Connect with us

Инфо +

Епидемијата ќе ги изгаси бадникарските огнови и коледарските песни

Published

on

Во пресрет на Божиќните празници, а поради опасноста од ширење на ковид, Македонската православна црква (МПЦ) ги откажа бадниковите поворки, но и други божиќни прослави каде традиционално секоја година има голем број верници.

Свештените лица препорачуваат децата утре, рано наутро да останат дома.

И Манифестацијата „Бадникови поворки“ годинава нема да се одржи.


Од Здружението „Бадникови поворки“ на својата фејсбук-страница објавија дека овој пат околностите не дозволуваат да се организира божикната манифестација, ниту да се собираат и формираат поворки. Тие ги повикуваат верниците на 6 јануари, точно во 12 часот, каде и да се наоѓаат на планетата Земја да запрат за миг и да се помолат за подобра година за сите и силно да ја запеат Божикната песна.

За православните христијани утре е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејството!



Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година.



Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка.


Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик.

Македонија

РЕПУБЛИКА: Адвокатот на Рашковски ќе го брани Груби!?

Published

on

Владимир Доневски е адвокатот што ќе го застапува Артан Груби во случајот „Лотарија“, дознава „Република“. Тој веќе се ангажирал за неговиот клиент кој во моментов се наоѓа на Косово, наводно поради приватни причини. 

„Република“ стапи во контакт со Доневски кој рече дека брза на судење и не може да ни потврди дали е застапник на Груби.

Според нашите сознанија, Доневски веќе се фатил за работа и вчера бил во Кривичниот суд за да се произнесе на барањето на Обвинителството за одредување на притвор за Груби. Адвокатот наводно му предочил на судијата на претходна постапка дека Груби е подготвен да се врати во Македониј доколку мерката притвор биде заменета со поблага како што е одземење на патните исправи.

Одлуката на судијата за Груби се очекува денеска. Инаку Доневски е познат во јавноста како поранешен застапник на Драги Рашковски.

Continue Reading

Македонија

Меџити за случајот со Државна лотарија: Пораката е дека никој не е над законот, секој што згрешил мора да одговара

Published

on

Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде, изјави Меџити. 

Пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, прашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.

Меџити, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, рече дека се „согласува со евроамбасадорот“ дека треба да оставиме МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.

– Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогон, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде, изјави Меџити.

Евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, без коментар за случајот со корупција во Државната лотарија, нагласувајќи дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе.

-Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе, изјави Рокас.  

Курир

Continue Reading

Македонија

Сообраќајна несреќа кај рафинерија Окта: Измени во сообраќајот

Published

on

Сообраќајот за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на автопатот Миладиновци – Куманово, поточно кај рафинерија Окта – село Дељадровци за патнички возила се одвива по една коловозна лента, а товарните моторни возила се пренасочуваат кон Миладиновци, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк