Connect with us

Инфо +

Ова е златна крвна група: Ја имаат само 43 лица во целиот свет

Published

on

Постојат четири основни типови на крвни групи – A, B, AB и 0, а нивната застапеност првенствено зависи од нашето потекло, односно генетиката поврзана со групата луѓе на кои им припаѓаме.

Четирите основни крвни групи се претвораат во осум ако го вклучиме присуството или отсуството на (Rh) Рх-факторот. Тој може да биде позитивен или негативен, односно да биде присутен или да го нема. Оние кои го имаат, се позитивни, додека оние кои го немаат се негативни. Се проценува дека само 15 проценти од населението е Рх негативно. Сепак, постојат буквално милиони варијации на крвни групи, а најретката меѓу нив е онаа што ја имаат само околу 40 луѓе во светот.

Овој тип крвна група е толку ретка затоа што ја имаат само 43 луѓе во светот, а до 1961 година, кога за прв пат беше дијагностицирана кај една Абориџинка, лекарите мислеле дека ембрионот кај оваа жена ќе умре во матката. Овој најредок крвен тип нема ниту еден од 50 антигени од Резус факторот, а името „златен” го добил, бидејќи е толку редок.

Она што ја прави оваа крвна група посебна е тоа што како универзален дарител е многу подобра од типот „0“ и е компатибилна со сите други ретки крвни групи, но за жал во светот постојат само девет живи донатори. Оваа крвја група се нарекува и златна крв, а оние кои ја имаат, од една страна се многу среќни затоа што можат да го спасат животот на сите, но ако тие се во опасност можат да добијат помоѓ, или крв од само девет лица во светот.

Свет

КОЈ СТОИ ЗАД МОНСТРУОЗНИТЕ ПОЖАРИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС?! Објавена е застрашувачка теорија!

Published

on

Пожарот кој уништи луксузни делови од Лос Анџелес, согорувајќи 96 квадратни километри, предизвика бројни полемики во јавноста, и тоа не само во самата држава, туку и многу пошироко. 

Од бројните теории, меѓу кои и многу тории на зговор, низ медиумите веќе на големо се пишува за можната причина за пожарот.

Некои извештаи ја истражуваат теоријата дека пожарот во Палисадес може да се поврзе со претходен пожар што бил изгаснат во раните утрински часови на новогодишниот ден, пишува Гардијан.

Пожарот избувнал нешто по полноќ во 2025 година во област која наликувала на местото каде што подоцна избил пожарот во Палисадес.

Извори кои анонимно зборуваат за Лос Анџелес Тајмс рекоа дека истражителите веруваат дека изворот на пожарот би можел да биде блиску до местото каде што избувнал пожарот за Нова година.

Како што продолжуваат напорите за гаснење на пожарите што го опустошуваат Лос Анџелес, властите почнаа да ги истражуваат причините и потеклото на пожарот кој однесе најмалку 24 животи и уништи илјадници домови.

Палисадес е популарен кај посетителите, што го наметнува прашањето дали пожарот можел да биде предизвикан од луѓе.

Истражителите ја разгледуваат можноста новогодишниот пожар да бил предизвикан од огномет, иако официјалните лица се уште не ја утврдиле точната причина.

Пожарот беше изгаснат околу 4 часот и 30 минути на Нова година, а временските услови тој ден беа значително помирни отколку неколку дена подоцна, кога избувнаа нови пожари.

Локален жител, кој сакаше да остане анонимен, изјави за „Вашингтон пост“ дека истражителот кој го посетил квартот по новогодишниот пожар сугерирал дека луѓето кои престојувале во областа можеле да предизвикаат мал пожар. Локалниот жител додаде дека неговото семејство слушнало огномет во областа каде што избувнал пожарот на Нова година.

Експертите за пожари изјавија за Пост дека е можно повторно да се разгорат пожарите, дури и неколку дена по нивното гаснење, бидејќи топлината може да остане заробена во корените на дрвјата. „Знаеме дека пожарите повторно се активираат и преминуваат од тлеење до пламнување“, изјави за Пост Мајкл Голнер, пожарникар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Беркли. „Апсолутно е можно нешто од претходниот пожар да може, во рок од една недела, повторно да се запали.

Два големи шумски пожари избија минатата недела, поттикнати од урагански ветрови кои донесоа прекумерна суша од внатрешните пустински области.

Најмалку 24 луѓе загинаа во пожарите од тогаш, објави медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес.

Полицијата, наводно, се фокусира на можниот човечки фактор во истрагата за причините за смртоносниот пожар во Палисадес во Лос Анџелес.

Неколку извори во полициските сили рекоа дека потенцијалните линии на истрага вклучуваат огномети или неовластени лица кои кампуваат во областа.

Нагласувајќи дека не се донесени заклучоци, тие рекоа дека другите можности вклучуваат случајно палење на опремата и дека не е исклучено подметнување пожар.

Избор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

Тони Коњановски на терен со службите за расчистување на снегот во Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва заедно со директорите на јавните претпријатија изврши увид во тековните активности за расчистување на снегот од клучните локации во градот.

Во своето обраќање, Коњановски ги потенцираше напорите на зимската служба, кои без застој работат на обезбедување нормално функционирање на градот:

• Широк Сокак и плоштадот Магнолија беа расчистени за непречено движење на граѓаните.

• Паркингот пред Центарот за култура и отворениот паркинг кај саат-кулата беа приоритет за ослободување од снежните наноси.

• Активности се спроведуваат и низ населените места во општината.

„Нашата цел е сите улици и јавни површини да бидат целосно проодни, со што ќе се обезбеди безбедност и функционалност за граѓаните,“ истакна Коњановски, додавајќи дека тимовите на зимската служба остануваат на терен и во текот на ноќта.

Општина Битола ја продолжува својата посветеност за брза и ефикасна реакција во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Соработката со Чешка отвора нови можности за Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, преку активна иницијатива и со поддршка од амбасадорот на Чешка, г. Лудва, воведува значајни чекори кои ветуваат подобрување на односите меѓу Македонија и Чешка.

Божиновска ги истакна трите главни проекти кои се во фокусот на оваа соработка:

Организација на заедничка седница на министрите на Македонија и Чешка, со цел продлабочување на билатералните односи и создавање нови можности за партнерства.

Воведување директен авионски лет Скопје–Прага, кој наскоро ќе биде достапен, што ќе придонесе за полесна бизнис и туристичка соработка.

Сезонски летови Прага–Охрид, кои ќе го позиционираат Охрид како клучна дестинација за чешките туристи.

„Овие иницијативи не само што ја олеснуваат комуникацијата и соработката, туку и отвораат врати за нови инвестиции во различни сектори како енергетиката, туризмот и трговијата“, изјави Божиновска.

Оваа соработка претставува значаен чекор напред кон зајакнување на врските помеѓу двете земји и обезбедување нови можности за одржлив економски раст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк