Connect with us

Македонија

Нови 600 вработувања во МВР, Мицкоски повика на трпение, работите се решаваат една по една

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски очекува веќе следната недела да биде објавен огласен за нови 600 вработувања во МВР,  како резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне кадровски.

– Многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал во рамки на МВР, тоа го согледуваме сега откако изминавме период од речиси шест месеци, кога анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина во изминатите години е правен би рекол епски криминал, а за тоа да се санкционира за да излезе пред правдата, основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал, изјави Мицкоски, кој денеска присуствуваше на поставување на камен-темелник на доградба на детска градинка „Кокичиња“ во село Таринци, во Општина Карбинци.

На новинарско прашање за најавениот штрајк во министерствата за економија и за социјална политика и други поради ниските плати, Мицкоски одговори дека во рамки на администрацијата, кај поедини министерства платите се навистина ниски и тука, подвлече, треба да се работи, еден по еден се решаваат проблемите.

– Оваа година согласно општиот колективен договор ќе има покачување, ќе има и следната, така што очекувам во зависност од расположивите средства да се зголемува платата на вработените, изјави премиерот.

Потенцира дека е важно тоа што Владата донесе одлука да нема зголемување на платите на избраните и именувани лица, на судиите, обвинителите и на членовите на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители односно да се нивелираат коефициентите.

– Тоа што го ветуваме, тоа и го испорачуваме. Претходно постигнавме историски договор со Синдикатот на обрзованието, со синдикатите во здравството. Чекор по чекор ги решаваме работите, трпение, се ќе се реши, но битно е дека се решаваат работите, а не како политиките досега да се ставаат под тепих,  изјави премиерот Мицкоски.

Македонија

Полицијата го истражува случајот со црквата „Света Петка и Недела“ во Тетово!

Published

on

На 08.01.2025 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 07.01.2025 до 14.00 часот на 08.01.2025  на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет било извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата ,,Света Петка  и  Недела“.Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Информираат од СВР Тетово

Continue Reading

Македонија

Насилна кражба во Аеродром: На скопјанка ѝ украле чанта со паричник и документи

Published

on

Доцна синоќа насилна кражба во скопски Аеродром.

– На 09.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, З.В.(43) од Скопје пријавила дека околу 22.45 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, едно машко лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта со паричник и лични документи, соопштија од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Continue Reading

Македонија

Кривична за госпоѓа, дома чувала пушка

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ц.С.(84) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

На 22.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки кои неовластено ги поседувала.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк