Connect with us

Инфо +

Престрелка во Сараево: Рaнет раперот Буба Корели (Видео)

Published

on

Раперот Амар Хоџиќ, познат како Буба Корели е повреден заедно со уште едно лице при престрелка која попладнево се случила во Сараево, пишуваат босанските медиуми.

Наводно било пукано во роднина на Корели, кој според непотврдени информации исто така бил ранет.

Повредените веднаш биле хоспитализирани, а засега не е позната нивната здравствена состојба.

-По повод денешниот инцидент, дојде до спомнување на моето име. Јас, Амар Хоџиќ се најдов во погрешно време на погрешно место и никако не сум поврзан со пукањето, изјавил Корели за Аваз.

https://www.youtube.com/watch?v=Yde60e5IsNA

Македонија

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

Published

on

Во гостувањето во поткастот на Кристијан Ландов, ексначалникот Љубомир Ѓорчески, даде свое мислење за неколкуте обиди за убиство на Раде Штекли.

„Некаде во 2011 – 2012 година тој влегува во тие групации со Шевањ и маркинацијата негова е дека треба да биде ликвидиран. Тој најверојатно се има многу замерено со таа структура. Многу е тешко во тие кругови да преминете од една во друга конкуретна структура, а тоа го направи Штекли. Премина од Дуќанџик во Беланоца. Имаше објави во медиумите дека заминал во Дубаи да бара откуп кај Шевањ, но ете со фрлање на бомбата се покажа дека до прошка не е дојдено и дека Раде Штекли и натака е на списокот за ликвидирање и тој кога тогаш ќе биде ликвидиран. Локвидаторите  ќе бидат доведени во ситуација да му пукаат во глава за да бидат сигурни дека еднаш засекогаш го постигнале ефектот“ рече тој.

https://www.instagram.com/reel/DCpSBrluB0J/?igsh=bnRoOG94MDQwbzY4

Continue Reading

Македонија

Таравари: Албанскиот јазик не е официјален во земјава

Published

on

Министерот за здравство Арбен Таравари, во интервјуто за Алсат ТВ вели дека не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален во земјава, туку дека употребата на албанскиот е напредната.

„Официјално е кога се користи секаде и исто како и македонскиот јазик. За жал, албанскиот јазик е јазикот што го зборуваат само 20 отсто или повеќе од населението што живее во Република Македонија. Значи, не може да се каже дека албанскиот јазик е официјален јазик во Република Северна Македонија“,речеТаравари.

Тој додаде дека со Законот за употреба на албанскиот јазик се унапредува албанскиот јазик и додаде дека албанскиот не исчезнал од официјалната комуникација на некои министерства, туку дека проверката за тоа треба да им се препушти на надлежните институции.

„Дали очекувате ние како полиција да одиме и да интервенираме во министерствата?Институциите постојат, институциите мора да си ја работат својата работа. Верувам дека Агенцијата за имплементација на албанскиот јазик ќе се натера сама и во сите министерства и во сите институции каде што не се спроведува албанскиот јазик да ја добијат заслужената казна“, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

„Дајмонд мол“ под вода: Проблеми со прокиснувањето.

Published

on

Дождовната вода вечерва го поплави последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“, каде вработените беа принудени со кофи да собираат вода. Оваа непријатна ситуација предизвика реакции кај посетителите, особено имајќи ја предвид вредноста на инвестицијата од 350 милиони евра. Случајот отвора прашања за квалитетот на изведбата и надзорот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк