Connect with us

Магазин

Имала 21 година: Оливија мислела дека има срцев удар, но не се надевала на ова: “Внимавајте посебно на овие симптоми”

Оливија Смит (24) била дијагностицирана со пнеумоторакс, состојба во која воздухот влегува во плевралниот простор, помеѓу белите дробови и помеѓу ѕидот на градниот кош, кога имала само 21 година.

Пред тоа немала никакви здравствени проблеми, имала целосно здрави гради и не пушела, а сега ја споделува својата приказна за да ги предупреди другите на можни симптоми.

Откако го прославила својот 21. роденден, веќе следниот ден почувствувала силна болка и била пренесена во болница.

Доживеала четири колапса на белите дробови

“Отварав поклони од роденденот кога доживеав колапс на градите, мислев дека имам срцев удар. Бев во шок и преплашена бидејќи не знаев што се случува. Ме однесоа на итна реанимација и помислив дека животот засекогаш ќе ми се промени”, се присетува Оливија.

После рендегенското снимање, докторите ја утврдиле причината – спонтан пнумоторакс, состојба во која воздухот влегува во просторот помеѓу белите дробови и градниот кош, создавајќи притисок кој го отежнува ширењето на белите дробови при дишење. Во случајот на Оливија, капацитетот на нејзините бели дробови опаднал за 50%.

Докторите извршиле дренажа за да се намали притисокот, што во почетокот помогнало, но нејзината состојба повторно се влошила неколку месеци подоцна. Тогаш морала да замине на операција за проблемот трајно да се реши, но една година подоцна, го доживеала третиот колапс. Докторите повторно извршиле дренажа, а неколку месеци подоцна, Оливија го доживува четвриот колапс, иако овој пат во нешто понежен облик.

Докторите и понудиле можност за уште една операција, но Оливија засега одлучила да почека и да му даде време на телото да се опорави. Доколку проблемот повторно се појави, операцијата ќе биде неизбежна. Моментално нејзините бели дробови работат со 80% капацитет, а како што вели, настинките се прилично чести, иако се обидува да му се врати на нормалниот живот.

Оливија сега сака да ја покрене свеста за пнеумоторакса и неговите симптоми, па на ТикТок ги сподели своите искуства.

“Не знаев дека може да дојде до колапс на градите додека мене не ми се случи тоа. немав поим за симптомите, мислев дека имам срцев удар”, изјави таа и ги наведе симптомите на кои луѓето треба да посветат посебно внимание. Симптомите вклучуваат изненаден прекин на воздух, остри болки во градите, притисок во градите, како и длабока болка при смеење или кашлица.

Иако пнеумотораксата може да биде предизвикана од повреди на градниот кош, болести на белите дробови или пушење, Оливија нагласува дека во нејзиниот случај, причината не била ниту една од овие работи.

@livsmith71 I think its crazy, that there is no REAL reason for a pneumothorax. Literally no obivous reason. But we move! #pneumothorax #lungs #collapsedlungs ♬ original sound – Stan 🙂

Advertisement

Магазин

Македонците потрошиле скоро 3 милиони долари на Onlyfans

Македонските корисници во 2025 година потрошиле речиси 3 милиони долари односно вкупно 2.869.784,63 долари на платформата за креирање содржини за возрасни – Onlyfans. 

Иако сумата изгледа висока, сепак таа останува занемарлива во глобалните рамки каде прометот се мери во милијарди, но Македонија и натаму е меѓу државите со најниска просечна потрошувачка во регионот.

На глобалната листа на приходи на Onlyfans за 2025 година, земјава е позиционирана на 86-тото место од вкупно 188 држави. Оваа година потрошувачката е повисока за речиси 370.000 долари во однос на 2024-та година, што претставува пораст од околу 14,82 проценти.

Анализите според потрошувачката усогласена по глава на жител покажуваат нешто подобар пласман односно 64-то место со просек од 12.877 долари на 10.000 жители.

Разликите меѓу земјите се значителни. Словенија е убедливо пред сите со просечни 6,8 долари по жител, следат Хрватска и Грција со по 4,6 долари, Србија со 2,6 долари и Црна Гора со 2 долари. Под Македонија се само Бугарија и Албанија, чија просечна потрошувачка не достигнува ни еден американски долар по жител.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ако го видите овој знак на патот, тргнете се веднаш: Казните се до 200 евра!

Европските земји постепено воведуваат нови сообраќајни правила, а еден знак веќе привлече големо внимание кај возачите. Станува збор за син сообраќаен знак со бел дијамант, чие игнорирање може да биде скапо – во Франција казната е 135 евра, додека во Шпанија е дури 200 евра.

Овој знак означува посебна лента која е наменета само за одредени категории возила. Во Франција, веќе може да се види во поголемите градови како што се Лион, Гренобл и Стразбур, а властите најавија дека ќе биде проширена на целата земја во наредниот период.

Лентата означена со бел дијамант не е достапна за сите. Дозволено е да се вози само со возила со најмалку двајца патници, автомобили со ознака за нулта емисија, такси – дури и кога не превезуваат патници – и јавен превоз. Другите возачи кои ќе се најдат во оваа лента ризикуваат казна.

Специјалните ленти најчесто се наоѓаат во левата лента на автопатите и експресните патишта, особено во областите каде што често се случуваат сообраќајни метежи, како што се приближувањата кон градовите или излезите од автопатите. Во некои случаи, овие правила важат само во одредени периоди од денот, што дополнително е означено со семафори или самиот дијамантски знак.

Целта на воведувањето на овој знак и посебните ленти е да се олесни сообраќајот и да се намали загадувањето. Со поттикнување на заедничкото возење и употребата на еколошки возила, властите сакаат да го намалат бројот на автомобили на патиштата и да го забрзаат протокот на сообраќај, особено во шпицот.

За возачите, ова значи едно – тие треба да обрнат дополнително внимание на сообраќајните сигнали, особено кога возат во странство. Незнаењето на ова правило не ги ослободува од одговорност, а казните можат да бидат сериозен удар за домашниот буџет.

Извор: 4news.mk

Continue Reading

Магазин

Ова се најевтини земји за живеење

Индија, Пакистан и Авганистан се меѓу најдостапните земји во светот кога станува збор за месечните трошоци за живот, покажуваат најновите податоци.

Индија нуди просечна месечна цена на живот од околу 423 американски долари, додека нејзиниот сосед Пакистан е уште поевтин со околу 370 долари месечно. На врвот на листата се наоѓа Авганистан, каде што просечните месечни трошоци изнесуваат околу 354 долари.

Иако овие земји се издвојуваат со ниски цени, експертите предупредуваат дека тоа често оди рака под рака со проблеми со безбедноста, а разликите во трошоците меѓу урбаните и руралните средини можат да бидат значителни.

Други достапни дестинации

Меѓу земјите со ниски животни трошоци се споменуваат и Непал и Бутан, кои се познати по прифатливите дневни трошоци. Во Африка, Бурунди се издвојува како една од најевтините држави.

Виетнам, пак, важи за омилен избор меѓу иселениците благодарение на ниските цени на храна, сместување и секојдневни услуги, наведува CNBC.

Најповолни земји за патување

Лаос, Индија, Тајланд и Филипини се меѓу најевтините дестинации за патници, главно поради евтината локална храна и транспортните услуги.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг