Connect with us

Македонија

Приведен тетовец бараниот за трговија со дрога – осуден на три години затвор

Published

on

На 13.12.2024 во 13.30 часот на улица „Штипска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.К.(43) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псикотропни сопстаци и прекурзори“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идриово за издржување на казната.

Македонија

Коњановски: Бесплатен превоз до Нижеполе и Копанки за зимска магија

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја истакна важноста на иницијативата за бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки, која денес успешно ја реализираше својата прва тура.

„Нашата цел е да ги доближиме природните убавини на Битола до сите граѓани, без разлика на возраста или можностите. Денешната акција е потврда за посветеноста на општината да создаде еднакви можности за уживање во зимските активности,“ рече Коњановски, кој лично ги посети скијачките центри и разговараше со граѓаните.

Позитивните реакции од над 100 граѓани кои го искористија превозот, како и посебниот ангажман за здруженијата со попречености, ја покажуваат важноста на ваквите иницијативи за заедницата. Коњановски нагласи дека општината ќе продолжи да вложува во слични активности, со цел да го поттикне активниот начин на живот и да ја промовира природната и туристичка понуда на Битола.

Continue Reading

Македонија

Се изготвува ново законско решение за сообраќајните камери

Published

on

Проектот за камери е еден од приоритетите на Министерството за внатрешни работи, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги припремиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски.

Тој нагласи дека овој проект е многу битен од повеќе агли, особено за намалување на смртни случаи при сообраќајки, а искуството во други држави ја покажало оправданоста од имплементирањето на овој систем за безбеден град и безбедна држава. Притоа додаде дека е еден од најклучните проекти на Министерството што мора да бидат имплементирани во иднина.

-Во рамки на техничката Влада, доколку имаше простор и време да се посветев максимално на микроменаџирање, можеби ќе завршевме и порано од аспект на имплементација. Но, за жал, за време на техничка Влада бевме посветени на друга работа. Тоа се покажа како добар резултат, да речеме, од аспект на организација на изборите во делот на надлежност на МВР. Тогаш ни оставија и еден друг огромен проблем со пасошите, што моравме да го решаваме, истакна тој.

Министерот Тошковски, денеска беше во посета на Желино, по повод отворање нова канцеларија на управните служби на Министерството за внатрешни работи.

Continue Reading

Македонија

Најава за прекин на водоснабдувањето во Тетово

Published

on

Известување за жителите на Тетово

ЈП за Водовод и Канализација „Шари“ Тетово ги известува сите граѓани дека поради поставување на СКАДА системот за дигитализација на управувањето со водоснабдувањето, во соработка со Полошкиот Регион, ќе има рестрикција на водоснабдувањето денеска од 14:00 до 16:30 часот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката, а целта на овој проект е подобрување на квалитетот и управувањето со услугите за сите граѓани на Тетово.

Со почит,
ЈП за Водовод и Канализација Тетово „Шари“

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк