Connect with us

Uncategorized

ЗЕЛКА ДИЕТА Е ГОЛЕМ ХИТ: За помалку од 7 дена ќе ослабете 5 килограми

Диетата со зелка моментално е една од најпопуларните на интернет. Оваа диета не е нова, но стана популарна во 50-тите години на минатиот век.

Го користеле луѓето за подобрување на нивното општо здравје и како еден вид детоксикација на телото. Некои извори тврдат и дека супата од зелка, на која се базира оваа диета, се користела и за време на Првата светска војна за зајакнување на имунитетот.

При следењето на оваа диета, дозволено е да се јаде друга храна со помалку калории, додека потребно е да се елиминираат шеќерот и храната како печени компири, банани и слично во првите 3 дена.

Значи, главниот оброк е супа од зелка и се прави на следниов начин:

Зеленчукот исечкајте го на коцки, вклучувајќи моркови, зелени пиперки, кромид, домати, печурки, зелка и целер.

Во тава ставете го кромидот и малку масло и динстајте неколку минути. Потоа додадете го сечканиот зеленчук.

Додадете 6-7 чаши вода во тенџере и оставете да зоврие. Намалете ја температурата на средно и оставете го зеленчукот да се готви. Гответе додека зеленчукот не омекне, еден 30-45 мин. Можете да додадете сол и бибер по желба.

Прв ден

Супа од зелка и овошје по избор, само банани не се дозволени. Пијте многу течности, се препорачува вода, незасладен чај или црно кафе.

Втор ден

Супа и зеленчук, количината не е ограничена, важно е да не се чувствувате гладни. Јадете зелен зеленчук и избегнувајте пченка, грашок и други мешунки. Можете да печете компири за вечера. На овој ден е забрането да се јаде овошје.

Трет ден

Со супа од зелка, можете да комбинирате овошје и зеленчук по ваш избор, но не и храна која содржи многу јаглехидрати (на пример, компири).

Четвртиот ден

Освен супата од зелка, можете да изедете најмногу четири банани, а обезмастено млеко да консумирате во неограничени количини.

Петтиот ден

Задолжителна е супата од зелка, а дозволен е еден оброк од 300-500 грама посно пилешко или говедско месо и салата од домати (максимум шест домати).

Во текот на денот треба да пиете од 1,5 до два литри вода, што ќе го подобри исфрлањето на вишокот киселина од телото.

Шестиот ден

Најмалку една порција супа од зелка, посно пилешко или говедско месо и многу зеленчук. Шестиот ден не е дозволено да се јаде компир.

Седмиот ден

А последниот ден од диетата е задолжителна супа од зелка, а гладот ​​можете да го задоволите со порции интегрален ориз и зеленчук. Дозволено е да се пие незасладен овошен сок.

Напомена: Оваа диета се препорачува да се придржувате до 7 дена, по што треба да направите пауза од најмалку 2 дена.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг