Connect with us

Бизнис

Mинимална плата 500 евра бараат од СКСЗМ

Published

on

Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот.

-За администрацијата, нашите предлози се од претходно, уште пред да дојде оваа Влада. Мислиме дека администрацијата е преоптоварена и сакаме дел од неа да се преквалификува во приватниот сектор. За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31 500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52 отсто, не се плаќа 47 отсто. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52 отсто. Во Словенија каде што има повисока плата, 42 отсто оди надолу, од 42 на 41,… На таков начин да се стимулира. За ДДВ-то образложението беше вакуумот меѓу промените, па и претходната влада пред да оди избори заостана со враќањето, а и сегашната кога дојде, исто така задоцни. И така, одвреме – навреме на некоја компанија и се плаќа, па се враќа па се сменува бројот, истакна Ќура.

Тој не прецизираше како би се стимулирало евентуалното преминување на дел од администрацијата кај бизнисот, дали преку некој вид отпремнина или повисоки плати.

-Од двете страни треба, и од Владата да се делат средства и од компаниите за да се стимулираат тие работници да се префрлат од администрација во приватен сектор, нагласи претседателот на СКСЗМ.

Бизнис

ЕСМ не избра фирма за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, јавниот повик ќе се повтори

Published

on

АД ЕСМ ја известува јавноста дека не е избран економски оператор за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина во РЕК „Битола“, по огласот објавен на електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) на 13 декември, минатата година. Согласно со завршената евалуација, Комисијата за јавни набавки при АД ЕСМ констатирала дека според податоците за техничко-професионална способност содржани во доставените понуди, ниту една од пријавените фирми не ги исполнила целосно побараните условите од повикот.

Имено, констатирано е дека наведените критериуми во делот на референците што се однесуваа на исполнување на најмалку една услуга за ископ од минимум  500.000 тони јаглен во последните три години, и  извршени услуги за ископ на земјени или карпести маси или руда во износ од минимум 3 милиони метри кубни – кумулативно во последните три години,  драстично ја ограничиле конкуренцијата.

Во интерес на времето, АД ЕСМ во текот на неделава ќе распише нов оглас во согласност со  Законот за јавни набавки и во делот на техничко – професионалната способност ќе изврши одредени олеснувања со кои би се овозможила поголема конкуренција, односно поголем број на потенцијални економски оператори да достават понуди за конкретниот предмет на набавка. Истовремено, во новообјавениот повик, на сметка на олеснетите критериуми за референци за ископ, ќе се бара поголема техничка опременост на компаниите со цел да се зголеми квалитетот и обемот на услугата, како во делот на ископ на јаглен, така и во делот на ископ на јаловината чиј третман е од исклучително значење за геомеханичката стабилност и функционалност на рудникот.  

Пролонгирањето на избор на економски оператор преку редовна постапка, во никој случај нема да има влијание на роковите и вредноста од договорот со привремено ангажираниот економски оператор за ископ на јаглен и јаловина, ниту пак АД ЕСМ ќе има потреба од реализација на нова постапка со преговарање. Новиот оглас повторно ќе биде со временски рок за поднесување на понудите од 20 дена, со што целата процедура за избор на договорен економски оператор се очекува да заврши пред исцрпување на вредноста од договорот за привремен ангажман.

Continue Reading

Бизнис

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: ЕКОНОМИЈАТА Е ВО ФОКУСОТ, ПРАВИМЕ ПРОМЕНИ КОИ НОСАТ ПРЕДВИДЛИВОСТ И ПОДОБРИ УСЛОВИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Published

on

Економијата е во фокусот на Владата на Македонија и во изминатите 6 месеци од својот мандат посветува внимание да направи промени коишто ќе донесат предвидливост за инвеститорите и подобри услови за инвестирање. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која беше воведен говорник на Форумот на „Инвисо”, претходно познат како Еуромани”, којшто се одржува во Виена. Воведни обраќања имаа и првиот потпретседател на ЕБОР Јирген Ригтеринк, гувернерот на централната банка на Австрија и член на УО на Европската централна банка, Роберт Холцман, заменик-министерот за финансии на Грузија Екатерина Гунтсатце и заменик-претседател за регионот во Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка, Алфонсо Гарсија Мора.

„Во овие шест месеци од преземање на власта сме фокусирани на економијата и на она  што треба да промениме и е важно за инвеститорите. Во изминатите 7 години се направени многу промени во даночната политика и затоа ние велиме дека треба да имаме предвидлива даночна политика, данок со рамни стапки и дека како и во преходниот период и во следните 4 години ќе биде стабилно и нема да правиме промени. Тоа е важно за компаниите да можат да ги прават своите планови”, рече министерката.

Таа додаде дека друг значаен аспект на кој е фокусирана Владата е инфраструктурата и дека целта е да се покажат резултати на дело. „Успеавмe да завршиме сериозен експресен пат кој го поврзува Скопје со Софија. Исто така, фокусирани сме на финализирање на патната делница во западниот дел од државата од Кичево до Охрид, на кој се работи повеќе од 10 години и очекуваме во следните 2 години да биде завршен. За инвеститорите ова е многу важно особено затоа што во регионот на Охрид  има многу странски инвестиции”, истакна Димитриеска-Кочоска.

Министерката потенцира дека се преземаат сериозни активности и во борбата со криминалот и корупцијата, активности на полето на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, како и други реформи кои се важни за инвеститорите.

„Многу сме сериозни и фокусирани на економијата и можам да ветам дека во наредниот период ќе покажеме сериозни резултати. Веќе ги покажуваме и сега, а сериозен доказ за тоа е растот на БДП во третиот квартал.  Работиме и на реформи што се многу важни за нас и за инвеститорите, што значи се обидуваме целосно да го смениме концептот на работа и тој да биде заснован на професионалност”, рече министерката.

Во обраќањето се осврна и на спроведување на реформите поврзани со евроинтеграцијата на нашата земја при што истакна дека се следи Реформската агенда и дека ќе бидат завршени преземените обврски во врска со неа.

„Она што е утврдено со Реформската агенда ќе го завршиме. Веќе се подготвува договорот за побарување на средствата  и сме прва земја од петте во Западен Балкан што ги исполни обврските, што значи дека сме многу сериозни“, истакна министерката за финансии.

На маргините на форумот, министерката за финансии ќе оствари повеќе средби со инвеститори и претставници на меѓународни финансиски институции.

Инаку, Форумот е годишен настан којшто на едно место спојува професионалци од различни сегменти на финансискиот и банкарскиот сектор и  дава можност за информирање за најновите случувања во финснсискиот свет и отворење дискусија за трендовите и иднината на финансиските пазари.

Извор: Pari.mk

Continue Reading

Бизнис

И ГОДИНАВА ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ МИНИМАЛНАТА ПЛАТА

Published

on

Власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните во Македонија, соопшти партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ само во првите шест месеци од преземањето на одговорноста да ја води македонската Влада, постигна договори со синдикатите и се потпишаа колективни договори за историски раст на платите на сите вработени во здравството и образованието. Паралелно со тоа, со септемвриската исплата следеше и историско линеарно покачување на сите пензионери од 2.500 денари кое, за исто толку, ќе продолжи и со исплатата на пензиите за месец“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Годинава ќе има повторно зголемување на минималната плата, како и на сите останати плати, се додава во соопштението.

„Покачувањето на платите и зголемувањето на животниот стандард е приоритетна заложба на Владата и тоа ќе се постигнува на одржлив начин преку економскиот раст. Со ова темпо на раст на економијата и реализација на капиталните инвестиции, како и странските инвестиции, дополнително ќе расте животниот стандард на граѓаните кој, сам по себе, ќе овозможи одржлив и долготраен раст на платите во сите сектори во државата“, соопшти владјачката партија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк