Connect with us

Балкан

АЛБАНИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНИ УВОЗОТ НА СТАРИ ВОЗИЛА

Published

on

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година, како дел од мерките за намалување на загадувањето на животната средина и за зголемување на безбедноста на патиштата. Ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“.

– Според податоците на Дирекцијата за транспорт, само лани биле регистрирани 100 илјади возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години. Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и за безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи – објавија албанските медиуми.

Црна Гора го забрани увозот на автомобили произведени пред 2009 година. Косово од 2017 година не дозволува увоз на возила постари од 10 години, а од 1 јануари 2025 година го забрани увозот на автомобили произведени пред 2015 година. Во моментов, просечната старост на автомобилите во регионот е 18 години, додека во ЕУ е 12 години.

Балкан

ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?

Published

on

Хрватска избра претседател. Зоран Милановиќ доби уште еден мандат.  Ова им даде можност на српските медиуми да истражат за неговата финансиска состојба, колку заработува и да ги споредат неговите примања со оние на претседателите од регионот.

Македонија и на оваа листа е на дното.  Најниска плата има македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, околу 1.500 евра, а највисока плата прима претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – 3.860 евра. Српскиот претседател Александар Вучиќ има плата од околу 1.800 евра месечно, а бугарскиот Румен Радев зема плата од 3.000 евра.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ има плата од 2.420 евра. Милановиќ зема плата од 3587,79 евра. Членовите на претседателството на Босна и Херцеговина(БиХ), Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ примаат плата од 2.920 евра, според податоците од октомври 2023 година.  Словенечката претседателка Наташа Мусар зема плата од 3.322 евра. 

Continue Reading

Балкан

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КОСОВО: “ЕДИНСТВЕНА ГОРАНСКА ПАРТИЈА” СО КАНДИДАТСКА ЛИСТА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Published

on

14 јануари 2025 година, Драгаш, Косово – На 9 февруари 2025 година во Косово се одржуваат редовни парламентарни избори.

Сите државјани на Косово што живеат во странство, а кои се пријавиле за гласање надвор од Косово преку пошта, од 9 јануари до 8 февруари можат да гласаат за редовните парламентарни избори.

Централната изборна комисија (ЦИК) преку известување информира дека започна периодот на гласање преку пошта за сите државјани на Косово што го избрале овој начин на гласање.

Според соопштението на ЦИК, периодот од 9 јануари до 8 февруари ќе важи само за граѓаните што успешно се пријавиле како гласачи надвор од Косово и кои гласачкото ливче го пратиле преку пошта до едно од поштенските сандачиња отворени надвор од Косово или до поштенското сандаче на ЦИК во Косово.

Во меѓувреме, за оние што се пријавени за физичко гласање во едно од дипломатските претставништва на Република Косово, гласањето ќе се одржи на 8 февруари 2025 година.

Редовните парламентарни избори во Република Косово ќе се одржат на 9 февруари, а официјално изборната кампања веќе е започната на 11 јануари.

Според одлуките на ЦИК, за учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Косово.

На престојните парламентарни избори на Косово своја кандидатска листа има и Партијата “Единствена горанска партија”.

  • На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 29 кандидати од разни делови на областa Гора. На кандидатската листа на Партијата “Единствена Горанска Партија” се вредни луѓе, кои се залагаат за подобрување на положбата на Македонска горанската заедница во Косово, зачувување и активно промовирање на културни вредности, обичаи и традиции на Македонската горанска заедница во Косово, како и формирање општина Гора во согласност со Уставот и законите на Република Косово, – вели претседателот на партијата и носител на листата, Адем Хоџа, дипломиран инжињер.

Партијата “Единствена Горанска Партија” во својата јавна покана вели: “Заедно и масовно да излеземе на гласање, да покажеме дека и покрај многубројните и разновидни напори за гаснење на нашиот горански идентитет ние постоиме, ние сме тука и сме посилни од било кога! Вашиот глас за Партијата “Единствена Горанска Партија” ја зајакнува и ја чини уште посилна во посветеноста кон легитимните барања на Македонска – Горанска заедница во Косово, европските стандарди на локална самоуправа да ја вклучуваат и областа Гора, и за вистинска економска и политичка еднаквост и поголема застапеност во институциите. Ве повикуваме, излезете на гласање и заокружете го бројот 113!“

Кандидати за пратеници на партијата “Единствена Горанска Партија” се: Адем Хоџа, Енес Горан, Рахела Ибраими, Фејсал Халиловиќ, Ерџан Лиманче, Шејла Љајко, Ешреф Чуфта, Шукрија Аслани, Зехра Дестани, Рагбет Максути, Муамер Сулејмани, Сабина Рушити, Анес Хоџа, Един Курт, Зафира Алија, Саит Ибиши, Ерсан Рахмани, Елвира Горан, Ерсан Али, Един Нурче, Санида Бачка, Муамер Чучуљ, Енсар Рифати, Алмира Хајрадини, Елмир Алидини, Сафет Бељуљи, Ајида Пајазити, Ертур Хасани и Кабир Шуаре.

Continue Reading

Балкан

ШОК ЗА ТУРИСТИТЕ Уште една такса за оние кои патуваат во Грција

Published

on

Најголемите туристички земји од оваа сезона воведуваат различни даноци за да се заштитат од последиците од прекумерниот туризам, а една од нив е и Грција.

Како што објави порталот „Грција инфо“, оваа земја од 1 јануари 2025 година воведе даноци за климатска отпорност (одржливост), кои ќе го заменат данокот за престој.

Како што вели овој портал, данокот т.е. надоместокот за отпорност на климата ја замени поранешната туристичка такса и се бара да се наплаќа од гостите од сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција.

Данокот, како и досега, се наплаќа посебно за гостите во повеќето хотели и сместувачки комплекси и не е вклучен во цената на одморот. Во некои сместувачки капацитети, сопствениците го преземаат овој трошок, така што данокот е веќе вклучен во цената и не се наплаќа дополнително.

Бизпортал.рс

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк