Битола го менува својот изглед во модерен, топол, гостопримлив и развиен град, истакна градоначалникот Тони Коњановски по повод 80 години од ослободувањето на градот. Со нови инвестиции во патишта, училишта, детски градинки, енергетска ефикасност и културни проекти, Битола станува привлечна за инвестиции и нуди подобар квалитет на живот за своите граѓани.
Ја започнавме изградбата на влезот во Битола од Прилеп, со кој градот ќе добие влез каков што доликува
Изградивме нова улица кај новоотворениот трговски центар БЛИС
Изградбата на нова противпожарна зграда е во полн ек
Изградивме и реконструираме патна и подземна инфраструктура во должина од над 18 километри, со што ги подобруваме условите во урбаниот и руралниот дел на градот. Направивме нови паркинзи, хуманитарни паркинг простори, реконструирани се спортските игралишта во ОУ „Елпида Караманди“ и Брусничка населба и други инфраструктурни проекти за кои најмногу сакам да Ви се заблагодарам Вас почитувани граѓани за дадените предлози за време на буџетските форуми, но и за вашето трпение во оваа интензивна градежна офанзива на општината, во која работиме на многу локации, со цел колку е можно повеќе да ги подобриме условите во општината и да реализираме повеќе проекти. Се грижиме за обезбедување на доволно згрижувачки капацитети за најмладите преку:
Интензивираната изградба на новата детска градинка во АРМ во партнерство со Кромберг и Шуберт, која е во напредна фаза
адаптацијата на новата детска градинка во Домот за доенчиња и мали деца,
Продолжување на изградбата на новата детска градинка кај основното училиште „Свети Климент Охридски“ со поддршка од ресорното министерство. Рекреативниот и туристичкиот потенцијал на Битола, исто така мора да биде ставен во функција, затоа:
Започнавме со изградба на велосипедски патеки во должина над 5 километри со што конечно ја реализираме идејата „Битола вело град“
Со поддршка на ПСК Пелистер го возообновуваме опожарениот планинарски дом „Копанки“ и веќе со радост и гордост можеме да кажеме дека таму новиот објект е во напредна фаза и ќе се заложиме ова култно место за битолчани конечно повторно да ги отвори вратите за граѓаните
Уреден е Новиот парк во Нова Битола и поставена е урбана опрема и спортски реквизити
Изградена е пешачка патека на потегот Тумбе кафе – Смолево, омиленото место за рекреација на битолчани
По примерот на светските метрополи, осветлени се сите значајни архитектонски градби со што блесна најпознатата и најамбиентална улица во Битола, Широк Сокак, каде е поставена и нова урбана опрема. Ги решаваме проблемите и градиме спортска инфраструктура
Во соработка со ФФМ го подготвивме стадионот „Петар Милошевски“ за ноќни натпревари и таму се одигра првиот натпревар под рефлектори
Реализирани се и повеќе проекти за подобрување на условите во основните и средните училишта во градот, проекти за поддршка на младите, учениците, студентите. После многу напори и долги процедури, отворено е прифатилиштето за бездомни животни „Хачико“, како системски пристап во справувањето со проблемот со уличните кучиња.
Во делот на енергетската ефикасност, покрај спроведените субвенционирања, до крајот на годината, 10 училишта во Битола ќе добијат фотоволтаици, во процедура е подготвување на комплетна проектна документација за енергетска ефикасност на 3 училишта и една градинка, а преку 16-те проекти од Владата, основното училиште Стив Нумов, ќе добие нова енергетски ефикасна фасада.
Започнавме со засадување на 1500 различни видови садници, на 10 локации во градот, преку проектот EU4CleanAir. И од овој проект очекуваме дополнителни бенефити околку грејните инсталации на неколку јавни објекти.
Општина Битола е лидер во транспарентност и отвореност во државата според анализите на повеќе организации, за што континуирано сме насочени кон подобрување на услугите за граѓаните преку постепено воведување на електронски услуги и зголемување на ефективноста и ефикасноста на работата на локалната самоуправа. Ова се дел од проектите на кои работевме изминатата една година. За 16 нови проекти веќе добивме владина поддршка во висина од 230 000 000 денари, а подготвуваме и проектна документација за реконструкција на девет спортски игралишта и изградба на две спортски сали во општина Битола. Со голема посветеност најавуваме уште една интензивна градежна сезона идната година. На ваков начин, со достојна почит кон делото на нашите предци кои се бореле за слободна Битола, денес ја продолжуваме нашата интелектуална борба за поубава и уредена Битола во која преку соживот и соработка, ќе ја градиме иднината на младите генерации. Да останеме цврсти во нашата посветеност на принципите на слобода, правда за сите, почитување на човечкото достоинство и изградба на вистински вредности. Ви благодариме на сите Вас, што ни се придруживте денес додека го славиме нашето минато и активно работиме за светла иднина. Нека ни е честит големиот јубилеј – 80 години слободна Битола“, рече во своето обраќање градоначалникот Коњановски.
Еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, одржа средба со градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, на која беа разгледани клучните проекти за развој на инфраструктурата во општината.
Меџити истакна дека развојот на инфраструктурата е клучен за подобрување на животниот стандард и креирање на одржливи општества. „Проектите кои ги реализираме во Гостивар, како и во другите општини, не се краткорочни решенија, туку долгорочни стратегии за подобрување на животниот квалитет,“ изјави Меџити.
Еден од клучните проекти е изградбата на фекален колектор и канализација за Урбан блок 21 во Гостивар, за кој се обезбедени повеќе од 87 милиони денари во 2024 година. По потреба за пресекување на канализациона линија со железничка пруга и пат, обезбедени се дополнителни 35 милиони денари за завршување на проектот.
Општина Гостивар е вклучена и во проектите финансирани од Европската инвестициска банка. Во 2025 година ќе започне изградбата на резервоар за с. Чегране и нова водоводна линија, како и проект за селекција на отпад и набавка на камиони за транспорт на отпад. „Со овој проект ќе се набават 3.300 канти од 120 литри и 210 контејнери, како и 11 камиони за транспорт на отпад,“ изјави Меџити.
Во рамките на програмата за капитални дотации, за 2024 година општината ќе добие над 161 милиони денари за реконструкција на улици и подобрување на патната инфраструктура, вклучувајќи важни проекти како: • Реконструкција на Булеварот Браќа Ѓиновски од влезна Гостивар до зграда на судот со 64 милиони денари • Изградба на шеталиште на ул. Борче Јовановски со 23 милиони денари • Реконструкција на главна улица во село Здуње со 10 милиони денари • Реконструкција на улица 13 со 4 милиони денари • Реконструкција на улица од гимназија до село Долна Бањица со 22 милиони денари • Реконструкција на улица во село Балин Дол со 3 милиони денари • Реконструкција на дел од улица Борче Јованоски од ФЗО до Кеј Вардар со 3 милиони денари • Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од зграда на Судот до Медицинското училиште со 3 милиони денари • Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова од Автобуската станица до ул. Беличица со 4 милиони денари • Реконструкција на ул. Мара Угринова околу Автобуската станица со 5 милиони денари • Реконструкција на дел од ул. Мара Угринова паралелно со железничка пруга со 5 милиони денари • Реконструкција на дел од ул. Младен Симоноски до ул. Панче Попоски со 6 милиони денари • Реконструкција на дел од ул. Никола Тесла од Гимназија до населба Дутлок со 7 милиони денари. „Со овие инвестиции во Гостивар и во сите општини низ земјата, поставуваме темели за одржлив развој кој ќе донесе користи за идните генерации,“ додаде Меџити.
Исто така, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, ја изрази својата чест и задоволство што го пречека првиот заменик-премиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, за да дискутираат за тековните и идните проекти што ќе се реализираат со поддршка на Владата во 2025 година.
„Верувам дека оваа соработка ќе биде многу плодна како за Општина Гостивар, така и за граѓаните. Со овие инфраструктурни проекти што ги спомена заменик-премиерот, животот на граѓаните во Гостивар значително ќе се промени, нудејќи повисок квалитет,“ изјави Валбон Лимани.
Кавадарчанец денеска бил приведен, по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Во два часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата, појаснуваат од СВР – Велес.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител. Како што додаваат од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека постапиле по пријавата за помош на лице во с. Полаки (планинско село од разбиен тип) во маало Бабиште.
Контактирани се ЛС Кочани, Црвен крст Кочани, ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.
-Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во с. Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. Истовремено, има ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани) па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација, информираат од ЦУК.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.