Македонските фирми треба да целат кон тоа повеќе да произведуваат производи со висока технологија и повисока додадена вредност во нив, бидејќи така ќе имаат и подобра заработка, ќе има и за подобри плати за вработените и за поредовно плаќање даноци кон државата, изјави Ангел Анѓушев во поткастот на Стопанската комора со Бранко Азески.
Ангел Анѓушев, оперативен директор на Грин Машинс на БРАКО, смета дека тоа е рецептот за развој на економијата во Македонија, и дека земјава не би требало да се нуди само како место каде има ефтина работна сила.
Ангел Анѓушев ги сподели искуствата од своето школување на универзитетите во Германија и во Австрија, предностите да се открие како функционираат и како се организирани поразвиените општества и економии, извозот на Грин Машинс низ целиот свет, преку кој се има увид и во работните навики во други култури, од каде секогаш може да се земе добар пример за дома.
Иако по одлука на неговиот татко, Ангел ја почнал својата работа во БРАКО во, според него, натешкиот дел од фабриката, а тоа е производството на жица и жичани производи, вели дека тоа било значајно и корисно искуство за него како машински инженер, додека денес е оперативен директор на технолошки најнапредниот дел од фабриката, програмата за производство на возила за чистење на водороден, електричен и класичен погон.
Во овој контекст, во однос на енергетската транзиција, Ангел Анѓушев смета дека таа треба да се реализира правилно, меѓу другото и со инвестирање во напредни технологии кои треба да го направат животот на луѓето подобар, давајќи ги за пример електричните и водородните возила за чистење на Грин Машинс кои одржуваат хигиена во урбани средини со нула загадување од нивното работење.
Ангел Анѓушев во поткастот зборуваше и за традицијата за наследување семејни имиња, за своите претци кои биле претприемачи уште пред еден век, како и за општествената одговорност на компаниите Фероинвест и БРАКО денес преку помагање во спортот, образованието, здравството, верски објекти итн.
Пуштање на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско и пругата кон Бугарија на потегот од Куманово до Бељаковце, како и за моменталните активности на автопатот Охрид-Кичево, беа дел од темите за кои зборуваше вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски во Вечерното шоу на Богдан Илиевски.
Во однос на изградбата на првата фаза од пругата кон Бугарија, министерот истакна дека изградбата е во крајна фаза и во прашање се денови кога ќе се пушти во употреба оваа пруга во должина од 30км.
-Пругата е веќе при крај и во многу брз период таа пруга ќе биде пуштена, со што ќе имаме целосно функционална пруга од Скопје преку Куманово до Бељаковце. Успеавме да ги придвижиме работите заедно со директорот на ЈП Железници – инфраструктура и работите на вториот дел од делницата, а тоа е од Бељаковце до Крива Паланка, или за делница во должина од 34км, која очекувам некаде до 2027 година да е готова, и ќе остане потоа третиот дел кој ќе треба да значи поврзување со Бугарија, кога ќе успееме технички да ги затвориме тие работи”, истакна министерот Николоски.
Во однос на изградбата на автопатот Охрид-Кичево, Николоски потсети дека пред почетокот на летната сезона годинава, ќе биде пуштена во употреба најголем дел од трасата на автопатот или околу 40 км, а истиот ќе биде завршен до крајот на 2026 година.
Министерот Николоски зборуваше и за активностите на изградбата на коридорот 10д, каде во моментов се завршени работите околу изградбата на на првата фаза од експресниот пат Прилеп-Градско, на потегот од Градско до Дреново.
-Првата фаза е скоро готова и во наредните денови ќе следува пуштање во употреба. Втората фаза ќе биде готова до март месец годинава“, истакна тој и додаде дека со изградбата на овој патен правец и автопатот Прилеп-Битола Пелагонија ќе доживее целосна ренесанса и ќе добие модерно и брзо поврзување со останатиот дел од државата.
Норвешкото производство на природен гас, кое стана клучно за надоместување на загубата од руските испораки за Европа, достигна нов рекорд минатата година.
Производството изнесуваше 124 милијарди кубни метри гас, кој скандинавската земја речиси целосно го извезуваше во Европа, објави Норвешката управа за нафта.
Ова го надмина претходниот рекорд на Норвешка од 122,8 милијарди кубни метри гас, постигнат во 2022 година, кога започна војната во Украина, пренесе француската агенција АФП.
Како резултат на конфликтот во Украина, испораките на руски гас во Европа нагло се намалија, а Норвешка ја замени Русија како главен снабдувач со гас на стариот континент.
Инвестициите во норвешкиот сектор за нафта и гас се очекува да достигнат 264 милијарди круни (22,5 милијарди евра) во 2025 година, што е највисоко ниво од 2014 година.
За вработување на 4 (четворица) работници на определено време од 5 (пет) месеци, (со можност за продолжување на договорот) во „Макпетрол“ АД. – Скопје, на работно место продавач на бензинска станица во Тетово во Регион Полог во Дирекцијата за малопродажба.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 2 (две) година;
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за горенаведените работни места изнесува 30.000 денари.
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.