот на затворање на два института“, но не откри за кои институти се работи.

На новинарско прашање дали инспекции има и на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговори дека и таму имало една контрола од која се чека извештајот, нагласувајќи дека сите универзитети, без исклучок, ќе го поминат процесот. Секаде каде што ќе бидат завршени процесите, истакна Јаневска, јавно и транспарентно ќе бидат објавени резултатите.

Во интервју за Радио Слободна Европа во неделата министерката посочи дека се утврдени неправилности на универзитетите во Тетово, Охрид и Струга.

На Државниот универзитет Тетово, како што рече, е утврдено нелегален избор на двајца наставници и дека таму инспекцискиот надзор сè уште трае.

– Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки. Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи….Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два – рече Јаневска.

На прашањето дали ќе се затворат универзитети, министерката во интервјуто одговори дека тоа во овој момент не може да го тврди, но инспекцискиот надзор, како што рече, „ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“.

Македонија

Сања Божиновска: Тимот на Министерството постигна одличен успех во распределбата на ваучери

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го пофали својот тим за брзата и ефикасна распределба на ваучери во Скопје. Според Божиновска, и покрај утринските гужви, министерството успеало да додели над 1400 ваучери до 16 часот, со што значително се намалиле редиците и времето на чекање на локациите.

„Од утринска гужва до брза реализација! Тимот на Министерството направи неверојатна работа! Сега на локациите нема повеќе чекање!“, изјави министерката.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Артан Груби и неговите соработници ја инсталираа коцкарската мафија во Македонија

Published

on

Изет Меџити, критичар на актуелните политики и потезите на владата, остро реагираше на последните настани поврзани со коцкарската индустрија и влијанието на политичките фигури врз оваа област. Во својата реакција, Меџити посочи кон Артан Груби, кој според него, заедно со своите соработници, е длабоко инволвиран во коцкарската мафија, потпомогната од бугарски и српски интереси.

Меџити тврди дека Груби и неговиот соработник Крешник Бектеши неодамна изнеле неточни обвинувања со цел да ги сокријат нивните активности во коцкарската индустрија. Тој ја обвини владата дека, наместо да се бори против оваа појава, го зајакнала присуството на мафијата во Македонија.

„Еве го договорот меѓу Државната лотарија и компанијата Мегавин, каде што стои потписот на Прпарим Бајрами, директен партнер на бугарските криминални структури“, изјави Меџити, потенцирајќи дека токму Бајрами, човек близок до Груби, воспоставил коцкарско партнерство со бугарски компании.

Меџити нагласи дека коцкањето, како проблем што ги погодува младите, е сериозно прашање кое бара морална одговорност, а, како што тврди тој, одговорноста лежи кај функционерите на ДУИ кои, и покрај менувањето на владите, постојано се на власт.

„Од 2017 до 2024 година, различни партии владееја, но ДУИ беше константна. Исто така, ДУИ е таа што го зајакна коцкањето во нашето општество, за што треба да одговараат“, порача Меџити.

Continue Reading

Македонија

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ПОМЕЃУ ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС “БЛИС” И “ЛИДЛ”

Published

on

Денес започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“, која се изведува согласно склучениот договор за “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола”.

Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек, а согласно одобрението сообраќаен проект за траен режим за улицата “ 8 ми септември”.
Изведувач на градежните работи е фирмата Стентон Градба, а вредноста е во висина од 18.897.776,00 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк