Connect with us

Македонија

Мицкоски: Обидите на ДУИ за етничка поделба ќе бидат поразени, криминалот на поранешни функционери ќе биде откриен

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски на денешна прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање изјави дека обидите за етнички поделби ги прави изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомневања за сторен огромен криминал што набргу ќе почне да се обелоденува.

Премиерот рече дека единствената тема со која ДУИ се присутни во јавноста е да направат поделба на етничка основа и да ги третираат етничките прашања, затоа што на друг начин не можат да привлечат внимание.

„Пробаа со зелената агенда, видовте како завршија и се вратија сега во опозиција на единствената тема што за нив можеби носи реултат. Се обидуваат да ги поделат граѓаните и тоа јасно се виде кога од страна на коалицијата ‘Вреди’ беа покажани фотографии од високи претставници на ДУИ во друштво на насилниците кои го палеа државното знаме, што се потврдува и од информациите на МВР“, рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека и ДУИ знаат дека 20 години самите поставувале судии, а во среда на седницата на Уставен нема да се случи ништо.

„Потоа ДУИ ќе излезат во јавност и ќе речат: ‘Ние правевме притисоци и затоа ништо не се случи’. Повторно ги злоупотребуваат Албанците со обид за поделба“, рече Мицкоски додавајќи дека власта ги предвидува нивните чекори, точно знае со кои групи комуницираат, а запознаени се и стратешките партнери.

Премиерот упати порака до сите граѓани – Македонци и Албанци, да бидат спокојни, најавувајќи дека ќе дознаат наскоро што се крие зад хајката на овие, како што ги нарече, политички профитери. Мицкоски очекува ДУИ да продолжат со политички маневри по етнички прашања и во иднина, но уверен е дека ќе бидат поразени.

Македонија

„ВРЕДИ“ со осуда за провокацијата на бугарскиот политичар Костадинов

Published

on

Вреди“ ги осуди изјавите на бугарскиот политичар Костадин Костадинов  кој вчера кажа дека Македонија треба да се припои на Бугарија.  Според нив, тој е маргинален проруски политичар во Бугарија. 

„Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од владејачката коалиција.

Владејачката коалиција „Вреди“ утрово ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој рече дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.Велат дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Бугарија се обврзала да биде партнер, промотор и поддржувач на земјава на патот кон членство во ЕУ.

За изјавата на Костадинов вчера реагираа и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и повикаа официјална Софија да ја отфрли како непримерна.

Continue Reading

Македонија

Македонија загуби врвна докторка-На 62 години почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист.

Published

on

На 62 години, вчера, почина др Лилјана Пренџова специјалист интернист, гастроентерохепатолог, лекарка со долгогодишен работен стаж во јавното и во приватното здравство како и прва со специјализација за гастроскопија и ентероскопија како во велешката болница така и во приватна амбуланта во Велес и во Македонија, објави локалниот портал duma.mk.
Др Пренџова е родена на 2 април 1962 година во Велес. По гимназиското образование во родниот град таа се запишува на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ чиј дипломец е во генерацијата 1986/87 година. 

Работниот век на др Пренџова започнува во Итна помош на тогашниот Здравствен дом во Велес. По едногодишна работа, поради потребата од лекари специјалисти на Интерно одделение во велешката Општа болница, примена е на работа на ова одделение, со определба за специјализација на интернистичката гранка гастрентерохепатологија.

Др Пренџова заедно со уште три тогаш млади лекарки ја добива специјализацијата во 1993 година и за четири години, поточно во декември 1997 година, ја завршува со што таа е првиот интернист со ваква специјалност во Велес додека пациентите добиваат можност за дијагностика и лекување на болести на органите од системот за варење на храната како што се хранопроводник, желудник, црева, црн дроб и панкреас. Др Пренџова е првата специјалистка која во родниот град ги прави прегледите гастроскопија и колоноскопија.

Continue Reading

Македонија

Во водите на Вардар кај Зелениково пронајдено тело на женско лице заглавено во гранки

Published

on

Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во водите на реката Вардар во с.Таор, општина Зелениково, покрај стариот пат кон с.Пакошево, општина Зелениково, било пронајдено тело на починато женско лице, кое било заглавено во гранки.

Од екипа на Одделот за специјални полициски операции при МВР, телото било извадено, а по наредба на јавен обвинител било дадено на обдукција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк