Connect with us

Инфо +

Добра вест! Владата одлучи ски центрите да работат

Published

on

Владата на денешната седница одржана попладнево го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат согласно соодветен протокол со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија од КОВИД-19, имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичарите.

Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на протоколот за безбедносни мерки за ски центрите во Република Македонија за измени во однос на обезбедување на редарска служба пред билетарите и ски лифтовите, задолжително обезбедување на физичко растојание од 1,5 – 2 метри и пред билетарите (како пред жичарите и ски лифтовите), ограничување на работа на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Низ Европа се уште постои дебата на највисоко ниво па дури настана и искрење меѓудржавно ниво со Германија од една страна и Австрија од друга страна, дали центрите да работат и кој да ја надомести штетата од можните огромни загуби ако се стави клуч на врата. Германската канцеларка Меркел сака скијачките центри во Европа засега да останат затворени поради корона-кризата. Австрија и Швајцарија се бунтуваат, а и Бугарија не е подготвена на такво нешто. Владата и италијанските ски региони на состанок деновиве преговараат дали ќе се отворат скијачките центри за време на претстојните празници, Божик и Нова година.

Австрија и Швајцарија засега ќе работат под полна пареа секако со строги протоколи. Наспроти нив Франција и Германија ќе ги држат центрите затворени но до кога е навистина прашање на време заради можност од губење на какви такви приходи кои би се одлеале кај соседите. Од регионов ќе работат сите ски центри, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија, а од денес официјално и македонската влада го потврди т.е одобри функционирањето според протоколи.

Скопје

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Published

on

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.

Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од кого очекуваме одговори. Детали побаравме и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранцијата е клучот за посреќна и поубава Македонија

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, заедно со домаќинот Висар Ганиу и колегите Александар Стојкоски, Дејан Митески, Валбон Лимани, Блерим Сејдиу и Јовица Илиевски, го одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата со акција за засадување дрвја во општина Чаир.

„Овој ден е потсетник дека мирот и разбирањето треба да ги практикуваме секој ден. Засадувањето дрвја симболизира сплотеност и заедничка одговорност за подобро утре“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека оваа активност е доказ за силата на соработката меѓу различни култури и националности, покажувајќи дека заедничките напори можат да донесат позитивни промени.

Акцијата ја испрати пораката дека единството и соживотот се клучни за напредокот, а Македонија, како мозаик од различности, може да биде пример за мир и толеранција.

Continue Reading

Македонија

Меџити: За 6 месеци распределивме половина милијарда евра за општински проекти

Published

on

Во интервју за РТК, првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, во пресрет на заедничката меѓувладина седница што ќе се одржи следниот понеделник во Косово, зборуваше за достигнувањата на коалицијата ВРЕДИ како дел од владата.
Говорејќи за 100-те дена од владата, Меџити изјави дека Владата на Северна Македонија постапува согласно програмите и ветувањата и спроведува проекти кои се генерално во корист на граѓаните, а особено на албанците.

„Се води остра борба против бизнисот со казина за драстично намалување, бидејќи тие се штетни за граѓаните и за државата. Исто така, се работи на бескомпромисна борба против корупцијата што се случувала во минатото, иако последниот збор го има правосудството“, рече тој.
Понатаму, Меџити изјави дека Владата донела одлука за 35 милиони евра за изградба на универзитетски кампус „Мајка Тереза“ и дека во вторник ќе се донесе одлука за целосно уредување на плоштадот „Скендербег“ во „Старата чаршија“ во Скопје, во вредност од 20 милиони евра.
„Во овие 100 дена значителен фокус беше ставен на зајакнувањето на децентрализацијата, која е столб на Охридскиот договор. Владата ја отвори постапката со која во ова полугодие се распределуваат 100 милиони евра за општински проекти што се однесуваат на инфраструктурата и подобрување на животниот стандард. Подготвуваме уште 250 милиони евра за периодот од јануари до март. Во рок од шест месеци, вкупната сума за реализација на проектите ќе достигне половина милијарда евра, од кои 30% се наменети за албанските општини и населени места“, додаде Меџити во интервјуто за РТК.
Според него, децентрализацијата за Албанците во Македонија е двојно поважна, бидејќи била идејата на Охридскиот договор преку зајакнување на општините, Албанците да ги остварат повеќето свои права без потреба да се обраќаат директно до Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк