Connect with us

Инфо +

Ќе се случи ли кај нас истото? Грција станува во карантин до 7 јануари, само фризерниците и книжарниците ќе работат

Published

on

Црквите ќе останат затворени со исклучок на Божик (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници, односно до девет лица во црквите и најмногу 25 лица во поголемите храмови

Фризерските салони и книжарниците се единствените бизниси во Грција што ќе почнат со работа, додека продавниците ќе работат само со подигање на нарачка, а полицискиот час, СМС-пораките за движење и постоечките рестрикции во земјата се продолжени до 7 јануари, јави МИА од Атина.

За подигање на нарачката ќе биде потребно и испраќање СМС-порака, истото што важи и за посета на супермаркет или аптека, а ќе важи и за фризерските салони.

Ако не се почитуваат правилата и мерките, ќе се укине и ќе се повлече конкретната услуга.

До 7 јануари 2021 година во Грција остануваат затворени училиштата, трговските центри, рестораните, таверните, кафулињата и баровите, спортските и фитнес-центрите, а движењето на граѓаните и понатаму ќе  биде само по претходно испратена СМС-порака со избрана една од шесте опции.

Грчката влада на 7 ноември воведе карантин во целата земја, кој првично требаше да трае само 23 односно до 30 ноември, а дополнително беше продолжуван.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 3 370 смртни случаи од ковид-19 и 121 253 заразени лица. 

Повеќе 360

Европа

НУДАТ ПЛАТА ОД 1.600 ЕВРА, НО НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНИК: Тешко до работна сила и на најатрактивната локација

Published

on

Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.

Не помага ниту понудената нето плата од 1.600 евра месечно, која далеку ја надминува просечната плата, бидејќи во моментов не можат да најдат работник, пренесува Јутарњи лист.

На задоволство на граѓаните на Загреб, кулата Сљеме повторно ги отвори вратите за јавноста во мај 2023 година, по краткото отворање во осумдесеттите. Овој заштитен знак на Загреб и Медведница е изграден во далечната 1976 година за основна функција за пренос на телевизиски и радио сигнали.

Кулата претрпе значителна штета од ракетирањето на ЈНА во 1991 година, а реставрацијата на кулата започна во 2019 година. Тоа е највисоката точка над главниот град, од која се нуди панорамски поглед, па се гледа Загреб „како на дланка“, а глетката допира преку Загорје сè до словенечките Алпи. Затоа, идејата за комерцијализација на кулата е привлечна, а технолошкиот развој и намалениот опсег на уредот овозможија да се пренаменат некои простори за оваа намена. Така, половина година по отворањето на кулата за јавноста, беше отворен и кафе барот „Сљеме 360°“.

Continue Reading

Македонија

Пукано во 20-годишно момче од Шуто Оризари – посочен е можниот сторител

Published

on

Денеска (14.11.2024) во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, Ш.М.(20) од Скопје бил повреден од огнено оружје, а како можен сторител бил посочен Х.И.(47) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Мајка ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, поднесе кривична пријава против Љ.Н.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Пријавената, во периодот од 2020 до 24.10.2024, ја наведувала нејзината малолетна ќерка на проституција, за што добивала паричен надомест.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк