Category Archives: Религија

Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи дека има некоја волшебна сила – Светата маченичка ТАТЈАНА

Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал, во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка.

Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуа на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба.

Кога ја изведоа девицата Татјана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им се отворија очите и видоа околу маченичката четири ангели. Кога го видоа тоа, осуммина од нив поверуваа во Христа, заради што и самите беа мачени и убиени.

Светата Татјана продолжија да ја мачат: ја биеја, ѝ отсекуваа месо, ја стружеа со железо и целата накажана и ранета ја фрлија вечерта во затворот за утредента повторно да ја стават на маки. Но, Бог ги испрати Своите ангели во затворот за да ја охрабрат и да ѝ ги исцелат раните, па Татјана изутрината се јави пред мачителите наполно здрава.

Ја фрлија пред лав, но лавот се умилкуваше околу неа и воопшто не ѝ наштети. Ѝ ја отсекоа косата, мислејќи според нивниот незнабожечки ум, дека во косата ѝ е скриена некоја магија или волшебна сила. Најпосле ја изведоа заедно со татко ѝ и обајцата ги убија со меч. Така во 225 година го заврши животот оваа славна девица со тело на жена, а со мажествен дух.

Денеска е Свети Григориј, епископ Ниски

 Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит.

Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата. Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаја да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство.

Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања. Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.

Четириесет и девет годишна докторка, добила девојче по молитвите во манастирот Копорин

Во православниот манастирот Копорин во Шумадија доаѓаат жени кои немаат деца од целиот Балкан и се молат Бог да им подари рожба.

Според зборовите на монахињата од манастирот не е познат бројот на брачни парови кои благодарение на молитвите во манастирот добиле пород. Сликар и иконописец од Белград доби ќерка благодарение на молитвите во Манастирот, во знак на благодарност ни изработи една голема икона, раскажува монахињата.

Има многу луѓе кои ни се јавуваат и се заблагодаруваат на Бога и светителот за добиеното потомство.

На познат балкански пејач на Света Гора му препорачале заедно со неговата сопруга да појде во манастирот Копорин, откако го посетил манастирот добил две ќерки.

Сепак најинтерен е примерот со лекарката Радмила Поповиќ која добива девојче на 49 години, после молитвите во манастирот.

„Кога човек рационално ги согледува нештата не би можел да поверува, сепак сум јас доктор специјалист кој се занимава со наука. Јас само знам дека после шест месеци од читањето на молитва јас забременив, а после девет месеци се роди нашата Гоца вели докторката Радмила.

Слепченскиот манастир чувар на македонската култура и јазик преку изучување на тајните монашки записи

Сместен под пазувите на планината Илиница, над селото Слепче, во општината Демир Хисар, Слепченскиoт манастир е верен чувар на македонската национална култура и јазик. За да го зачува книжевното наследство, како еден од најбогатите книжевни центри во минатото, не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, сестринството на манастирот, предводено од игуменот Серафим, веќе неколку години ги враќа ракописите во дигитална форма. Во исто време детално се изучуваат јазичните особености на ракописите, а и се расчитуваат тајните записи што ги оставале претходните монаси. Така се утврдуваат зачувувањето и продолжувањето на Светиклиментовата книжевна традиција, а и самата историја на манастирот.

Слепчанскиот манастир ,,Св. Јо­ван Пре­те­ча“

Слепченскиот манастир ,,Св. Јован Претеча“ во минатото на македонскиот народ бил најзначајниот активен книжевен центар и скрипториум на Охридската архиепископија. Во него на најавтентичен начин се негувала Светиклиментовата писмена и литургиска традиција. ,,Св. Јован Претеча“ е еден од ретките манастири во кои се богослужело исклучиво на словенски јазик. Не случајно манастирот располагал со богата ракописна збирка со словенски и оригинални византиски ракописни книги.

Варлаамов Пролог, 16 век

Според академикот Ѓеорги Поп Атанасов, раководител на Институтот за книжевно наследство при МАНУ, Слепченскиот манастир бил еден од најбогатите книжевни центри не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров. Слепченската книжевна школа доживува најголем подем за време на игуменот Серафим, кога на престолот на Охридската патријаршија седи архиепископот Прохор, кој имал словенско потекло и кој безрезервно ја поддржувал просветната дејност на манастирот. Тој и самиот порачувал ракописни книги не само за катедралната црква на архиепископијата туку и за сите цркви што спаѓале под нејзина управа. Во некои слепченски ракописи овој охридски архиепископ оставил и автографски записи.

Запис на св Кипријан Слепченски во Слепченско Четвороевангелие, од 16 век.

Со благослов на игуменот Серафим, овде, во 16 век, дејствувале познатите слепченски книжевници, јеромонасите Висарион, Матеј, Пахомиј, Сисој и други, кои меѓу другото биле и извонредни калиграфи. Од овој период се зачувани мошне значајни ракописни книги: украсни четвороевангелија, паренезиси, панегирици, псалтири, минеи, октоиси, литургиски и монашки зборници, богословско-филозофски зборници, таканаречените познати стиховни пролози, кои како жанр првпат се среќаваат во овој манастир, од перото на јеромонахот Висарион.

По барање на Прохор, за потребите на Великата охридска црква, јеромонасите Висарион и Сисој во 1544 година напишале една палеа, т.н. „Библиски книги (осмокнижие)“, која денес се чува во Московската библиотека, во збирката на Григорович. Исто така, по негова нарачка биле пишувани зборници со творби на Св. Дионисиј Аеропагит, Св. Јован Дамаскин и Св. Григориј Палама. Меѓу ракописното богатство на манастирот посебно место зазема познатиот „Слепченски апостол“ од втората половина на 11 век, кој претставува единствен зачуван препис на Кирилометодиевиот превод на Апостолот на словенски јазик. Тој е пишуван со убаво кирилско писмо врз пергамент и има 154 листа. Како таков, целосен Апостолот бил во манастирот во Слепче до 1845 година, сѐ додека не го посетил рускиот колекционер Виктор Григорович. Во текот на 19 век тој бил изнесен од манастирот, дел по дел, па денес е поделен во повеќе странски библиотеки, во Москва, во Ленинград, во Киев, во Пловдив.

Денес во манастирот не е зачуван ниту еден лист од оваа книжевна реликвија, но за да го зачува своето културно книжевно наследство, сестринството на манастирот, предводено од игуменот Серафим, пред неколку години започна проект на враќање на ракописите во дигитална форма, следејќи ги препораките на академик Ѓеорги Поп Атанасов. Со негова помош се пристапи и кон детално изучување како на јазичните особености на ракописите така и на расчитување на тајните записи што ги оставале претходните монаси. Со првото се утврдуваат зачувувањето и продолжувањето на Светиклиментовата книжевна традиција, а со второто самата историја на манастирот.

Номоканон на Матеја Властер, 14 век

Многу е значаен и Слепченскиот фрагмент од триод од 11 век. Тоа е пергаментен лист од цветен триод што е најден во манастирот. Текстот во фрагментот е пишуван во две колони. Правописот е двоеров и двојусов. Овој фрагмент е интересен од музичка гледна точка, бидејќи во него на две места се наоѓа самостојна употреба на нотниот знак ,,тита“. Со оглед на тоа дека станува збор само за фрагмент од еден лист, мошне веројатно е во целиот текст на ракописот овој знак да се среќавал и во комбинации со други нотни знаци. Денес фрагментот се наоѓа во Русија.

Стиховен Пролог, јеромонах Висарион Слепченски, 16 век

Во Софиската народна библиотека, под бројот 1.037, се чува Слепченскиот патерик, кој датира од 14 век. Тој претставува збирка на посебно издвоени поучни места од животот на светителите, пустиниците, монасите отшелници, примери на обратени грешници, заради духовно надградување и усовршување на браќата.

Украсно Слепченско евангелие , 16 век

Многу значајни за историјата на манастирот се Слепченските поменици. Најстариот од нив е пишуван некаде пред 1544 година, од познатиот слепченски книжевник Висарион. Во 1845 година ракописот е земен од В. Григорович и е однесен во Русија. Тој има 190 листа и се чува во Државната научна библиотека во Одеса, под бројот 91(40). Друг Слепченски поменик од 16 век сега се наоѓа во Софиската народна библиотека, под бројот 1.015, со 82 хартиени листа. Во истата библиотека се чува и трет Слепченски поменик, пишуван во периодот меѓу 1792 и 1832 година. Поменикот има 190 хартиени листа. Овие поменици, покрај имињата, содржат и мошне интересни записи во врска со историјата на манастирот.

Фрагмент од Охридска Палеа,( Осмокнижие, Библиски книги)16 век

Мошне е интересен и Слепченскиот писмовник, кој исто така датира од 16 век, од раката на Висарион Слепченски, а претставува еден вид збир на обрасци на писма за обраќање до посебни личности, до епископ, до игумен, до монах, до султанот и слично.

Фрагмент од Слепченски Апостол, 11 век

Исто така со голема вредност е и слепченскиот препис на Номоканон на ,,Матеја Властар“, зборник со правна содржина, во кој се соединети нормите на црковното и световното право. Овој словенски превод е направен набргу по неговото составување, односно во 14 век. Притоа, во тој превод има и текстови што ги нема во грчкиот оригинал, како и список на архиепископиите и митрополиите што спаѓаат во диецезата на Цариградската патријаршија.

Фрагмент од Слепченски Патерик, 14 век

Од 1563 година датира ,,Диоптрата на Филип Монотроп“, која во словенските ракописи се нарекува ,,Зерцало“ или ,,Огледало“, пишувана од слепченскиот јеромонах Матеј.

Фрагмент од Цветен Триод , Слепче 11 век

Денес манастирот ја продолжува својата вековна традиција, која има корен во делото на светите браќа Кирил и Методиј, а покрај тоа врши и постепена дигитална реституција на црковното книжевно наследство. Покрај ова, се објавуваат и нови книги со духовна и поучна содржина, чии автори се членовите на манастирската заедница. Се преведуваат книги и се составуваат духовни песни, кои засега се сместени во четири книги, под насловот ,,Манастирски води“, се пишуваат нови акатисти и служби на светители, се пишуваат нови тропари за светители што досега немале свој посебен тропар, а кои ќе бидат сместени во повеќетомното издание на новиот Слепченски пролог со химнографија, проследени со западна и источна нотација и кратки проложни житија за секој светител од денот, и кои ќе може да се користат и како синаксари на утринската богослужба.

Нова Македонија

Чудото на Свети Јован со болното дете на албанскиот бег – Свети Јован во Бигорски не престанува да твори чудеса

За Свети Јован, Претечата и Крстител Господов, се вели дека додека бил жив на земјата не направил ниедно чудо, додека откако заминал на Небесата не престанал да твори чудеса. Сепак, ние со вистинитост ќе кажеме дека самата негова личност, неговото необично, ангелоподобно житие преставува едно огромно чудо Божјо! Образ на воздржанието, на девственоста, на покајанието и на чистотата од страстите преку испосништвото и молитвата, Свети Јован се покажал како „ангел во тело“ и „телесен ангел“, како тајноводец во тајните на монаштвото, но и на добродетелниот христијански живот воопшто, кој нè подготвува за патот Господов.


Бигорската чудотворна икона на Свети Јован Претеча и Крстител

Овој светилник на Сонцето на правдата – Христос Бог, најславниот од сите пророци, крајот на Стариот и почетокот на Новиот Завет, Претечата и Крстителот Господов Свети Јован, го удостоил и нашиот народ со неговата покајничка и преобразувачка светлина, која веќе илјада години ги осветлува нашите простори преку неговото славно Бигорско Светилиште крај Радика. Во една прилика, за „најголемиот меѓу родените од жена“, нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, ќе каже:

„Се наоѓам во недоумение дали да ја отворам својата уста и да проговорам нешто за богопрославениот Крстител Господов. Верувајте ми, воопшто не е лесно да се најдат достојни зборови за оној кој од устата Христова ги понесе најголемите пофалби. И навистина, каква пофалба би можел да искаже човек за оној за кого Самиот наш Господ Исус Христос, Синот Божји, рекол: Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител (Матеј 11,11)?!

Сведоци сме како гласот на оној, што вика во пустината (Матеј 3,3), и во нашево време повикува со истата моќ и со истата привлечност, како што повикувал и пред две илјади години во пустината крај Јордан. А неговата порака тогаш била сосема јасна и останува таква и до денес. Неговата света и од пост истоштена рака, и сега како и во тоа време, покажува кон Христа, а неговиот трепетен глас на сиот свет триумфално му возвестува: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1,29)

Понекогаш, кога зборуваме за некои историски собитија, особено од животот на Црквата, ни се чинат некако бледи, далечни, па тешко можат да го смекнат нашето срце. Така на пример, кога читаме, или се раскажува за времето кога Свети Јован проповедал на земјата; потоа за тоа како тој низ вековите правел безброј чудеса, вклучително и во овој Манастир; за тоа како неговата света икона на чудесен начин самата дошла овде, или како чудно се спасувала секогаш кога Манастирот бил разрушуван и пак се враќала кога бил обновуван – сето тоа, макар и да звучи восхитувачко, може да ни изгледа како нешто далечно. Меѓутоа, да ви исповедам искрено: во овие дваесет и шест години поминати во Манастиров, моите очи видоа многу, навистина многу чудеса на Свети Јован, така што лесно го разбирам неговото чудотворство и добротворство низ историјата. Во повеќе наврати реката Радика сум ја нарекувал нашиот Јордан, бидејќи Свети Јован благодатно присуствува на ова место, како некогаш во јорданската пустина и громогласно повикува на покајание. И стотици, илјадници млади луѓе се одѕвале на неговиот повик и го нашле патот на Евангелието, Го нашле Јагнето Божјо. Не е ли тоа едно најголемо чудо? Не е ли тоа претворање на камените срца во чеда Авраамови?“

(Епископ Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител)

Од чудотворната бигорска икона на Свети Јован, од лицето на светителот прикажано на неа, се излева, како благодат и дар на Светиот Дух, една несоздадена и незалезна светлина, која носи мир, спокојство и радост. Сето ова ќе го почувствува човек кога со чисто срце и искрена мисла ќе застане пред ликот на Претечата, која со смирено достоинство ги пречекува сите поклоници во Бигорскиот манастир. Зрачејќи, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност поради многубројните чуда, иконата, како непресушен извор, излева благодат која чудотвори. Исто така, огромно достоинство и благодат за Бигорската Обител, но и за сето наше општество, е честа што Манастирот поседува едно големо парче од чудотворните мошти на Свети Јован, кое се чува во прекрасно изработениот кивот во храмот. Во кивотот, изработен во 1833 година во с. Битуше, покрај моштите на Светиот Претеча, се наоѓа парче од Чесниот Крст на кој бил распнат нашиот Спасител, Господ Исус Христос, а исто така мошти и од: Света Марина, Света Параскева, Свети Евстатиј, Свети Пантелејмон, Свети Јаков Брат Божји, Света Јулита и Свети Кирик, Свети Трифон, Свети Харалампиј и Свети Никита.


Кивотот со светите и чудотворни мошти: на средина Чесниот Крст на Господ Исус Христос; десно од него – моштите на: Свети Јован, Светите Јулита и Кирик, Свети Харалампиј, Свети Никита и Свети Трифон; лево од Крстот – моштите на: Свети Јаков Брат Божји, Свети Пантелејмон, Свети Евстатиј Плакида, Света Параскева и Света Марија

Првото од чудата на Свети Јован во Бигорски е самиот начин на кој иконата му се открила на првиот ктитор на Манастирот, Свети Јован Дебранин, Архиепископ Охридски. Таа, според преданието на манастирот, едноставно лебдела во воздухот над изворот со вода, на чие место денес се наоѓа неговиот главен храм. Чудо било и нејзиното исчезнување во немирните и тешки времиња, низ кои минувал Манастирот. Благодатта што иконата ја носела во себе, ја чувала од погибел и не дозволила таа да биде уништена во неколкукратното пустошење на манастирот. Таа секогаш одново се појавувала, сведочејќи за вечно-живиот дух на Манастирот, кој повторно се раѓал како феникс од своите урнатини.


Јавувањето на Чудотворната икона на Свети Јован Крстител на монахот Јован Дебранин, првиот ктитор на Бигорски, почеток на 11 век.

Така, уште од самиот почеток, иконата не престанала да чудотвори. Неизбројното мноштво намерници, кои пред неа застанале со вера и од срце го помолиле Крстителот, биле услишани, исцелени од болести, утешени. Претечата преку својата икона им доаѓал на помош на сите: стари и млади, болни и здрави, православни и иноверци. Како што се нижеле чудата, така се множеле и даровите пред иконата. Секој дар крие вистинита приказна зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Свети Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им со солзи посакувани рожби.

Како што сребрениот оков ја покрива иконата, така Свети Јован сокрил од нас многу од неговите безбројни чуда, смирено оставајќи само дел, што новото братство се потруди да ги забележи и зачува, како сведоштво за светоста на иконата.

Во продолжение, во серија од неколку написи, ќе објавиме еден мал дел од чудата на Свети Јован случени во Бигорски, почнувајќи со најстарите запишани, од нашите духовни претходници, монасите од 19 век.


Чудото на Свети Јован кога некој бег сакал да го претвори Манастирот во теке

Во 1814 година се случило големо чудо: против Светата Обител се кренал некој силник, којшто имал намера да го разруши Манастирот и да го претвори во теќе. Тоа бил дебарскиот Јусуф-бег. Но на 8 септември Јусуф-бег бил ранет и на 21 истиот месец – умрел. Кога го погребувале, од небото паднал силен град и страшни грмотевици кои погубиле 20 души од луѓето на Јусуф-бег. Исплашени, преостанатите агарјани се разбегале. Така, со застапништвото на Свети Јован Крстител, Манастирот бил спасен од погибел.


Чудото на Свети Јован со болното дете на албанскиот бег

Кон средината на XIX век, Свети Јован му помогнал и на некој турски бег од Албанија, којшто имал болно дете. На бегот на сон му се јавил Свети Јован и го повикал да дојде во Манастирот и да го измие своето дете со чудотворната вода. Бегот го послушал и заедно со детето отишле во Манастирот и направиле како што им било советувано. И ете чудо! Детето било потполно исцелено! На иконата во Манастирот бегот го препознал својот добротвор, Свети Јован Крстител, и од голема благодарност му поклонил на неговото светилиште маслинови полиња кај Елбасан. Долго време Манастирот се снабдувал со масло од овие имоти. Во 30-те години на ΧΧ век, свештеникот Атанасиј (поп Ташко) од село Битуше, којшто во тоа време бил настојател на Бигорскиот Манастир, ги продал овие полиња.


Чудото на Свети Јован кога разбојници го нападнале Манастирот

Друг пат, арнаутски разбојници го ограбиле манастирскиот караван со маски што носеле храна за Манастирот. По тоа злодело, водачот на разбојниците тешко се разболел. Уплашен од казната за овој грев и сметајќи ја болеста како Божја опомена, тој го ослободил караванот и луѓето, а згора на тоа подарил и големо количество масло за Манастирот. Оттогаш никој повеќе не се осмелил да напаѓа или пакости, било на луѓето од Манастирот, било на неговите имоти. Манастирот уживал голема почит и кај друговерците, бидејќи манастирските врати деноноќно биле отворени за сите што доаѓале, без разлика на верата и народноста. Сите наоѓале и наоѓаат потслон и утеха во домот на Претечата.


Свети Јован исцелува жена од тумор во градите

„Јас, Станче Здравковска, пред две години, на бдението на Пресвета Богородица, бев во Бигорскиот Манастир ‘Свети Јован Крстител’. Претходно, според лекарските наоди, ми беше откриен еден необичен оток од левата страна на градите, за кого беше констатирано дека најверојатно станува збор за тумор. Од мојот доктор имав препорака за операција во најбрзо време. Утредента по бдението требаше да одам на мамографија. Меѓутоа, кога отидов на лекар, стручен хирург, се зачуди кога ја виде снимката. Ми рече: ‘Вакво нешто никогаш не ми се случило! Просто, немаш повеќе ништо!’ Му благодарам на Свети Јован Крстител и на мојот духовен старец, Владиката Партениј, кој се помоли за мене пред Чудотворната икона. На Бога слава, амин!“

(Писмо добиено на манастирската електронска адреса на 5 септември 2021 година)


Свети Јован спојува двајца млади и по три години им подарува дете

„Почитувани браќа од Бигорскиот Манастир,

Со особена радост, по повод празникот на Свети Јован Крстител и од пишанијата за неговите чуда, би сакале да пишеме и ние, Горан и Христина Петровски.

Откако се случи моето доаѓање во Манастирот, ги увидов и почувствував убавините и благословот на Свети Јован, особено откако Неговото Преосвештенство, нашиот духовен татко и Владика г. Партениј, ме зеде под негово духовно раководство. Оттогаш мојот живот се промени во целост, започнав да го отфрлам моето старо јас. Преку Манастирот и по молитвите на Свети Јован и со благословот на мојот духовен отец Владиката Партениј, се запознав со мојата сопруга, којашто ја побарав за жена пред чудотворната икона на Крстителот.

Изминаа 3 години заеднички живот во брак и ние постојано посакувавме да имаме дете, но тоа никако не се зачнуваше. Најпосле, нашата желба му ја споделивме на нашиот духовен отец Партениј и тој се помоли за нас пред иконата на Свети Јован. И ете, Господ, по молитвите на Претечата, нè удостои да се зачне плод и ни се роди машко дете. Во знак на благодарност кон Претечата го крстивме Јован.

Се надеваме дека ќе го примите и ова сведоштво, коешто е едно од многуте што постојано се случуваат и ќе се случуваат во Манастирот на Свети Јован преку неговата чудотворна икона и моштите.

Срдечен поздрав и со љубов,

Горан, Христина и Јован Петровски, деца бигорски“.

(Писмо добиено на манастирската електронска адреса на 6 септември 2021 година)

Извор: Бигорски.орг.мк

Денеска е Свети Јован Крстител

Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник.

Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.
Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата – најпосле и заради трагичното заминување од овој живот.

Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто смртен човек. Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал.

За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Стотици верници од утрово ги исполнија дворовите на црковните храмови во Прилеп: Со пуштање гулаби најавено осветувањето на водите (Фото галерија)

Денес православните христијани го празнуваат големиот празник Богојавление – Водици.

Стотици верници уште во раните утрински часови ги исполнија храмовите во Прилеп за да присуствуваат на утринската литургија.

Во храмот Св. Благовештение (Стара Црква) верниците во најголем број го започнаа празнувањето на Водици и се поздравуваа со радосниот христијански поздрав “Бог се јави”.

Симболично, беа пуштени и гулаби кои го најавија осветувањето на водите во Прилеп.

“Eвe Гo Јагнeтo Бoжјo Кoe ги зeдe грeвoвитe на свeтoт врз Сeбe” – БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ

Бoгoјавлeниe

Кoга Гoспoд Исус Христoс навршил 30 гoдини oд Свoeтo тeлeснo раѓањe, Oн ја запoчнал свoјата учитeлска и спаситeлна дeјнoст. И Самиoт пoчeтoк, Тoј гo oзначил пoчeтoкoт сo крштавањeтo вo Јoрдан. Свeти Кирил Eрусалимски рeкoл: “Пoчeтoкoт на свeтoт e вoдата, пoчeтoкoт на Eвангeлиeтo e Јoрдан”. При крштавањeтo на Гoспoда вo вoдата, на свeтoт била oбјавeна тајната штo сe навeстувала вo Стариoт завeт, за кoја вo стариoт Мисир и вo Индија самo сe раскажувалo, т.e. тајната за бoжeствeната свeта Трoица. Oтeцoт сe јавил вo чувствoтo на слухoт, Духoт сe јавил вo чувствoтo на видoт, а Синoт сe јавил вo чувствoтo на дoпирoт. Oтeцoт гo кажал свoeтo свeдoчeњe за Синoт, Синoт сe крстил вo вoдата и Свeтиoт Дух вo вид на гулаб лeбдeл над вoдата. А кoга свeти Јoван Крститeл пoсвeдoчил и рeкoл: “Eвe Гo Јагнeтo Бoжјo Кoe ги зeдe грeвoвитe на свeтoт врз Сeбe” (Јн. 1:29) и кoга тoј Гo пoтoпил и Гo крстил Гoспoда вo Јoрдан, сo тoа сe пoкажала и Христoвата мисија вo свeтoт и патoт на нашeтo спасeниe. Имeнo, ги зeл врз Сeбe грeвoвитe на рoдoт чoвeчки и пoд нив умрeл (пoтoпувањeтo) и oживeал (излeгувањeтo oд вoдата); и ниe мoра да умрeмe какo стари и грeвoвни и да oживeeмe какo oчистeни, oбнoвeни и прeрoдeни. Oва e Спаситeлoт и oва e патoт на спасeниeтo. Празникoт Бoгoјавлeниe (на грчки Тeoфанија) уштe сe нарeкува и “Прoсвeштeниe”. Случајoт на Јoрдан нè прoсвeтува и ни Гo пoкажува Бoга какo eднoсушна и нeраздeлна Трoица. Тoа e eднo. И втoрo: сeкoј oд нас сo крштавањeтo вo вoдата сe пр0свeтува сo тoа штo пoстанува пoсинeт oд Oтeцoт на Свeтлината, спoрeд заслугата на Синoт и сo силата на Свeтиoт Дух.
 

РАСУДУВАЊE

Нeкoгаш eрeтичкитe сказни ѝ дoсадувалe на Црквата, а сeга ѝ дoсадуваат сказнитe на oтстапницитe oд Бoга. Сo истрајнoст вo вeрата, сo пристапна мoлитва, сo испoвeдништвo, па дури и сo мачeништвo e пoбeдeнo тoа дoсадувањe. Самo на тoј начин ќe бидe пoбeдeна таа нoва дoсада. Црквата Бoжја, садoт на бoжeствeната Вистина на крајoт ќe триумфира, бидeјќи нeпријатeлoт oстана сoсeма бeз oружјe (Пс. 9:7). Блажeн Климeнт Алeксандриски за eрeтицитe, кoи ја напуштилe Црквата, рeкoл: “Oнoј кoј паднал вo eрeс, патува низ сува пустина, напуштајќи Гo eдиниoт и Вистински Бoг; oддeлeн oд Бoга тoј бара бeзвoдна вoда, сo рацeтe сoбира нeплoднoст и влeгува вo нeнасeлeна и жeдна зeмја”. Истoтo тoа мoжe дeнeс да сe кажe и за мнoгу научни хипoтeтичари и тeoрeтичари кoи сe ракoвoдат oд свoитe мeчти, а нe сo вистината Бoжја.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за случајoт на крштавањeтo на Гoспoда, и тoа:
1. за Нeгoвoтo скрoмнo дoаѓањe на рeката Јoрдан какo нeпoзнат на ситe, oсвeн на Јoвана;
2. за Нeгoвoтo пoтoпувањe вo вoдата, лeбдeњeтo на гулабoт над Нeгo и гласoт oд висoчината.
 

БEСEДА

за таинствeнoтo Бoжјo Трoјствo

Заштo Трoица сe Кoи свeдoчат на нeбoтo: Oтeцoт, Слoвoто и Свeтиoт Дух; и Трoица сe eднo. И Трoица сe, Кoи свeдoчат на зeмјата: Духoт, вoдата и крвта; и Трoица свeдoчат зeднo (1. Јн. 5:78).

Кoга гo читамe Свeтoтo писмo, трeба буднo да внимавамe на сeкoј збoр. На брзиoт читатeл нeма да му паднe вo oчи разликата штo ја пoвлeкува eвангeлистoт пoмeѓу нeбeснoтo Трoјствo и зeмнoтo Трoјствo. За нeбeснoтo Трoјствo тoј вeли: “И oвиe Трoјца сe eднo”, а за зeмнoтo вeли: “И Трoица свeдoчат заeднo”. Гoлeма разлика e да сe бидe eднo и да сe бидe заeднo. Oтeцoт, Синoт и Свeтиoт Дух сe eднo, дoдeка духoт, вoдата и крвта сe заeднo, а нe сe eднo. Ситe луѓe на Зeмјата сe заeднo, нo нe сe eднo. Вoдата и крвта гo прават тeлoтo, а духoт e дух. “Тeлoтo сака спрoтивни рабoти на духoт, а духoт – спрoтивни на тeлoтo” (Гал. 5:17), штo значи дeка нe сe eднo, нo сeпак сe заeднo. И кoга чoвeкoт ќe умрe, заeдницата сe раскинува и прeстанува: вoдата и крвта oдат на eдна страна а духoт на друга. Значи, Бoжјoтo Трoјствo на нeбoтo нe e самo заeднo, туку e eднo. Пoстoи eднo Трoјствo вo внатрeшнoтo чoвeчкo нeбo кoe нe трeба да бидe заeдница, туку eдинствo за да бидe чoвeкoт блажeн и на oвoј и на oнoј свeт. Тoа e eдинствoтo на умoт, срцeтo и вoлјата. Дoдeка тoа трoјствo e самo вo заeдница, дoтoгаш чoвeкoт e вo вoјна и сo самиoт сeбeси и сo нeбeснoтo Трoјствo. Кoга oвиe три ќe пoстанат eднo, така штo ниeднo нe владee ниту пак рoбува, тoгаш чoвeкoт сe испoлнува сo “мирoт Бoжји штo надвишува сeкoј ум” (Фил. 4:7), сeкoј збoр, сeкoe oбјаснувањe, сeкoј страв и сeкаква тага. Тoгаш малoтo нeбo вo чoвeкoт приличи на гoлeмoтo Бoжјo нeбo и oбразoт и пoдoбиeтo Бoжјo пoстануваат јасни за чoвeкoт.

Гoспoди, Трoeдин, пoмoгни ни да личимe барeм на oниe кoи личат на Тeбe. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

Денеска е ВОДОПОСТ – Многу обичаи во Македонија за овој ден

Денеска е Водопост, Водокрст или Крстовден, првиот ден по Божик во кој се пости, а утре славиме Водици и крштевањето на Исус во реката Јордан.

На 18. јануари е Крстовден, голем христијански празник. Во минатото на овој ден се правеле голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление или кај народот познат како Водици.

Вечерта на Водопост штом ќе зајде Сонцето, спроти празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави“, а одговараат е „Навистина се јави“!

Нашите стари верувале дека ноќта меѓу 18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“.

Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.

Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото. Се верува дека немажените девојки, доколку стават огледало под перница на 18 јануари ќе го сонуваат мажот за кој ќе се омажат.

Исто така во некои делови, девојките месат по четири топчиња од тесто. Во три од нив ставаат ливче хартија со име од своите симпатии, а едно оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во вода што врие и првото топче што ќе излезе на површина го носи името со љубовта на таа девојка. Доколку прво на површина исплива празното топче-тоа значи дека девојката сеуште не го запознала оној што и е суден.

Се верувало дека во време на Богојавление се претскажувало какво ќе биде времето цела година. Ако има голем мраз или врне снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, ќе биде сушна.

Доколку 19 јануари биде дождлив, цела година ќе има многу врнежи и поплави.

На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година.

Богојавление се одбележува со традиционално фрлање на богојавленскиот крст и пливање по него

Александар Новоселски од Делчево, стана ѓакон во Германија (Видео)

Како што беше најавено, денеска во Мајнц, Германија нашиот сограѓанин Александар Новоселски кој неколку години живее во Германија се здоби со ѓаконски чин кој му го додели Владиката Пимен – пишува Делчево 365 мк.

Видео:

https://fb.watch/i69umWqPAd/