Connect with us

Македонија

Димовски раскажа приказна за човек со потекло од Егејска Македонија: „Татко ми ни рече на смртна постела – вие не сте Грци“

Published

on

Во гостувањето на ТВ Алфа, во емисијата „Заспиј ако можеш“, Илија Димовски сподели емотивна приказна за свој пријател со потекло од Егејска Македонија. Преку оваа приказна, тој ја истакна судбината на многу Македонци кои биле воспитувани во грчки дух, а вистината за своето потекло ја откриле дури подоцна во животот.

Ми приоѓа еден човек, зборувајќи на тежок македонски јазик, многу архаичен, со ограничен фонд на зборови, околу 50 до 100. Ми се обраќа на македонски, а јас го прашувам:

„Од каде си, брат?“

„Од Птолемаида,“ ми вели, „знаеш каде е?“

„Знам каде е Кајлари,“ му одговарам. „Кајлари е некаде 40-50 километри јужно од Лерин, помеѓу Лерин и Кожани.“

„Добро,“ го прашувам, „таму си роден?“

„Не,“ вели, „татко ми е таму роден, а јас сум роден во Австралија.“

„А јазикот?“ го прашувам.

„Абе, јазикот,“ вели, „јас сега го учам.“

Човекот беше постар од мене, некаде 10-15 години.

„Зошто сега го учиш?“ го прашувам.

„Па,“ вели, „до пред неколку години мислев дека сум Грк.“

Мене ми се исекоа нозете. „Како?“ го прашувам. „Како мислеше дека си Грк?“

„Татко ми,“ вели, „не воспитуваше во тој дух. Одевме во грчки училишта, грчки клубови, на фолклор, спорт. Ние не бевме свесни за ништо друго.“

„А кој беше моментот кога сфати дека не е таква приказната?“ го прашувам.

„На смртна постела,“ вели, „татко ми си ја отвори душата и ни рече: ‘Деца, вие не сте Грци!’“

Видеото може да го погледнете тука.

Македонија

ДУИ СЕ РАСПАЃА ОДВНАТРЕ

Published

on

Коалицијата Вреди апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство, се наведува во соопштението на коалицијата. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност, се додава во соопштението, е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ.

„Ниту пратениците на ДУИ не веруваат во политиката која ја води врвот на ДУИ. Никој повеќе не верува на празните зборови на Али Ахмети, Бујар Османи и на Блерим Беџети. Вчерашното гласање за интерпелацијата против Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, претставува јасен доказ дека ДУИ веќе нема контрола ниту врз сопствената пратеничка група. Само три пратеници успеаја да гласаат за интерпелацијата, што е сериозна нефункционалност на ДУИ, сериозно разединување и брз политички распад на ДУИ“.

Ова се наведува во соопштението на коалицијата Вреди.

„Пораките од ДУИ не стигнуваа до никого во меѓународната заедница, ДУИ е изолирана. Денес не стигнуваат ниту до нивната пратеничка група. Со ова гласање, потпретседателот на Владата, Изет Меџити, добива дополнителен легитимитет и потврда за својата борбата против корумпираното раководство на ДУИ, кое за жал е предводено од Али Ахмети, Бујар Османи, Артан Груби и Блерим Беџети. Станува сè поочигледно дека дури ни членството на ДУИ, ни пратениците, како ни пошироката албанска јавност во Северна Македонија, не ја поддржуваат оваа група која ја узурпира моќта, не ги поддржуваат старата слава на ДУИ и спомените од минатото“, се наведува во соопштението на Вреди.

Нивната изолација е очигледна, се додава во соопштението, ДУИ е исклучена од меѓународната заедница и нема никаква поддршка, ни соработка со која било од останатите нормални прозападни политички субјекти во Македонија. Пратениците на ДУИ го гледаат тоа и имаат задача пред чесните гласачи сѐ погласно и почесто да се спротивстават на погубните политики на нивното раководство, се потенцира во соопштението на коалициајта Вреди.

„Следниот пат кога Блерим Беџети ќе се обиде да креира политика, да се потсети на вчерашниот ден. Нема поголем губитник од него и од неговата иницијатива. Исто како на претходните парламентарни избори, каде што ни гласовите на т.н. Европски Фронт не му беа доволни и изгуби наспроти Вреди. Сѐ додека настапува како заштитник на Артан Груби, нема да поминува различно ни кај граѓаните ни кај своите сопартијци. Ќе продолжи да биде само еден од губитниците. Вреди апелира до сите општествени чинители, но и до сите членови на ДУИ, да ја поддржат борбата за демократија, транспарентност и одговорност, со цел да се спречат понатамошните штетни политики на ова дискредитирано раководство. Единствениот пат за излез од длабоката политичка корумпираност е целосна маргинализација на ова раководство на ДУИ“, велат од партијата.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајна несреќа: Возило излетало надвор од коловозот

Published

on

На 09.01.2025 во 22.56 часот во Полициската станица Берово стасала пријава за сообраќјна несреќа. На регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило „опел фронтера” со пехчевски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот.

Возилото го управувал М.В.(45) од с.Чифлик, пехчевско. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.

Continue Reading

Македонија

Неуспешен обид за кражба во маркет во Карпош – повредена вработена!

Published

on

На 10.01.2025 во 18.30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 15.40 часот во маркет на подрачјето на Карпош, машко лице со физичка сила и закана со остар предмет кон вработените се обидело да одземе производи, но не успеало.

При тоа и нанел повреда на една од вработените. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк