Connect with us

Истражување

Статистиката вели: Секоја петта жена има cекc со бивш – и зошто е тоа така?

Published

on

Ако старата љубов сè уште не е заборавена, бившиот може да привлече: љубомора кон неговата нова партнерка; одмазда; страст, страв од осаменост; вина, обид да го добиете повторно; копнеж за љубов, задоволство, утеха на бившиот затоа што врз него влијаел прекинот, сочувство.

Сексот со бивш, дури и ако можеме без него, може да биде многу привлечен. Ни нуди: возбуда од „забранетото овошје“, напнатост: како се сеќаваме на него и дали се сменил, моќ и потврда: „Тој сè уште не може да ми одолее!“, задоволство без обврски, одмазда: „ќе му покажам што пропушта“, продолжение на приказната: иако е во нова врска, тој сè уште не може да го заборави минатото!

Некои се плеткаат со бившите дури и ако тие веќе се во нова врска. Некои сметаат дека сексот со бившиот е слабост. Сосема е нормално другите повремено да спијат со бившиот – тие биле заедно толку долго, па сега ќе продолжат со „пријателството“. Некои се прагматични: зошто не би спиел со него ако ни е добро и двајцата уживаме во тоа?!

Нема правилно или погрешно однесување. Важно е и двајцата партнери да знаат што очекуваат: што значи сексот за врска со бивш? Дали е тоа само секс или сакам мојот партнер да се врати? Дали сексот со бившиот ме спречува да започнам нова врска? Двајцата партнери мора да имаат исти очекувања за да избегнат разочарување.

Ако веќе сте во нова врска, дефинитивно треба да си ги поставите следниве прашања: Што значи секс со бившиот за новата врска? Дали ќе му наштетам на мојот партнер? Дали ми недостасува нешто во сексот со новиот партнер? Дали воопшто му давам шанса на новиот партнер? Дали сексот со мојот поранешен ме оддалечува од мојот нов дечко?

Истражување

Реката Јордан во која Јован Крстител го крстил Исус полека исчезнува

Published

on

Реката Јордан, која тече 251 километар низ Блискиот Исток, претставува природна граница меѓу Израел, односно Палестина, и Јордан. Се влева во Галилејското Езеро, а потоа продолжува кон југ, каде конечно се влева во Мртвото Море.

Реката Јордан е од особено значење за Евреите, христијаните и муслиманите, бидејќи во Библијата се спомнува како река која Евреите ја преминале за да влезат во Ветената земја, но и како река во која Јован Крстител го крстил Исус. Таа е карактеризирана и како место на чуда, а бројни аџии до неодамна патувале на исток за и самите да се крстат во неа.

Денешниот изглед на реката Јордан е само сенка на тоа што некогаш било. Се проценува дека текот на реката е сиромашен за најмалку 60 отсто во споредба со 20 век. Некогаш богата со вода, денес, пак, на некои места ја гледаме само во траги – широка едвај нешто повеќе од десетина метри, со нова „најголема“ длабочина од скромни пет метри.

Continue Reading

Истражување

Марковски компани: Тајните релации Битола-Белорусија виа Белград

Published

on

Заради соработката со белоруски државни фирми под покровителство на Лукашенко, сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски станал почесен конзул на Белорусија, со што има привилегии во Северна Македонија. Рекордерот во милионски тендери, зема тендери и од „Србија шуми“, а сега е под истрага.

„Не е тука“.
Ваков одговор доби екипата на Радио Слободна Европа кога на 5 декември на адресата во Битола, каде се наоѓа фирмата „Марковски компани“, го побара сопственикот Борче Марковски.

Седиштетo на фирмата е во стан во центарот на Битола во кој не пречекаа двајца вработени. И покрај инсистирањето да се видиме со него сепак ни беше речено да оставиме само наш телефонски број.

До објавувањето на сторијата повик од Марковски не добивме.

„Марковски компани“ во последните пет години од државата има добиено најскапи тендери според цената на услугите и тоа често со непосредно спогодување.

Фирмата редовно, во изминативе десетина години добивала работа од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и подружницата „Рударско енергетскиот комбинат – Битола“ (РЕК – Битола) и за пет години склучиле 66 договори кои чинат 141 милион евра, а фирмите подизведувачи го поврзуваат со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

За „сомнителни“ тендери за прв пат почнаа истраги и државното Обвинителство и Финансиската полиција.

Сопственикот Борче Марковски од 2016 година е и почесен конзул на Белорусија поради „добрите економски релации со оваа земја“.

Неговата фирма во Белорусија била претставена како соработник на државни компании кои пак се поврзуваат со претседателот Александар Лукашенко и се под санкции на САД, а во одреден период и на ЕУ.

Марковски има фирма и во Србија, и таму редовно добива тендери од „Србија шуми“.

Ликот на Марковски не може да го видите во медиумите и недостапен е за новинарите.

Целиот текст: https://www.slobodnaevropa.mk/a/markovski-kompani-tajnite-relacii-bitola-belorusija-via-belgrad/33251283.html?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR20DGHq-SF6ed94FniklY_rirFQU3H1UKrND79gPjTW-h2nX6rRQqZfdYM_aem_H7zj6PAmOhEuwZXKWHvDtQ

Continue Reading

Истражување

Големиот Војвода Петар Чаулев – убиен за идеалите на македонската слобода

Published

on

На денешен ден, 23 декември 1924 година, во Милано заврши животот на еден од најистакнатите македонски револуционери, Петар Чаулев. Роден во Охрид на 18 декември 1880 година, Чаулев беше учесник во Илинденското востание и познат како голем војвода, кој неуморно се бореше за слободата и правата на својот народ.

Трагедијата се случила додека Чаулев го пиел својот вермут во миланското бистро „Верцијере“. Со пет куршуми, револуционерот беше убиен, но причините за атентатот остануваат дел од темните страници на македонската историја.

Димитар Влахов, еден од неговите соборци, за весникот „Балкан“ напиша:

“Чаулев беше убиен затоа што сакаше чесно да му служи на својот народ. Чаулев беше убиен затоа што сакаше Македонската Револуционерна Организација да ги продолжи своите стари традиции.”

Со својата посветеност и љубов кон Македонија, Петар Чаулев остави неизбришлива трага во историјата. Нека му е вечна слава!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк