Connect with us

Македонија

Кривична пријава за скопјанец кој учествувал во странска војска во Русија

Published

on

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за учество во руска војска за месечен надомест од 3.000 евра.

– По обезбедување на виза за патување, двајцата заминале за Русија, каде на 23 септември 2024 потпишале договор со Министерството за внатрешни работи на Доњецка Народна Република за служење во нивните воени, паравоени и параполициски единици, а со тоа учествувале во воениот конфликт помеѓу Руската Федерација и Украина, се наведува во соопштението.

На 9 декември годинава бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени компјутер, мобилни телефони, тактичка облека, документи на руски јазик на негово име и други предмети.

Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка домашен притвор во траење од 30 дена.

Македонија

На заминување Груби ги собрал филџаните за кафе и чашите..

Published

on

Министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците Иван Стоилковиќ во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши. Како што објаснува министерот во подкастот начекал празни простории.

„За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња“, открива министерот Стоилковиќ.
Денешен Весник

Continue Reading

Македонија

Провејува снег на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин, магла во Крушево, на Стража и на Плетвар

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла од 100 метри има во Крушево, и на планинските премини Стража и Плетвар.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Continue Reading

Македонија

ПЕТИЦИЈАТА НА СТУДЕНТИТЕ ВРОДИ СО ПЛОД Читалната во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе работи 24 часа

Published

on

Студентите се одлучија на петиција откако по празниците не беше отворена читалната во библиотеката. Најавата дека таа повторно ќе работи 24 часа беше од 20 јануари, но ним им е потребна сега да се подготвуваат за јануарската сесија.

Читалницата во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од денеска повторно ќе работи нонстоп, односно 24 часа, откако 1.700 луѓе потпишаа онлајн петиција.

Новината ја соопштија од Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) на нивниот Инстаграм профил, каде што наведоа дека испратиле и барање до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и директорката на библиотеката Снежана Стојчевска за библиотеката да продолжи да работи 24/7.

Во петицијата, студентите бараа библиотеката да работи нонстоп во пресрет на испитната сесија, посочувајќи дека студентите претежно се вратени во Скопје и дека често условите во нивниот дом не им го дозволуваат потребниот мир и амбиент за учење.

Слични вакви петиции имаше и во јануари лани, но и во 2022 година, а по онлајн петициите и во двата случаи, библиотеката го продолжуваше работното време.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк