Connect with us

Македонија

Паѓа случајот организатори 27-ми април, направени битни пропусти

Published

on

По шест години водена беспримерна хајка при што се направени битни прописи, паѓа случајот во однос наводните организатори на случајот  27-ми април.

Самото обвинителство денеска се произнесе во случајот дека не биле земени во обзир важни факти и настани кои би можеле да влијаат во постапката. Jавното обвинителство во своето мислење констатира дека немало основи за поведување на постапка со што се потврдува тезата дека шест години незаконски се судени, со што се потврдува тезата дека е извршен политички прогон врз овие лица.

Инак, со години се води постапка за терористичко загрозување на уставниот поредок против двајца поранешни министри Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и претседателот на собранието Трајко Велјановски. Овој процес заврши со осудителна одлука во судот во прв степен. Апелацискиот суд во април годинава ја укина првостепената пресуда од јули 2021 година.

Обвинетите не добија можност да се произнесат, ниту да се повикаат на амнестијата која уследи за овој случај.

Миле Јанакиески и Спиро Ристовски претпреа и физички напад во притвор, додека Европскиот суд за човекови права констатираше повреда на човековите права на обвинетите во овој случај. Обвинувањата беа дека се води жестока политичка хајка против обвинетите и дека со години овој случај политички се злоупотребуваше за политичка хајка.

Овој случај од обвинителство го водеше контраверзната обвинителка Вилма Рускоска на која ѝ се препишуваат низа скандалозни одлуки. Ваквата одлука на обвинителство на констатирање на битни пропусти во постапката води кон целосно паѓање на целиот случај кој важи за сите позмавачи на правото за жестока конструкциjа.

Извор: Нетпрес

Македонија

Утре прекин на струја во тетовски села

Published

on

На 13.01.2025 (понеделник), неколку села во Тетово ќе останат без струја поради планирани технички зафати. Прекинот ќе трае неколку часа, а граѓаните се повикуваат на разбирање.

НОВО СЕЛО, СИНИЧАНЕ, ЈЕЛОВЈАНЕ, РАКОВЕЦ, БОГОВИЊЕ, УРВИЧ, СЕЛЦЕ КЕЧ прекин од 10:00 до 11:00 часот

Continue Reading

Македонија

Пожар во Крива Паланка има и жртви

Published

on

„Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи Ве известува дека во 08:57 часот добиена е пријава за запалена куќа на ул.Херој Карпош во Крива Паланка“, информираат од ЦУК и додаваат дека во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила.

Пожарот е изгаснат во 10:00 часот.

Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години).

Continue Reading

Македонија

Подмрзнат автопатот „Пријателство“ – камионите се пренасочуваат по стариот пат кај Миравци

Published

on

Од АМСМ известуваат дека од 08.50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај с.Миравци, тешките товарни возила ќе се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

Претходно објавивме дека, забрани за движење на тешки товарни возила од превентивни причини има на следните патни правци: Крива Паланка – граничен премин Деве Баир; Гостивар – Маврово – Дебар; Гостивар – Стража – Кичево, како и на планиските превои Пресека и Плетвар. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк