Connect with us

Инфо +

Норвешка не е во ЕУ но целосно ги разбира македонските позиции, средба Сиљановска – Матисен

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен.

Двајцата соговорници го поздравиле сојузништво во НАТО а претседателката изразила благодарност за норвешката континуирана поддршка на македонските евроинтеграциски процеси.

Сиљановска Давкова на средбата уште еднаш истакнала дека географски, историски и културно, отсекогаш сме биле дел од Европа и дека на нашето пристапување кон Унијата гледа како на реинтеграција.

Претседателката на средбата потенцирала дека како држава Македонија сторила многу, па дури и го смени државното и уставно име, и укажала на неопходноста од почитување на волјата на граѓаните, како и на политичкото достоинство. 

Претседателката, исто така, упатила на одредбите од договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, Повелбата за фундаменталните права, како и другите релевантни документи со кои се гарантираат националниот и културниот идентитет, како и еднаквоста на државите, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.

Потенцирајќи дека нашиот Устав гарантира сеопфатна заштита на малцинските права, претседателката Сиљановска-Давкова ја квалификува билатерализацијата на процесот на пристапување кон Европската Унија како опасен преседан, што нема да остане осамен.

На средбата претседателката ја изразила својата лична заинтересираност за норвешката литература, филозофија и уметност. За неа норвешката демократија е инспиративен политички систем, се вели во соопштението. 

Оттука таа го нагласила задоволството што двете држави повеќе од три децении негуваат одлични билатерални односи, како и очекувањето дека соработката континуирано ќе се зајакнува и унапредува во сите сфери од заемен интерес, а особено во економската област, рефлектирајќи ги потенцијалите на двете држави.

Специјалниот претставник Матисен на средбата истакнал дека и покрај тоа што Норвешка не е членка на ЕУ, целосно ги разбира македонските позиции. 

Тој дополнително подвлекол дека, денес, кога постојано се соочуваме со нови предизвици, посветеноста на принципите на меѓународното право и мултилатерализмот е поважно од кога било, стои во соопштението.

Балкан

АЛБАНИЈА ЌЕ ГО ЗАБРАНИ УВОЗОТ НА СТАРИ ВОЗИЛА

Published

on

Албанија ќе го забрани увозот на возила произведени пред 2011 година, како дел од мерките за намалување на загадувањето на животната средина и за зголемување на безбедноста на патиштата. Ќе биде забранета регистрација на возила кои не го исполнуваат стандардот „Еуро 5“ на Европската Унија, со што ќе се замени сегашниот стандард „Еуро 4“.

– Според податоците на Дирекцијата за транспорт, само лани биле регистрирани 100 илјади возила увезени од 81 земја, од кои над 33 илјади ја исполниле само нормата Еуро 4, додека 22 илјади биле постари од 15 години. Оваа политика доаѓа како обид да се исполнат меѓународните барања за заштита на животната средина и за безбедноста на патиштата, бидејќи постарите автомобили се сметаат за позагадувачки и поопасни за сообраќајни несреќи – објавија албанските медиуми.

Црна Гора го забрани увозот на автомобили произведени пред 2009 година. Косово од 2017 година не дозволува увоз на возила постари од 10 години, а од 1 јануари 2025 година го забрани увозот на автомобили произведени пред 2015 година. Во моментов, просечната старост на автомобилите во регионот е 18 години, додека во ЕУ е 12 години.

Continue Reading

Македонија

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ГО ЧИСТАТ КУМАНОВО

Published

on

ЈП „Чистота и зеленило“ и КПУ Затвор – Куманово потпишаа Меморандум за соработка, за организирање општокорисна работа за осудените лица.

Соработката има цел да го поддржи ресоцијализацискиот процес на осудените лица, преку нивно активно вклучување во активности за чистење и одржување на јавните простори во општината.

– Очекуваме наскоро да бидат ангажирани осудените лица и да помогнат во одржувањето на хигиената на повеќе локации на подрачјето на општината. Претходните искуства покажуваат дека бенефитот е одличен и за самите осудени лица, им помага во нивниот процес на ресоцијализција, но и за претпријатието – изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.

Соработката, нагласуваат од двете институции е во согласност со законските регулативи и се реализира за да се подобрат условите за живот на заедницата, како и да се поттикне одговорност и ангажираност кај осудените лица.

Претходно кумановскиот затвор потпиша меморандум за соработка и со Општата болница Куманово

Continue Reading

Македонија

Се заканувал со нож на роднина и кршел предмети, доби кривична пријава

Published

on

43-годишен стружанец доби кривична пријава поради тоа што на 8 јануари му се заканувал со нож на роднина со кој живее во заеднички двор, а потоа и кршел предмети од куќата на десет години помладиот роднина, соопшти МВР. 

„ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.К.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“. На 08.01.2025 во заедничкиот двор од куќа во Струга, по претходна расправија со негов роднина С.К.(33), со остар предмет му упатил закани, а потоа оштетил предмети од неговата куќа“, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк