Connect with us

Македонија

Гореше автомобил во Аеродром, од пожарот зафатено и друго возило

Published

on

Ноќеска во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Петар Ацев“ на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во патничко возило „цитроен ц1“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.С. од Скопје.

Како што информираат денеска од МВР, од пожарот било зафатено и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Д.(45) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид бил извршен.

Македонија

Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери

Published

on

Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски.

Тој нагласи дека овој проект е многу битен од повеќе агли, особено за намалување на смртни случаи при сообраќајки, а искуството во други држави ја покажало оправданоста од имплементирањето на овој систем за безбеден град и безбедна држава. Притоа додаде дека е еден од најклучните проекти на Министерството што мора да бидат имплементирани во иднина.

-Во рамки на техничката Влада, доколку имаше простор и време да се посветев максимално на микроменаџирање, можеби ќе завршевме и порано од аспект на имплементација. Но, за жал, за време на техничка Влада бевме посветени на друга работа. Тоа се покажа како добар резултат, да речеме, од аспект на организација на изборите во делот на надлежност на МВР. Тогаш ни оставија и еден друг огромен проблем со пасошите, што моравме да го решаваме, истакна тој.

Министерот Тошковски, денеска беше во посета на Желино, по повод отворање нова канцеларија на управните служби на Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

Најава за прекин на водоснабдувањето во Тетово

Published

on

Известување за жителите на Тетово

ЈП за Водовод и Канализација „Шари“ Тетово ги известува сите граѓани дека поради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, во соработка со Полошкиот Регион, ќе има рестрикција на водоснабдувањето денеска од 14:00 до 16:30 часот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката, а целта на овој проект е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за сите граѓани на Тетово.

Со почит,
ЈП за Водовод и Канализација Тетово „Шари“

Continue Reading

Македонија

Вишото обвинителство Гостивар го врати обвинението против Теута Арифи на повторно разгледување

Published

on

Вишото јавно обвинителство во Гостивар го врати на повторно разгледување до Основното обвинителство во Тетово обвинението поднесено од актуелниот градоначалник Биљал Касами против поранешната градоначалничка Теута Арифи. Случајот се однесува на наводно оштетување на општинскиот буџет во износ над 1 милион евра. Претходно, тетовското обвинителство заклучи дека нема доволно елементи за покренување предмет за злоупотреба на службената положба.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк