Connect with us

Македонија

Полицијата почна да ги чисти своите редови: Кривична за инспектори и командир

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници А.А., на работно место во ПС од ОН Гази Баба, А.А. на работно место во ПО Арачиново, Б.Џ., на работно место во ПО Арачиново и В.С., на работно место во ПО Арачиново при СВР Скопје за кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластувања“ по член 353 од КЗ и за едно кривично дело „измама во службата“ по член 355 став 1 од Кривичниот законик против полицискиот службеник Б.М., на работно место во ПС од ОН Гази Баба при СВР Скопје.

Првопријавениот, како заменик командир на ПС од ОН Гази Баба ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што како раководител со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализираните часови на вработените во Министерството за внатрешни работи на 12 полициски службеници- вработени во ПС од ОН Гази Баба им овозможил да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 439.368 денари, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Второпријавениот, како командир на ПО Арачиново, третопријавениот како инспектор во ПО Арачиново и четвртопријавениот како инспектор во ПО Арачиново со несоодветно водење на евиденција за распоред на работа, спротивно на подзаконски пропис со кој се пропишува начинот на евидентирање на реализирани часови на вработените во Министерството за внатрешни работи, ја злоупотребиле службената положба и овластување на начин што на седум полициски службеници вработени во ПО Арачиново им овозможиле да се стекнат со право за исплата на бонус плата во 2023 година и без да ги исполнат условите утврдени со Законот за работните односи на секој поединечно им била исплатена бонус плата во износ од 36.614 денари или вкупно 256.928 денари, во кој износ го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Петтопријавениот како вработен во ПС од ОН Гази Баба како службено лице со намера за себе да прибави противправна имотна корист поднел своерачно потпишана изјава со лажна содржина, во која изјавил дека има остварено повеќе од 150 часа прекувремена работа и немал повеќе од 21 ден отсуство од работа во текот на 2023 година, по што му било изготвено решение за утврдено право за исплата на бонус плата во висина од една просечна нето плата во износ од 36.614 денари без да ги исполни предвидените услови утврдени со закон, во кој износ го оштетил буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против именуваните полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка за отстранување на работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија

Комбе на брза помош се расипа на заледен пат во Македонија

Published

on

Комбе на Итната медицинска помош се расипа на патот од Дебар кон манастирот Свети Јован Бигорски.

Како што може да се види од видеото, комбето го турка еден човек во обид возачот да успее да го стартува моторот на возилото. 

Од снимката, но и од сведоштва на читатели, овој патен правец воопшто не е исчистен од снежни наноси, а наместа има и заледувања.

https://youtu.be/2BpCtHf93gA

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading

Македонија

Девојка нападната на ул. Борис Кидрич во Тетово

Published

on

На 12.01.2025 во 20.20 часот во СВР Тетово, И.Т.(36) од с.Горни Татеш пријавила дека околу 19.45 часот на улица ,,Борис Кидрич“ во Тетово била физички нападната од нејзиноот момче С.З.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Continue Reading

Македонија

Жена од Брвеница нападна полицајци, веднаш уапсена!

Published

on

На 12.01.2025 во 02.10 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода Д.Г.(26) од Република Албанија, со живеалиште во с.Брвеница, тетовско, затоа што се однесувала агресивно и ги спречувала полициските службеници при вршење на службени дејствија. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк