Connect with us

Приказни

Револтиран газда: Не можам да најдам добри работници – им текна да не работат за 300 евра

Published

on

Мојата другарка има теорија дека сега дефинитивно не е моментот да си заминеме од државата. Со сиот одлив на квалитетен, работоспособен кадар, останати се премалку луѓе во Македонија, а со тоа и премалку добри работници. Можеби конечно и нам ќе ни дојде редот да го добиеме она што го заслужуваме, смета таа, затоа што навистина нема кој повеќе да работи. Оваа теорија, колку и да звучи смешна, сè повеќе станува вистинита.

Последната случајна средба со еден скопски „газда“ ме натера да ја анализирам целата ситуација и да сфатам дека не останаа повеќе луѓе за работа, ама ниту будали што ќе си ги кршат коските за 150 до 200 евра месечно. Скопскиот газда е нервозен, се жали како не можел да си најде добри работници. Или се прави наудрен или е навистина до толку будала што не знае всушност колку лош работодавач е.

Сите од ваков калибар, прво треба да се запрашате – зошто ги губите добрите работници? Зошто ви бегаат од фирмите? Во вакви кризни времиња, луѓето не можат да си дозволат да седат на работа, кога платата доцни со месеци. Во Македонија платата доцни 5 дена и веќе те фаќа паника и не знаеш што со себе.

Не може да ги лажеш луѓето дека немаш пари за да им поделиш плата, а веќе следниот ден да купуваш нов автомобил за синчето. Или заминуваш на скап одмор со семејството. Не може човекот што ти е вработен за една определена работа да има 27 задолженија, кои воедно опфаќаат и плаќање на твоите сметки, подучување математика на малиот татин принц или пишување состави за писмената по македонски јазик. Не може да се однесуваш кон вработените како да се најголемото ѓубре, како тие луѓе да немаат грам достоинство, како да ти се чергиче на кое си ги бришеш скапите чевли.

Не може да им исплаќаш К-15 на хартија, а подоцна да ги тераш кришум да ти ги враќаат парите на рака. Да им вршиш мобинг, да не знаат што е делник, а што празник, а ти да се смееш на нивните барања за плаќање на прекувремената работа, да ги множиш со нула! Многу ми е мило што конечно дојде моментот и сфативте дека не сте Господ.

Затоа што очигледно уживавте во таа улога, ама и на тоа полека му доаѓа крајот. И сега нема добри работници? Нема. И ќе нема! Каде и да поминете, каде и да се завртите, во секоја можна продавница, бутик, кафетерија, ресторан, агенција, секаде има прикачено оглас за вработување. А вие сè уште не можете да најдете никого? Навистина, ја нема таа будала што ќе биде секретарка, пардон, технички асистент и кафе-готвачка и чистачка и психијатар за вашите растроени нерви и комплекси за 200 евра месечно. Ајде да се мрднеме од сумата од 200 евра. Пред неколку дена налетувам на оглас за вработување во сериозна компанија. Нац’цкан, налицкан, накитен фино, како народна носија. Се бара високо образование.

Се бара минимум 5-годишно работно искуство. Се бара задолжително познавање на англиски јазик и активно познавање на најмалку уште еден странски јазик (пожелно тој, тој или тој). Се бара напредно познавање на компјутери. Се бара уште не знам ти што. Следува листа со неверојатни 18 редовни работни задолженија.

Потенцирано е дека: ќе се останува прекувремено, дека се работи и саботи, дека работникот треба да е флексибилен на повици. Во превод, се бара роб. Бидејќи платата која е наведена изнесува цели 20.000 денари месечно. Кој ќе ви дојде да го работи сето ова, со минимум 5-годишно работно искуство, со сите наведени квалификации во денешно време? Ви заминувале младите и способните во странство? Не заслужувате ништо подобро.

Заслужувате да останете да си ги работите сами фирмите, да видиме колку сте способни, бидејќи нели според вас „секој е заменлив“. Бујрум, работете си самите. Или уште подобро, вработете си ги децата во фирмата.

Извор:https://skopjeinfo.mk/ne-mozham-da-najdam-dobri-rabotnici-im-tekna-da-ne-rabotat-za-200-evra?fbclid=IwAR0x8z1gc5go4Wr9ur57OKI25YYPQ8EZn9H8PzLMRArb2kDFVjBzASurN1Q

Приказни

Дали за десетина години ќе има кој да прави бурек?

Published

on

На нашите простори пекарските производи, особено бурекот, имаат долга и богата традиција. Со месо, сирење, спанаќ или праз, комбиниран со јогурт или ајран, бурекот е омилен меѓу сите генерации. Но, прашањето кое се поставува е дали за десетина-петнаесет години ќе има кој да го прави.

Пекарскиот занает е тежок и бара посветеност, а интересот кај младите за оваа професија постојано опаѓа. Абдурахим Ештрефи од Скопје е дел од последните генерации македонски бурекџии. Веќе 45 години ги прави највкусните пити, буреци и ѓевреци. Тој го изучувал занаетот три години во стручно училиште, а потоа продолжил да работи во објектот каде што е активен уште од 1980 година. Денес, фамилијарниот бизнис го води со својот брат.

„Тежок е овој занает, но е профитабилен. Веќе 45 години станувам во три-четири наутро. Не е лесно“, вели Ештрефи.

Иако машините значително го олесниле процесот на производство, новите генерации сè поретко се заинтересирани за пекарството. „Ова е стар занает, но младите не сакаат да го учат. Имам синови, внуци, но никој од нив не е заинтересиран. Најдобрите бурекџии заминаа во странство. Сите мои колеги, пријатели – веќе не се тука. Денес има машини и фрижидери, но потребно е да се знае рецептот, да се учи и да се работи посветено“, објаснува тој.

Според податоците на Стопанската комора од 2023 година, просечната возраст на вработените во пекарската индустрија е 57 години. Иако постојат програми за обука, 82% од компаниите се соочуваат со потешкотии да обезбедат стручен кадар.

Дали иднината на бурекот е неизвесна? Ќе зависи од тоа дали ќе успееме да го зачуваме и пренесеме овој занает на новите генерации.

Continue Reading

Приказни

НОСТРАДАМУС ПРЕДВИДЕЛ ПОПЛАВИ ВО 2025 ГОДИНА Јасновидецот прогнозира нова ера на човештвото

Published

on

Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото, пророкува Нострадамус во врска со големите откритија во квантната физика.

Нострадамус предвидел големи промени во 2025 година кои ќе доведат до „нов светски поредок“. Меѓу нив се спомнати и поплави кои ќе ги уништат крајбрежните градови и ќе остават милиони без покрив над главата, пишува Унилад.

Но, луѓето на социјалните мрежи коментираа дека пророштвото е само здрава логика бидјеќи минатата година ја одбележаа поплави.

Меѓу страшните пророштва за следната година Нострадамус наводно спомнал и тајни култови кои би ја користеле моќта на „мрачните ритуали“.

Унилад пишува и дека Нострадамус предвидел големи откритија во областа на квантната физика.

„Откако ќе го постигнеме ова, луѓето ќе можат да комуницираат со повисоки облици на интелигенција. Ова е судбината на човештвото“, пророкува Нострадамус.

Тој најави и дека во 2025 година ќе излезат на виделина долго чуваните тајни. Се чини дека теоретичарите на заговор се многу среќни поради ова.

Ова ќе го промени текот на историјата, тоа е почеток на нова ера, толкуваат различни поддржувачи на делата на Нострадамус, кои исто така тврдат дека во 2025 година повторно ќе почне да се цени некоја „древна мудрост“.

Се смета дека јасновидецот кој живеел во 16 век успешно ги предвидел доаѓањето на Адолф Хитлер на власт во Германија, атомските бомби во Хирошима и во Нагасаки и Големиот пожар во Лондон.

Continue Reading

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк