Connect with us

Македонија

ДУИ за законот за јазици: 11-ти декември е денот кога ќе се смени сѐ

Published

on

Непредвидиливи последици по мирот и безбедноста во земјата најавува ДУИ за идната среда кога е закажана седницата на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците. За партијата на Ахмети 11 декември  е денот што може да промени сè. Ја повикуваат меѓународната заедница да го спречела овој чин.

„Албанците и сите заедници кои веруваат во правда и еднаквост не можат да молчат пред оваа закана. Ова не е момент за останување индиферентен. Ова е момент за избор на вистинската страна на историјата. Ќе направиме сè за да го заштитиме мирот и стабилноста, но одговорноста за последиците ќе биде на оние кои избраа да го предизвикаат и да ја загрозат иднината на земјата!“, се заканија Интегративците во соопштение.

Но ваквите најави од ДУИ засега не предизвикуваат загриежноста кај Уставнииот суд. Остануваат на ставот дека седницата ќе се одржи. 

„Судот нема да коментира ничии ставови. Седницата на која ќе се дискутира за Законот за употреба на јазиците е закажана за 11 декември“.

Од таму официјално не ги коментираат ни најавите на тројцата судии од немнозинската заедница дека нема да присуствуваат на седницата. Сепак, неофицијалните информации се дека тоа нема да влијае на работата на Судот. Заклучокот на Судот за специфични прашања да се одлучува во полн состав не се однесува на присуство на сите судии, туку на тоа на тоа да има 9 избрани уставни судии, а не како минатата година кога Судот работеше само со петмина, објаснуваат извори на телевизијата Сител од Уставен суд.

Премиерот Христијан Мицкоски вели нема опасноста за безбедноста на државата, дестабилиазација нема да се дозволи. И собранискиот спикер Гаши на оваа линија.

Иако тврди дека најавите на ДУИ се обид да се избегне одговорност, сепак вицепремирот Меџити ја доведува во прашање легитимноста на Судот без гласовите на судиите Албанци,

Предметот за Законот за јазиците  е оформен од 13 инцијативи од различни граѓани, партии и здруженија во 2019 година. Во суштина оспорен е целиот закон. Уставниот суд го активираше предмето по забелешките на Венецијанската комисија.

Македонија

„ВРЕДИ“ со осуда за провокацијата на бугарскиот политичар Костадинов

Published

on

Вреди“ ги осуди изјавите на бугарскиот политичар Костадин Костадинов  кој вчера кажа дека Македонија треба да се припои на Бугарија.  Според нив, тој е маргинален проруски политичар во Бугарија. 

„Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од владејачката коалиција.

Владејачката коалиција „Вреди“ утрово ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој рече дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.Велат дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Бугарија се обврзала да биде партнер, промотор и поддржувач на земјава на патот кон членство во ЕУ.

За изјавата на Костадинов вчера реагираа и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и повикаа официјална Софија да ја отфрли како непримерна.

Continue Reading

Македонија

Македонија загуби врвна докторка-На 62 години почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист.

Published

on

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.
Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година. 

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

Continue Reading

Македонија

Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки

Published

on

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.

Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк