АКО ТРЕБА ЌЕ ГО ПРОДАДЕМЕ СТАНОТ САМО ДА ГО СПАСИМЕ СИНОТ БОРЧЕ
Силен стисок на рака,посилен од секој изречен збор. Очи полни солзи, поглед кој искажува неизмерна благодарност- Божиќните ѕвона ја пробудија изгубената надеж, на охридското семејство Лазарески. Тие се молам за здравјето на нивниот 11 годишен син Борче кој има вродена срцева аномалија.
Боли мајчиниот лелек за момчето чии чекори се се’ потешки,не може со леснотија и безгрижно да претрча преку куќниот праг, бидејќи како што расте,симптомите на срцевото заболување се се ‘ посериозни. Тешко е да се биде мајка на чедо кое не знае што ќе му донесе утрешнината-вели 41 годишната Сања која е телесен инвалид, исто како и нејзиниот сопруг Перо кој работи како таксист, а она што ќе ги спечали е единствениот прилив на сретства во касата на ова скромно семејство.
200 денари на ден.Колку Ви стигаат тие пари? Само за децава.И тоа само за основни намирници? Само за леб.Ништо,ништо не земаме од државата.Имате поднесено за социјална помош? Порано,ама не одбија-вели Сања Лазареска.
Едвај врзуваме крај со крај, вели Перо и извади од џебот 140 денари,еве вели колку пари денес донесов дома.Месечно заработувам околу 6.000 денари,раскажува,а тоа не стигнува за да се подмират давачките и да се прехранат 5-те гладните усти,оти покрај Борче, тие имаат уште две деца-14 годишна ќерка и 18 годишен син.
На 23-ти овој месец Борче го чека уште една контрола, доколку е потребно да се направи операција, без размислување ќе го продадеме станот во кој живееме и ќе останеме без покрив над глава-вели Перо, чии зборови како камења паѓаат од душа.
Имало моменти, се случувало кога треба да одиме на контрола или во болница да го носиме, да немаме дома да јадеме леб.Ама јас ако треба место 10 часа, 15 ќе работам, ама другите деца да не го почувствуваат тоа.Тие се премногу скромни, особено ова дете што е со здравствен проблем,немам збор за него тој и на чоколадо од 20,30 денари е преблагодарен-вели Перо Лазарески.
Свиен за мајчините раце,Борче не испрати со широка насмевка и топли детски очи.Ведрите насмеани лица на 3 –те деца и даваат поттик Сања да ја подготви скромната божиќна трпеза.
Лазарески не испратија со зборовите : “ Ви Благодараме, Бог само убавини да ви даде “.
Охриѓани покажаа дека имаат благородна душа,да му помогнеме на Борче да ја извојува животната битка и со смеа и радост,миговите да ги поминува опкружен со врсниците,оти парите не го чинат човека богат- туку племенитото срце.
Почина 19-годишниот Бошко Јанкулов, за кој цела Македонија собираше пари во надеж дека ќе успее да се спаси од тешката болест. Боледуваше од малиген канцер на коски, карлица и бели дробови.
Жалната вест за неговата смрт ја објави неговата мајка, која со потресна порака се прости од своето чедо.
Единец на мајка. Ѕвездо наша најсјајна, душа чиста како ангел, срце пречисто како солза радосница, светлино наша, ни ги исполни животите со спомени што за навек ќе се паметат. Дете полно разбирање, емпатија, простување, без осуди кон никого. Иако се чувстуваше тажно и неприфатено од околината, сепак на крајот се запрепасти во тешките твои битки колки си сакан и почитуван и подржуван. Биди спокоен чедо наше, таму каде што одиш нема болки, нема патење само мир вечен. Вечен спокој на душата твоја, те чека бога со раширени прегратки. Прости ни сине, не можевме да те сочуваме! Биди ангел на небото исто како што беше на земјата. ВЕЧНА ТИ СЛАВА ЈУНАК НАШ, НАРОДЕН ХЕРОЈУ. ДО СЛЕДНО ВИДУВАЊЕ. МАМА ТЕ САКА БЕСКОНЕЧНО, напиша таа на социјалните мрежи.
Maрко Мицески од Прилеп е двегодишно ангелче кое се бори со ретко заболување и поради кое и во моментов е во болница.
Неговото лекување е возможно во Турција, но за истото е потребни 19.000 евра – средства кои неговите родители не се во можност целосно да ги обезбедат.
-Ве молам помогнете им за да можам и јас да учам, да се развивам и играм, да се радувам на животот како сите мои врсници, стои во апелот за помош.
Во апелот има трансакциски сметки за донации за Македонија и Германија, па доколку сте во можност помогнете со ваш прилог за ова мало ангелче да добие шанса за здраво и безгрижно детство.
Алексеј има само 3 години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни последици и смрт.
Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции.
Поради тоа, неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал Улус во Истанбул, но пресадувањето чини 19.000 евра, средства кои моментално семејството на Алексеј ги нема.
Затоа ве замолуваме токму вас, хумани луѓе кои ја поддржувате работата на нашата фондација, уште еднаш заедно да ја покажеме солидарноста на дело и да донираме за да го спасиме животот на нашиот Алексеј!
Донациите ќе се прибираат на сметката на фондацијата, а со собраниот износ ќе се платат сите трошоци кон болницата во Турција.