Connect with us

Македонија

„Вреди“ за интерпелацијата за Меџити: ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група

Published

on

Со вчерашното гласање, додаваат од владејачката коалиција, првиот вицепремиер и министер Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ

ДУИ повеќе не ја контролира ниту својата пратеничка група – реагираат од владејачката „Вреди“, алудирајќи на трите гласа поддршка што синоќа во Собранието ги дадоа пратениците на „Европскиот фронт“ за интерпелацијата, која токму оваа пратеничка група, ја поднесе за работата на вицепремиерот и министер Изет Меџити.

„Само тројца пратеници успеаја да гласаат ‘за’ интерпелацијата за Изет Меџити, што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ. Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, а денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Станува сè поочигледно дека дури и членството на ДУИ и пратениците, како и пошироката албанска јавност не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, старата слава на ДУИ и спомените од минатото“,

реагираат од владејачката „Вреди“.

Со вчерашното гласање, додаваат оттаму, Изет Меџити добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борба против корумпираното раководство на ДУИ.

„’Вреди’ апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“,додаваат од владејачката коалиција на партиите на Албанците.

Со само три гласа „за“ и 64 „против“ Собранието синоќа ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити кој доаѓа од редовите на коалицијата „Вреди“.

Интерпелацијата ја поднесе опозицискиот „Европски фронт“, предводен од ДУИ.

Македонија

Сообраќајна несреќа: Возило излетало надвор од коловозот

Published

on

На 09.01.2025 во 22.56 часот во Полициската станица Берово стасала пријава за сообраќјна несреќа. На регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило „опел фронтера” со пехчевски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Возилото го управувал М.В.(45) од с.Чифлик, пехчевско. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Continue Reading

Македонија

Неуспешен обид за кражба во маркет во Карпош – повредена вработена!

Published

on

На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало.

При тоа и нанел повреда на една од вработените. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading

Македонија

Во еден ден две жени жртви на семејно насилство

Published

on

На 10.01.2025 во 21.36  часот во СВР Штип, од Казнено поправниот дом Штип било пријавено дека во полуотвореното одделение во установата била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.01.2025 во 23.50 часот во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека во скопско село била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Б.А.(27) и неговите родители. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк