Tag Archives: Заев

ПАНОВСКИ „го утепа“ ЗАЕВ: Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат од што пријавува МЗ

По се изгледа Заев тешко се снаоѓа со математика па професорот доктор Пановски коментираше:

Го гледам премиерот Заев на Сител. Вели, “Само 10% од позитивните се потполно вакцинирани, тоа е 0,017% од сите вакцинирани. Од 7700 активни случаи 10% се само 77 лица”. Ете, тој мисли дека само 77 лица се заразиле од вакцинираните. Нема кој да му каже, па и “Цаци” дека 10% од 7700 е 770. Крај на муабетот – пишува доктор Пановски вчера на Фејбук.

Статусот сеуште е коментиран, а докторот буквално „го утепа“ Заев.

Тој вели: Потоа оди тезата вакцинираните се позаштитени од прележаните итн. Кога ќе најде 770 прележани од 7700 активни да ми пише, нема да најде ни 77 прележани по неговата пресметка на проценти.

Тешко нас кога премиерот мисли дека вакцинираните десет пати помалку оболуваат отколку што пријавува Министерството за здравство и врз основа на тоа донесува одлуки – пишува Пановски.

“Да беше Заев премиер во 2001 немаше да дојде до конфликтот од 2001” вели Ахмети

Да беше Заев премиер во 2001 немаше да дојде до конфликтот од 2001, вака му рекол Ахмети на Груби на коментарот дека Заев ќе го потпишеше Охридскиот договор ако беше премиер во 2001.

Ова го рекол Ахмети на денешната Свечената академија за 20 години Охридски рамковен договор, по обраќањето на премиерот Зоран Заев.

Преговорите за Рамковниот траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.



Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни.

Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.[9] Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

Потписници

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишале (по азбучен ред):



Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Имер Имери, претседател на ПДП
Борис Трајковски, претседател на Република Македонија
Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ и
Арбен Џафери, претседател на ДПА.

Советник на Заев ги нарече ПРОCТИ граѓаните кои не сакаат да се ваkцинираат, биле убиjци

Советникот на Зоран Заев, Леон Бакрачески ги нарече ПРОСТИ граѓаните кои мислат различно од Владата за вакцината.

-Има граница на пристојноста. Мојата во моментов е помината. Ти се обраќам тебе. Ти, со изгледани 3 видеа на ЈуТјуб, со 70% препишани тестови во средно и 3 научени лекции на факултет. Ти, експерту за мерки што не знаеш што значи алгоритам и никогаш не понел одговорност нит за себе нит за тие околу себе. Ти што од ќерамиди уринираш врз луѓе кои животот го посветиле на наука и експертиза. Ти кој се ужаснува на директност кога не му одговара. ТИ кој бараш права а не ти е грижа за ПРАВОТО НА ЖИВОТ на луѓето околу тебе и не поседуваш грам емпатија. ТИ! Ти немаш право со твојот простотилук да шириш вирус и да убиваш луѓе! Да ги вадиш изјавите од контекст, да поставуваш небулозни прашања и теории на заговор. Твоето неинформирано мислење и нахален простотилак НЕ Е НАД ЧОВЕКОВИОТ ЖИВОТ, напиша тој на својот Фејсбук профил.

Не се грижете Заев се врати од одмор и порача: Шумите лесно се палат, а тешко се гасат

Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.

– Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината, наведува Заев.

Тој во објавата потенцира дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Не грижете се! Од Владата соопштија: Премиерот е на одмор, но ќе комуницира преку телефон

Премиерот, Зоран Заев, е на годишен одмор, но е во постојана комуникација со надлежните во врска со пожapите, велат од Владата.

„Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се наведува во соопштението.

Од Владата информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите на Владата ќе искористат денови од годишен одмор, а дел од министрите нема да користат одмор во овој период со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите.

„Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки. Согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно“, велат од Владата.

А по сето ова можеме да заклучиме дека се работело за некоја добра “Last Minutе” понуда која не смеело да се пропушти, или пак премиерот имал уплатено за одмор од февруари за да ја искористи пониската цена. Како и да е, неговата способност да управува со држава што гори од плажите во соседството, е навистина воодушевувачка

3аев откри зошто е небричен ?

Па нека се коментира слободно. Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот. Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си!. Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е – рече Заев за ММС.

ЗАЕВ за КАНАБИСОТ: Профитабилна дејност годишно ќе ни носи 250 милиони евра и просечна плата од 700 евра

Единствени новини во Предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се формирањето на Агенцијата за управување со медицинскиот канабис која треба да го штити делот на инвестициите, државниот аспект и грижата за да не излегува надвор од контрола, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Самата агенција, посочи тој, ќе биде воспоставена за да го штити на крајот на денот и имиџот на државата затоа што сакаме преку ваквиот вид на инвестиции да акумулираме многу нови работни места, но и со дополнително БДП  и тоа многу сериозен, проценките се 250 милиони евра и трето се даваат квалитетни плати, просечно платата таму е 700 евра заради тоа што е профитабилна дејност.

– Втората значајна работа е што 10 проценти од трошоците од вкупните фактури кои ќе ги имаат изработено доаѓаат на посебна сметка во Владата која заедно министерствата за финансии и за здравство ја изработуваат каде дел процент одат на Агенцијата за лекови, дел за Агенцијата за медицински канабис, еден дел одат за ретки болести, едниот дел оди за медиумски фонд, еден дел за култура и образование и еден дел за спортот. Така се поделени. Тоа се сериозни пари од вкупниот обем. Тој дел од 10 проценти се смета трошок на компанијата, значи она го плаќа и на крајот си плаќа 10 проценти данок на добивка како сите. Тие се новините односно затвораме една регулатива, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по увидот во реновираното крило на Клиниката за ортопедија при Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ)

Посочи дека не се точни тврдењата дека со законот ќе се овозможи извоз на сушен цвет.

– Тој веќе се извезува, значи по табелите кои Министерството ги усвои согласно регулативите од ОН и европските регулативи, тој се извезува веќе, имаме извоз на сушен цвет. Се надевам дека ќе има се поголема сертификација. GMP сертификатот и другите серитификати кои се должни да ги издадат и домашни и европски за пазарите ќе ги зајакне во конкурентоста и пласманот на своите производи. Тоа веќе се случува. Значи новиот закон ќе овозможи само формирањето на агенцијата и новиот фонд од 10 отсто. Секој ден одложување на овој закон значи дека губиме 10 отсто и тоа за квалитетни намени што значат и демократија и поддршка на граѓаните со ретки болести, но и самото основање на агенцијата, додаде Заев.

Едвај чекам да дојде понеделник, па уште рано сабајле да аплицирам за пасош со Северна

Зоран Заев во интервју за ТВ21 истакна дека од 5-ти јули, понеделник ќе започне издавањето на новите пасоши со името „Република Cеверна Македонија“.

-Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, истакна Заев.

Тој вели дека започнати се разговорите со федерациите.

Заев: На миниcтpите ќе им кyпиме електpични автомобили 🚗

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основното училиште во Волково.

-Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила вклучително електрични каде ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример. изјави премиерот Заев.

Последната набавка на владини возила преку оперативен лизинг беше во 2018 година. Тендерот го доби компанијата Порше лизинг која за речиси 1,8 милиони евра три години изнајмуваше 45 возила Фолсваген Пасат за владините функционери. Според договорот владата месечно плаќаше рата за лизинг од по 49.400 евра за 45-те возила. Или за тригодишно рентање на едно возило с еплатени по околу 40.000 евра, сума која што е приближно иста со продажната во авто-салон.

Електричните автомобили се значително поскапи од традиционалните со мотори со внатрешно согорување. Тоа значи дека трошоците за новата еко авантура ќе бидат и нов удар по буџетот. Наместо мотивација за движење со велоспиеди, пеш и користење на јавниот превоз, нашите министри мораат на секои 3 години да купуваат нови автомобили бидејќи не оди тие да се возат во толку „стари“ возила.

Заев: ЛГБТИ заедницата ја има мојата поддршка за каузата која значи еднаквост

Премиерот Зоран Заев во пресрет на втората Парада на гордоста вели дека ЛГБТИ заедницата ја има владината и неговата поддршка за каузата која, како што рече, значи еднаквост и која последните четири години слободно се манифестира во нашето општество.

-Го делам ставот дека никој не е слободен додека секој еден не се ослободи затоа што нашата заложба за „Едно општество за сите“ ќе се реализира целосно кога секој глас ќе биде слушнат и најважно од сѐ – прифатен како еднакво важен со сите други. Манифестираме европски и солидарни манири среде Балкан. Ова е нашиот нов Балкан, слободен, човечки и разновиден.Повикувам здружно да продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас, напиша Заев на Фејсбук.