Connect with us

Македонија

БОКИ 13 И ЛАЗАРОВ НА ДИВО ОРГАНИЗИРААТ НАГРАДНА ИГРА Министерството за финасии најавува контрола

Published

on

Инфлуенсерот Стефан Лазаров и  Бојан Јовановски познат како Боки 13 организираат наградна игра во која се доделуваа стан во Скопје, но немаат дозвола за тоа. Оттаму во понеделник надзорните органи при Министерството за финансии ќе извршат соодветни контроли и во случај на неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законот. Задутре министерството за финансии ќе изврши контрола на Стефан Лазаров и Бојан Јовановски познат како Боки 13, објави Канал5 Телевизија.

„Воедно, заради значајниот интерес во јавноста за овој случај, во понеделник надзорните органи во состав на Министерството за финансии ќе спроведат соодветни контроли на оваа активност и во случај на утврдување на нерегуларности ќе се преземат соодветни мерки согласно Закон.

Сакаме да напоменеме дека МФ издава согласности за приредување игри на среќа согласно Законот за игри на среќа и за забавните игри, во којшто е дефинирано дека игри на среќа се игрите во кои учесниците имаат еднакви можности за стекнување добивка со посредна или непосредна уплата на одреден износ (влог), а резултатот од играта исклучиво или претежно зависи од случајноста или од некој иден неизвесен настан во играта. Притоа посочуваме дека за наградната игра за која имате доставено прашање не е активност која се регулира со Законот за игрите на среќа, па оттаму и Министерството за финансии не е надлежно да издава согласност за приредување – Гивавеј на социјалните мрежи. Дополнително, истакнуваме дека со оглед на тоа што оваа активност станува се почесто присутна на социјалните мрежи, во Министерството за финансии се разгледуваат можностите за нивна законска регулација“, велат надлежните за Канал 5.

Македонија

Почна чистење во полицијата и царината

Published

on

По спроведената истражна постапка во предметот под кодно име Премин, надлежниот јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 14 лица и Обвинителен предлог против две лица.

Според наводите содржани во диспозитивот на обвинителниот акт 13 царински службеници од кои едниот е во пензија и полициски службеник се обвинети дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело Примање поткуп предвидено и казниво по член 357 од КЗ. Деветмина од обвинетите сториле и продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 КЗ. Едно лице освен за погоре наведените две дела е обвинето и за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од чл.396 ст.5 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ.

Двајцата царински службеници против кои е поднесен обвинителниот предлог се обвинети дека како соизвршители сториле едно кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ.

За сите обвинети за кривичното дело Примање поткуп обвинителството смета дека се исполнети условите од чл.38-б од КЗ и му предлага на судот да им изрече и казна -Забрана за вршење на професија, дејност или должност со што на лицата ќе им биде забрането вршење на должност на службено лице во орган на државната управа односно министерство, друг орган на државна управа како самостоен орган на државна управа или органи во состав на министерствата или управна организација како и во други државни органи.

Предметниот обвинител до судот достави и предлог за одземање на имотната корист прибавена со кривичното дело, а пронајдена при извршените претреси и тоа: 51885 евра, 663.210,00 денари, 4860 швајцарски франци, 530 американски долари, 20 британски фунти, 200 украински гривни, 102 бугарски лева и 100 турски лири, како и 36 штеки цигари.

Воедно, заради непречено водење на постапката заедно со обвинителниот акт е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор против шест лица заради неизменети околности врз основа на кои мерката е претходно определена.

Истражната постапка е отворена во октомври минатата година кога беше спроведена полициска акција под кодно име Премин поради основано сомнение дека обвинетите распоредени во Царинските испостави Ново Село и Дојран, во временскиот период од 21.03.2023 година до 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што морале да го извршат. Не правејќи пресметка и наплата на увозните давачки, согласно Законот за царинската управа, Уредбата за спроведување на царинскиот закон и Законот за царинската тарифа и увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист, а на штета на средствата на Буџетот на РСМ во висина од ненаплатените царински увозни давачки. Притоа примениот поткуп го делеле меѓу себе.

За две лица постапката е запрена.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец нападнат од две лица во Чаир

Published

on

На 07.01.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје, Ф.Г.(38) од Скопје пријавил дека околу 13:10 часот на подрачјето на Чаир, бил физички нападнат од две лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

„ВРЕДИ“ со осуда за провокацијата на бугарскиот политичар Костадинов

Published

on

Вреди“ ги осуди изјавите на бугарскиот политичар Костадин Костадинов  кој вчера кажа дека Македонија треба да се припои на Бугарија.  Според нив, тој е маргинален проруски политичар во Бугарија. 

„Ваквите провокации го враќаат процесот назад и прават штета на искрените напори за динамизирање на патот на Северна Македонија кон целосна интеграција во европското семејство“, велат од владејачката коалиција.

Владејачката коалиција „Вреди“ утрово ја осуди изјавата на лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба, Костадин Костадинов, кој рече дека нема ништо пологично од припојување на Македонија кон Бугарија.Велат дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка Бугарија се обврзала да биде партнер, промотор и поддржувач на земјава на патот кон членство во ЕУ.

За изјавата на Костадинов вчера реагираа и од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија и повикаа официјална Софија да ја отфрли како непримерна.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк