Category Archives: Религија

Собор на Светите Седумдесет Апостоли – „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“

Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1-5).

Но, како што еден од дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господа, така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, не со намера за предавство туку поради човечка немоќ и маловерие (Јован 6, 66). И како што местото на Јуда беше пополнето со друг апостол, така и овие места беа пополнети со други избраници. Овие апостоли се трудеа на истото дело како и дванаесетте големи апостоли и им беа помошници на дванаесетмината во ширењето и утврдувањето на Божјата Црква во светот. Претрпеа многу маки и пакости од луѓето и од демоните, но нивната тврда вера и ревносната љубов кон воскреснатиот Господ ги направи победници на светот и наследници на Небесното Царство.

Нив

ните имиња се: Јаков, брат Господов, Марко и Лука евангелистите, Клеопа, Симеон, Варнава, Јосија (Јуст), Тадеј, Ананија, првомаченикот Стефан, Филип, Прохор, Никанор, Тимон, Пармен, Тимотеј, Тит, Филимон, Онисим, Епафрас, Архип, Сила, Силуан, Крискент, Крисп, Епенет, Андроник, Стахиј, Амплиј, Урван (Урбан), Наркис, Апелиј, Аристовул, Родион (Иродион), Агав, Руф, Асинкрит, Флегонт, Ерма, Патров, Ермиј, Лин, Гај, Филолог, Лукиј, Јасон, Сосипатр, Олимп (Олимпан), Тертиј, Ераст, Кварт, Евод, Онисифор, Климент, Состен, Аполос, Тихик, Епафродит, Карп, Кодрат, Марко, Зина, Аристарх, Пуд, Трофим, Марко, Артема, Акила, Фортунат и Ахаик, Дионисиј Ареопагит и Симеон Нигер.

Народот го нарекувал Ангел, необично убав и духовно богат – Светиот пророк Малахија

Според временскиот редослед, тој е последниот од Пророците. Се роди по враќањето на Евреите од вавилонското ропство. Во лицето беше необично убав. Преданието вели дека народот го нарекувал Ангел, можеби заради неговата надворешна убавина, или заради чистотата на душата или, пак, затоа што се дружел со Божји Ангел. Често говореше со Ангелот лице в лице.

Се случуваше и другите да го чујат гласот на Ангелот, но не беа достојни да му го видат лицето. Она што му го јавуваше Ангелот, младиот пророк го пророкуваше. Викаше кон неблагодарниот Израил и кон беззаконите свештеници.

Петстотини години пред Христа јасно ја прорече појавата на свети Јован Крстител. Но, главно, тој е пророк на Страшниот Суд. Како млад се претстави кај Бога и после него немаше веќе пророк во Израилот до Јован Крстител.

ОБРЕЗАНИЕ ГОСПОДОВО: Осмиот ден по раѓањето во храмот му го дадоа името што го благовести арх. Гаврил на Пресветата Дева

Денеска е 1 јануари според стариот стил и се слави Обрезание на Господ Исус Христос.

На осмиот ден по раѓањето, Божествениот Младенец го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраама, го обрезаа. Тогаш му го дадоа името Исус, онака како што ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил.

Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господа покажува дека тој на себе прими вистинско човечко тело, а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште, Господ е обрезан и затоа што сакал да се исполни целиот закон, кој што самиот го дал преку пророците и праотците.

Откако ја исполни таа заповед од законот, во Својата Црква Христос ја замени со Крштението. „Зашто во Исуса Христа ниту обрезанието има некаква сила ниту необрезанието, туку новата твар“ (Гал. 6, 15), објавува апостолот.

Во црковната богослужба овој Господов празник нема ни претпразненство ниту попразненство.

Зошто на празникот на Свети Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник

Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.

Маченикот Меркуриј

За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и свети Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната «василопита», свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

Бигорски.мк

Обичаи и верувања на СВЕТИ ВАСИЛИЈ – На денешен ден девојките откривале за кого ќе се мажат, какво ќе биде времето таква и годината

Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Роден е во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа светите Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник. Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето.

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот. Кога на свети Василиј му јавија дека епархот повторно доаѓа, тој побара од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници. Кога епархот пристигна, свети Василиј го пречека и му го понуди богатството. Епархот се изненади и по некое чудо се засрами, така што одби било што да земе, ниту пак го ограби градот. Тој никогаш повеќе не се ни врати, ниту пак им досадуваше на верните од градот. Свети Василиј остана со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник. Во секој од лебовите тој стави нешто накит и златници. На денот на Новата Година кога сите луѓе дојдоа во црква, тој на секого му даде по едно лепче. Тоа што секој го имаше најдено во лепчето беше токму тоа што претходно го имаше дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата Година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него. Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Господ наш Исус Христос, второто за Пресвета Богородица, третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност. Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име.

Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики.

Тропар
Твоето учење се рашири по целата земја, и таа го прими твоето слово; преку него си поучувал долично за Бога, си ја појаснил природата на Света Троица, и си го поправил однесувањето на луѓето. Светителу со царско име, оче преподобни, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак
Ти се покажа непоколеблив темел на Црквата, давајќи им на сите луѓе неукрадливо господство, запечатувајќи го со Твоите заповеди, преподобен Василие, откривачу на небото.

Обичаи и верувања

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Поголемиот дел од обичаите и обредите што се правеле за Божиќ имаат завршница токму ноќта кон Свети Василиј. Така, вчера на овој ден беше обичај да се палат огнови во маалата.

Исто така, се верува дека стара Нова година треба да се слави буден, а девојките ја користеле оваа ноќ за гатање за да видат со кого ќе се омажат. Секој регион има свој метод, а еден интересен потекнува од Босна – пред зори, девојките се качувале на таванот, а потоа ја фрлале облеката надвор. Ако чевелот е насочен настрана од куќата, тоа значи дека тој ќе се ожени таа година и во правецот во кој е свртен чевелот.

Некаде има места каде се ставаат крофни и крофни, исто како божиќниот лук – кој ќе го најде ќе има среќа во следните 12 месеци.

Утрото на денешниот празник во некои села било обичај домаќинката да зема снег и трчајќи во собата да го фрла по децата викајќи: „Трчајте топло, бркајте го студеното!“ Се верува дека тоа штити децата од температура или треска.

Во некои региони за празникот внимателно се гледа во небото и се набљудува времето. Ако на 14 јануари паѓа снег или е облачно, имаме година на раѓање. Сувото време, се верува, носи и сушна година пред нас.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

Денеска никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Се слават три празници во еден-Василица, Мал Божиќ и стара Нова година

Четиринаесетти јануари (први јануари според стариот календар) е празник на Малиот Божиќ (Василица) и Српската Нова Година.

Василиј православните го слават како празник за крштевање, а Грците и Русите како именден.

Кога 1 јануари беше земен како календарски почеток на новата година, Малиот Божиќ почна да се смета за стара Нова година.

Многу обичаи се поврзани со овој ден, а постојат и суеверија за тоа што не треба да се прави на овој ден.

Многу ритуали и акции на Божиќ се повторуваа или го имаа својот последен дел на Малиот Божиќ, така што и овој ден е полн со повеќе ритуали.

Насекаде низ Македонија било вообичаено да се палат огнови на раскрсниците, што освен прочистувачкиот ефект има и улога на зајакнување на сончевата светлина и топлина.

Се меша и посебен ритуален леб, наречен василица, чие име се однесува на името на Свети Василиј (или Василица), кое се празнува на истиот ден.

Новата година треба да се дочека буден, па за време на ова бдение многу девојки погодуваа дали ќе се венчаат таа година и со кого ќе се омажат. Меѓу овие загатки, особено е интересно гатањето на девојките: пред зори се качувале на таванот и ги фрлале чевлите надвор од вратата, па ако чевлите, кога ќе паднат, се насочени подалеку од куќата – тоа е знак дека ќе тргнат во тој правец, т.е. се омажи.

На Малиот Божик, на 14 јануари (Василиј) повторно се внесува елката, пак доаѓа поштарот, а на трпезата е главата од бадниковото печење, кое се чува до тој ден.

На денешен ден во сите цркви се служи литургија на Свети Василиј Велики, чиј спомен Црквата го празнува и на првиот ден од Новата година.

Според историското и црковното предание, свети Василиј се упокоил во 379 година, на 50-годишна возраст. Тој живеел во времето на царот Константин, кој ја официјализирал слободата на исповедањето на христијанската вера.

Свети Василиј Велики ја открива мерката на постот: Значењето на духовното и телесното одрекување!

Василиевата богослужба, која ја напишал самиот светител, се служи, според канонот на МПЦ, 10 пати годишно – на 1 јануари, во пресрет на Божик и Водици, во сите недели на Великиот пост (освен Цветници). ), на Велики четврток и Велика Сабота.

Зачувани се многу теолошки и апологетски дела на Свети Василиј, кого МПЦ го празнува и на 12 февруари (30 јануари според јулијанскиот календар) – празникот на Светите тројца Архиереи.

Вечер е Стара нова година, а утре Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

„О, лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш – Света маченичка Анисија

 Родена е во Солун од угледни и богати родители, воспитана во Христовата вера. Рано остана сираче и целата се предаде на богомислие и на молитва во својот дом. Побудувана од Христовата љубов, често велеше: „О, лажен животу на младите, зашто или соблазнуваш или се соблазнуваш. Подобра е староста, но тага ме обзема заради должината на времето коешто ме дели од небесните“.

Потоа сиот свој имот го продаде и им го раздаде на ништите, а самата живееше од трудот на своите раце. Држеше строг пост, спиеше многу малку и непрестајно лееше солзи на молитва. Кога ќе ја совладаше сон, си велеше себеси: „Опасно е да се спие кога мојот непријател бдее“. Во тоа време свирепиот цар Максимијан издаде проглас дека секој може да убие христијанин кога ќе го сретне, без суд и осуда. Еднаш оваа света девојка излезе за да оди в црква. Тој ден беше незнабожечки празник на сонцето. Некој војник ја виде убава во лицето, па ѝ пријде со нечиста желба и ја праша за името. Таа се прекрсти и му рече: „Јас сум слугинка Христова и одам в црква“.

Кога дрскиот војник ѝ пријде поблиску и почна да ѝ зборува безумни нешта, таа го оттурна и му плукна во лицето. Војникот ја удри со меч под ребрата и ја прободе. Оваа Света девица пострада во 298 година. Христијаните ја погребаа чесно, а Бог ја овенча со маченички венец во Своето Царство. Над нејзиниот гроб подигнаа црква. Нејзините свети мошти се наоѓаат во храмот „Свети Димитриј“, во Солун.

Како немиот Македонец за прв пат прозборел пред иконата на Богородица на Света гора (Видео)

„Мајко Богородице, дај ми здравје“ – биле првите зборови на 18 годишно немо момче од Струмица пред иконата на Богородица во еден од манастирите на Света гора. Според порталот Вима ортодоксијас, кој се повикува на сведоштво на монахот кој бил присутен во манастирот, младиот Македонец пред 10ина дена заедно со своето семејство заминал за Света гора, да се поклони пред иконата на Богородица која кусо подоцна направила чудо. 18 годишното момче, проговорило за прв пат во животот.

„Откако детето стигна во манастирот и се најде пред иконата на Богородица, без никогаш во живото да има прозборено, освен само неартикулирани крици, извика на неговиот јазик: „Мајко Богородице, дај ми здравје.“ – пишува порталот специјализиран за црковни вести, за чудото, кое како што коментира новинарот, ги потресе двете соседни земји.

Огромно било изненадување за присутните кои го знаеле проблемот на момчето, кое по завршувањето на молитвата, им се заблагодарил на сите велејќи дека веќе се чувствува многу добро.

Дека навистина станува збор за вистинска случка и вистинско чудо,потврдуваат за Канал 5, свештените лица од еден од струмичките црквни храмови.

Во Грција постои верување дека иконата на Богородица Горгоепикос или во превод Богородица која брзо ги слуша молитвите на верниците, а која што се наоѓа во манастирот Дохиариу на Света Гора, прави чуда и ги решава проблемите на верниците кои ќе и се помолат. Додека пак случката со 18 годишниот Струмичанец е едно од многуте чуда во овој манастир.

Ова е еден од најубавите манастири во Македонија, направен е на вода, а чудотворната икона дава блогодат на сите верници

Религијата не учи да бидеме добри и толерантни, а овој манастир во западниот дел од Македонија сведочи токму за тоа. Сместен на планината Цоцан, Кичево во подножјето на нејзиниот шумовит врв Врвои, на надморска височина од 920 метри се наоѓа манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ или Крнински манастир.

Станува збор за многу стар манастир со долга историја. Манастирот Света Пречиста бил подигнат пред потпаѓањето на Македонија под отоманска власт и се верува дека бил подигнат во 1316 година. Во текот на историјата овој манастир видел многу страдања. Често бил ограбуван, уништуван, а кога била и запален сфатиле дека постои потреба за нешто поголемо за да се задоволат барањата на верниците.

Игуменот хаџи Теодосиј во 1846 година ја урнал малата црква и на нејзино место ја подигнал сегашната монументална, која е една од најголемите во Македонија. Црквата била осветена во 1849 година. На местото од изгорениот втор конак, на јужната страна, на 10 април 1983 година започна изградбата на новиот конак во духот на старата македонска архитектура.

Чудотворна икона која ги исполнува желбите

Голем дел од верниците го посетуваат овој манастир поради „чудотворната икона“. Од една страна на неа е Исус Христос, а од другата страна е Богородица во прегратка со Христоса. Во 2006 година иконата била конзервирана по втор пат.

Иконата е од 18 век и карактеристично за неа е што рацете се изработени од сребро. Се верува дека секој оној кој ќе упати чиста и искрена молитва желбата ќе му биде слушната и исполнета. Приказната за „чудотворната икона“ почнала со една легенда. Легендата вели:

„Жителите на кичевско сакале да изградат голем манастир во чест на Св. Богородица. Тие избрале локација каде што денес се наоѓа манастирот Св. Ѓорѓија. Луѓето ја оставиле иконата на светицата на таа локација и си заминале. Наредниот ден иконата ја немало. Тие помислиле дека некој ја украл, но наскоро ја пронашле на друга планина. Колку пати ја враќале иконата на старо место, толку пати наредното утро ја наоѓале на другата планина до извор.

Според легендата, во доцните вечерни часови огнената икона на Богородица летала од местото каде што ја оставале, до изворот. Тогаш жителите заклучиле дека иконата сама си го определила местото за црква и ја изградиле таму. Интересно е што манастирот навистина е изграден на вода.“

Храм за сите верници

Овој манастир е познат по повеќе работи. Тој всушност е и свет храм на сите верници, без разлика дали се или не се Православни. Внатрешноста на манастирот е направена така за да можат под еден ист покрив се собираат и христијаните и муслиманите, кои подеднакво ја почитуваат. Делот посветен на муслиманските верници не е фрескоживописан.

Народната мудрост била бесконечна. Не можејќи својот народ да го соберат на едно место, зашто туѓинците на многумина им ја промениле верата, црквата нашла начин под еден покрив да ги собере сите, зашто Бог е еднаков кон сите и знае да им ги прости гревовите.