ВЛАДАТА ЌЕ УВЕЗУВА РАБОТНИЦИ

Дојдено е времето да ја отвориме дискусијата за потребата од увоз на работна сила, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на гостувањето на регионалната телевизија Блумберг Адрија.

Битиќи рече дека недостигот на работна сила се решава со доквалификација и преквалификација на одредена група невработени за да се прилагодат на потребите на пазарот, но оти дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

„На пазарот на труд има недостиг на работна сила и мора да одговориме на тој предизвик ако сакаме да имаме забрзан економски раст“, посочи Битиќи.

Стапката на невработеност во Македонија е околу 14 отсто. Според Агенцијата за вработување, во земјава има над 113 илјади активни невработени и уште други 46 илјади луѓе кои бараат работа. Бизнисмените, пак, долго време се жалат дека овие невработени ги немаат потребните вештини кои им се потребни.

Битиќи вели дека тие невработени не одговараат на потребите во некои сектори кои бараат специфични квалификации.

Феноменот Јелена Ѓоковиќ: Како скромната девојка од соседството стана жена која ја следат светските папараци?

Како млада девојка, Јелена Ристиќ  ја знаеја само тесен круг луѓе. Како успешна деловна жена, сопруга на најдобриот тенисер, мајка на Стефан и Тара, Јелена Ѓоковиќ  сега ја познава целиот свет, пишува српски Блиц.

Кога и како Јелена Ѓоковиќ, родена 1986 година во Белград, стана предмет на јавен интерес и цел на светските папараци?

Јелена доаѓа од скромно семејство, а нејзината љубов кон Новак Ѓоковиќ ја направи достапна за јавноста. Иако не избра, таа стана предмет на интерес, а секој  нејзин чекор внимателно се следи. Таа постојано истакнува дека токму поради тоа има голема одговорност пред  јавноста за тоа што ќе каже, дали или каде ќе оди. Многумина си  го даваат правото да ја коментираат и негативно и позитивно.

Јелена Ѓоковиќ беше студент по економија и финансии на италијанскиот колеџ “Бокони” во Милано. Само една година на овој факултет чини околу 5.000 евра, но Јелена, како и повеќето српски државјани што студираат во “Бокони”, доби стипендија од овој факултет.

Еден од најпопуларните двојки денес се запознаа во 2005 година преку заеднички пријатели, додека Ноле сè уште не беше популарен во светот. Тенисерот  за првпат ја презентираше на јавноста на турнирот во Амерсфорт во јули 2006 година. Таа често го посетуваше Монте Карло каде живее семејството Ѓоковиќ денес.

Фото: Инстаграм

Таа ги мина своите денови во Милано како повеќето од нејзините студентите таму. Живеела во студентски дом, со неколку цимери. Поради многу одговорности на универзитетот, Јелена не ги следеше турнирите  на Новак, но ги гледаше сите натпревари преку телевизиски екрани.

Во тој период, јавноста почна да се интересира за неа – која е девојка која седи во ложата на Новак? Наскоро тој  ја претстави како девојка, потоа сопруга, а потоа како мајка на неговите деца.

Денес, Јелена Ѓоковиќ е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.

Значи, вистината е дека Јелена Ѓоковиќ одеднаш се стекна со популарност како сопруга на Новак Ѓоковиќ, но таа упорно докажа дека е повеќе од убава личност и повеќе од титулата “жена што седи на трибините”. Јелена денес е пример за многу жени во Србија, а на негативните коментари  таа возвраќа со насмевка.

Она што му се допаѓа на модни читатели е дека иако има милиони, Јелена навистина не сака да потенцира брендови и никогаш нема да ја видат од глава до пети облечена во “крикот” на последната мода. Да, точно е дека  носи скапи часовници, нараквици и прстени на рацете, но секогаш е со мерка и вкус.

Така, Јелена е пример за една млада жена успешна и остварена во сите полиња – како во бизнис, така и  приватно.

ПОПУСТО се избираат претставниците за Евровизија 2023 – Во обложувалниците УКРАИНА Е ВЕЌЕ ПРВА (Видео)

Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни да ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на уметникот, пренесува Индекс.

На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а убедливо води Украина. Букмејкерите и даваат на украинската група ТВОРЧИ и песната Heart of Steel дури 16% шанси за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.

Шведска, која исто така не избра песна, има импресивни 10% шанси за победа.

Украина избра претставник за Песна на Евровизија во декември во подземната станица во Киев претворена во воено засолниште.

ТВОРЧИ е електро поп дуо, основано во 2018 година во Тернопил. Музичарите се запознале додека студирале фармација во западна Украина. Тие беа избрани да ја претставуваат Украина на Евровизија и ова е нивниот најголем успех досега.

Победник на минатогодишниот Избор за песна на Евровизија беше оркестарот Калуш од Украина. Киев го доби правото да го емитува Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, но поради безбедносни грижи предизвикани од руската војна, Британија ќе биде домаќин на настанот.

Едноставни совети за потопол дом и заштеда на струја

Ако вашиот дом не е топол колку што би сакале, не треба да вклучувате греалка или клима уред. Една мала промена е доволна за вашиот дом да биде потопол.


Овој трик не бара пари, само малку време. Се што треба да направите е да го преместите мебелот. Пред радијаторот главно се поставуваат големи парчиња мебел како каучи, витрини, фотелји. На тој начин ја блокираат циркулацијата на топлиот воздух и го впиваат.


Затоа, треба да направите таков распоред што топлиот воздух може да циркулира без проблеми.

Многумина не знаат дека преместувањето на мебелот е наједноставниот и потполно бесплатен начин да ја направите куќата потопла. На овој начин ќе заштедите и на сметките за струја – објаснува еден експерт.


– Софите, троседите, масите и полиците за книги можат да ја апсорбираат топлината на радијаторот и да не дозволат да циркулира низ собата. Преместувањето на големи парчиња мебел за да не се пред или околу радијаторот ќе овозможи просториите да бидат потопли – додал друг.

Овие два евтини и практични совети пак ќе ви помогнат уште повеќе да го затоплите својот дом, а за тоа да не плаќате дополнителни средства. Тие што го испробале овој метод тврдат дека во станот им е дотолку потопло, што се решиле дури и да исклучат еден од радијаторите.

Совет 1

На ѕидот зад радијаторот залепете каков било рефлективен материјал, на пример алуминиумска фолија за домаќинство или фолија за заштита од сонце на ветробранското стакло на автомобилите. Радијаторот ќе престане да го загрева ѕидот, па топлината ќе престане да излегува преку надворешните ѕидови и ќе се рефлектира директно во вашата просторија.

Совет 2

Вториот совет е сличен на првиот. Ставете парче алуминиумска фолија на парче картон, така што сјајната страна на фолијата да е однадвор, па поставете го картонот помеѓу ѕидот и радијаторот. Се разбира, страната со фолијата треба да гледа кон радијаторот.

И на овој начин на топлината се одбива од површината на фолијата и се враќа во вашиот дом, место да биде апсорбирана од ѕидовите.

Шишков за татко му: Секоја вечер заспивам со желбата да е барем за момент жив, па да ме види. Да ме види што човек сум, што актер сум!

Како потомок на еден од најголемите македонски актерски имиња, како негов син, зборува за предностите и слабостите на таквото сродство, за животот со и (по)крај човекот, Ристо Шишков

  • Никогаш не мислев дека едно презиме, може човека толку да го обремени. Во позитивна и негативна смисла. Дека презимето толку многу може да создаде обврска, некои ограничувања, сомневања… но и гордост и привилегија. Никогаш нема да знам како ќе беше, ако беше… Знам само како се чувствувам!
  • Во детството Ристо Шишков воопшто не го гледав како голем актер или како голем човек. Не се фасцинирав од него. Не бев свесен за неговата величина во професијата, кога луѓето му честитаа, го поздравуваа, го воздигнуваа… Мислев дека тоа така треба да биде, зашто тој за мене беше тато Ристо, односно тато, прекрасен татко што го обожавав како што дете обожава родител на кого му верува.
  • Бев многу немирен, никогаш “татин син“, непредвидлив… ниту тој не беше совршен, ама се разбиравме лесно. Учев од него. Дека за да се биде човек, најважна е чесноста и емоциите без оглед на цената. Да се „игра“ фер плеј и секогаш да се провоцира во себе позитивната енергија – максиманлно, без разлика какви се околностите. Многу се противеше кога понекогаш ќе речев дека сакам да се појавам во некој филм каде што играше тој. Таквите мои каприци веднаш ги маршираше в соба на учење.
  • Разговаравме многу за глумата. Често ќе речеше: „Само оној кој верува и кој се внесува целосно во тоа што го игра, а никогаш не прашува колку ќе заработи од тоа е – актер!“ Еднаш, со многу алкохол во себе, дали претчувствувајќи нешто или не, ми рече: „Ти си Васил Шишков, мој син и тоа секогаш ќе бидеш. И да го почитуваш своето презиме!“ Не знаев тогаш точно што сакаше со тоа да каже, но мислам дека се однесуваше на чесноста на презимето Шишков, на својата чесност, на мојата што треба да ја изградам. На гордоста и достоинството што (како и секој) треба да се има во однос на потеклото. Така и јас го чувствувам.
  • Татко ми веќе одамна го нема. Јас спротивно на неговите желби сепак, станав актер. Не знам што друго очекуваше тој да се случи кога син му растеше во театарот, го дишеше истиот воздух, истата прашина… како и тој, како неговите колеги! Само што првиот ден кога стапнав на Академијата, сфатив дека сум под микроскоп. Сигурно ниту на моите колеги, кои се исто така синови и ќерки на актери (Ѕвезда Ангеловска, Игор Џамбазов, Драган Спасов, Бранко Ѓорчев…) не им било (им е) лесно да ја чувствуваат сенката на своите родители, не ми беше ни мене тогаш, а ни сега. Секогаш сум бил и секогаш ќе бидам горд што сум син на Ристо Шишков. Многу ми е мило што еден таков актер, што еден таков човек ми е татко.
  • Само тие детални анализи од страна на другите луѓе притискаат повеќе отколку што јас можам да издржам, а издржувам. Можеби треба време сето тоа да престане, но… Еднаш еден режисер ми рече: Треба да се одбраниш од она што мораш да се одбраниш.“ Се бранам, ама… Мојата младост, моето досегашно искуство е премало за да можам толкав притисок лесно да поднесам. Некој сигурно ќе рече: „Па нему му е полесно со таков старт!“ Да. Стартував со плус сто поени, ама и со минус сто. Своето име и презиме како актер јас морам да го градам врз името и презимето на Ристо Шишков. Тоа верувајте, не е ни малку лесно.
  • Знам дека многу личам на него. Често се фаќам себеси во негова поза, гримаса, движење… тоа е ген. И добро е што е така. Не мора другите на тоа постојано да ме потсетуваат! Знам дека многумина го сакале, го сакаат се уште, дека на многумина им недостасува, дека го почитуваат… ама мора ли секогаш да се повторува дека тој бил во некоја ситуација ваков, во друга таков… ама пак, знам дека е тоа неизбежно.
  • Најмачно ми е по претставите. Ме споредуваат, на моја или не штета сеедно, ме вагаат, обвинуваат… А пак, од друга страна, ми е мило што ме споредуваат не со татко ми, туку со еден актер од типот на Ристо Шишков. Така што, тоа е меч со две сечила.
  • Сакам да верувам дека луѓето кои ми даваат работа, улогите не ми ги дале поради моето потекло, туку поради мене самиот. Исто како што верувам дека неколку улоги никогаш нема да ги одиграм, зашто некогаш ги играл Ристо Шишков. Можеби звучи нескромно, но јас, како и секој човек верувам во своите способности и можности, па така мислам дека би можел уште многу да дадам во театарот и не само таму. Дека не сум доволно искористен, но нели, има време.
  • Времето веројатно ќе си го донесе своето, па овие работи помалку ќе болат. А болат, бидејќи по 15 часови од денот живеам во минатото и кога ќе решам да излезам, да се разонодам, повторно ме враќаат таму. Не знам за другите, мене ми е доволно сеќавањето што е во мене. Сеќавањето за татко ми. Сеќавањето за актерот Ристо Шишков и за историјата. Барем за мене.
  • Не може Васил Шишков да биде добар актер, ако секоја негова грешка, колку и да е таа маргинална, се коментира со: „Е, ова на синот на Ристо Шишков не смее да му се случи!“ Ми се дава шанса, работам, верувам дека колегите ме прифаќаат рамо до рамо со себе, дека умеам да го работам она за што сум се определил, но сепак… Би бил многу посреќен кога би ме прифатиле конечно, само како Васил Шишков – и како човек и како актер. И средината во која работам и публиката.
  • Не се бега лесно од етикетата, но може да се биде подискретен со мислењата, оценките… Пак ќе повторам: јас знам чиј син сум. Не ми се толку неопходни потсетувањата. Со нив ми се губи сеќавањето на стариот Шишков, како на татко. А тоа ме повредува. Зашто, никогаш и никого не сум сакал повеќе од него. Мене уште долго ќе ми треба таа моја љубов кон него.
  • До 1986 година, кога умре татко ми, сонував многу. Од тогаш се до денес не сум сонувал ништо (или барем не се сеќавам на соништата). А сонувам секој ден, секое утро се будам, секоја вечер заспивам со желбата да е барем за момент жив, па да ме види. Да ме види што човек сум, што актер сум! И да ми каже. Да ми се намали неизвесноста, несигурноста, сомневањата. Зашто поинаку, многу поинаку е кога ќе го видиш, кога ќе го слушнеш татка си.

Б. Н. Доневска – „Екран“, 1997 година         

Последната улога, Васил Шишков ја одигра во претставата „Вечната куќа“, каде му беше доверена задачата да го игра митскиот македонски актер, неговиот татко, Ристо Шишков. Починува на 21 декември 2014 години на жалост на целиот театарски свет во Македонија.

Денеска е Преподобен Антониј Велики – Честит именден Антонио и Антонија!

Египќанец, роден околу 250 година во некое село Кома, близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството.

Најпрвин, се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне обеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестана молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи со неискажливо трпение демонските искушенија.

Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и слово на патот кон спасението. За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на светиот Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес.

Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска подржавачи и ученици. Иако беше некнижевен, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше свети Атанасиј Велики. Кога некои елински философи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“ Засрамени, философите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј.

Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси и само така можеше да ги преобразува и другите. Исполнет со многубројни години и добродетели, свети Антониј се упокои во Господа во 335 година.

Именден празнуваат: Антонио, Антонија.

Оригиналната форма на ова име е Antonius. Името има латинско потекло. Името го означува оној што е од родот на Антониите и има етрурско потекло. Според други толкувања името значи „скапоцен“, „бесценет“.

„Антониј“ всушност е римски назив на оригиналното потекло на грчкиот збор „антео, антао“ што во превод значи „подготвен за борба, конкуренција“.

Женската верзија од ова име е Антонина, Антонија. Таа означува бесценета, скапоцена. Има повеќе варијанти од ова име: Антонина, Антоанина, Антоанета.

Светецот Преподобен Антониј Велики се празнува на 30 јануари. Свети Антониј е роден во Среден Египет, во 251 година. На 20-годишна возраст остана без родителите. Мораше да се грижи за останатото богатство и за својата помала сестра.

Еден ден во црква ги слушна зборовите: Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај го имотот и раздај го на сиромасите и ќе имаш ризница на небото, па дојди и врви по мене, па го раздаде имотот, а со малиот остаток ја згрижи сестра си и го започна подвижничкиот живот. Целиот негов живот стана исполнување на овие зборови.

Мапирани 100 ЈАВНИ ОБЈЕКТИ во Скопје кои горат МАЗУТ и НАФТА

-За што се зборува воопшто кога јавни институции го загадуваат воздухот во Скопје со греење на мазут или нафта за домаќинствата, велат од „Шанса за Центар“, од каде нагласуваат дека изброиле 100 институции кои го загадуваат воздухот, но дека сигурно ги има уште. „Празните муабети, што ги расфрлаат големите партии нема да го решат проблемот со загадувањето на воздухот од кој секоја година прерано губиме луѓе“, велат од организацијата и нагласуваат дека само за една сезона станува збор за количина на изгорена нафта колку што има вода во олимписки базен !

Ние сме уверени дека нема магично, ниту брзо решение на проблемо со загадениот воздух кој го дишеме. Загадувањето доаѓа од многу страни и потребни се многу пристапи. Затоа, се насочивме да дополниме уште еден дел во мозаикот. За да им помогнеме на институциите да ги согледаат сите страни на проблемот изработивме мапа која го покажува уделот на јавните институции во редот на загадувачите.

Ги мапиравме јавните објекти и установи кои се греат на мазут и екстра лесно масло за домаќинство. Мазутот е исклучително ‘валкан’ енергенс, но не е за потценување ниту екстра лесното гориво кое содржи многу повеќе сулфур отколку на пример највалканото автомобилско гориво – дизелот!

Количината на мазут и нафта за домаќинство која тие ја согоруваат е голема.

На пример, ЈСП во своите автобази, Железници транспорт и Клиниката за физикална медицина и рехабилитација ќе согорат стотици илјади килограми мазут сезонава.

Со нафтата за домаќинство пак која се гори во една сезона може да се наполни повеќе од олимписки базен. А тоа потоа го дишеме. Според договорите за јавни набавки за една сезона во скопската котлина може да се изгорат над 2,7 милиони литри нафта за домаќинство!

На нафта за домаќинство се огромен број на училишта, градинки и болници во целиот град. Дури и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле користи нафта за домаќинство.

Во скопската котлина една јавна установа – затворот Идризово, ќе изгори и 550 тони јаглен за загревање. Сето тоа заедно исто така придонесува за загадувањето на воздухот!

За да се промени начинот на греење кај домаќинствата е потребно повеќе време, напор, работа со граѓаните и пред сѐ прифатливи алтернативи за нив. Но за да се промени начинот на греење кај институциите е полесно. Потребна е главно политичка волја и одлучност да се пристапи кон решавање на проблемот и таму да се насочат сериозни пари од буџетот.

Ова е причина повеќе, покрај другите мерки, и да се продолжи со проширувањето на мрежата за парно греење на која треба да се приклучат сите јавни институции кои имаат пристап до неа. Општините пак да работат на забрзана замена на начинот на греење на оние јавни објекти кои се во нивна надлежности, а на кои градското парно им е недостапно“, соопштија од „Шанса за Центар“.

Апсење во Прилеп поради кое се смее цела Македонија

Врз основа на податоците од дневниот билтен на МВР, вчера на 28.01.2023 во 18.00 часот во Прилеп од полициски службеници од ОВР Прилеп приведен е А.А.(40) од Прилеп, затоа што кај него се пронајдени и ОДЗЕМЕНИ 28 АМПУЛИ ДИАЗЕПАМ.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.

Секоја чест: Начевски и Николов за чиста десетка го судеа големото мундијалско финале

Данска во одлична спортска битка славеше над Франција и си обезбеди место во историјата на светскиот ракомет, но вечерашното финале за нас ќе биде запаметено и по извонредната абритража на Ѓорѓи Начевски и на Славе Николов. По финалето на ЕП и мечот за златото на ОИ, македонските судии ја добија задачата да судат и на дуел за титула на еден ракометен мундијал, и апсолутно маестрално си ја завршија работата.

Неупадливи во одлуките, дозволија дуел игра, но кога стартовите ќе станеа нешто погруби, знаеја и како да санкционираат, покажувајќи одличен „сенс“ за еден ваков значаен натпревар во кој беше јасно дека ќе има многу искри на теренот.

Одлично беа забележани и важните одлуки во второто полувреме, престапот на француското крило, потоа и чекорите на Ремили… а „триколорите“ немаат буквално за што да се пожалат од судиски аспект за денешниот пораз.

Начевски и Николов уште еднаш покажаа дека се најдобри светски судии во моментов, подготвени максимално да одговорат на предизвиците, а најдоброто од себе да го покажат токму на најважните натпревари во судиската кариера.

Нашата ријалити ѕвезда Елеонора Миљковиќ во еротска долна облека со секси дизајн (Фото)

Елеонора Нора Миљковиќ, некогашната македонска ријалити учесничка, модел и ТВ водителка, однеодамна и  сопруга, откако кон крајот на минатата година вплови во брачните води со своето долгогодишно момче Чедо.

Нора уште пред брачните, вплови и во таканаречените инфлуенсерски води, рекламирајќи на  Инстаграм разни производи и услуги, од кои најмногу оние кои го допираат гламурот. Меѓу нив најчесто секси долна облека на еден еротски бренд со слично име, во чии парчиња скопската убавица изгледа како секси зајачица, налик на оние од насловниците на најпознатиот светски машки магазин.

Раскошна убавица која зрачи со еротски набој кој ја поместува тенката граница на она што ги дразни машките мисли и сетила… Елеонора слободно им допушта да влезат во нејзините соништа, зашто таа ионака е веќе во нивните…

Како и не би, кога штом ја видите таа е како „бисер во отворена школка“, провокативна, пожелна, привлечна, секси… до болка! Најчесто кога за тоа има добра причина и уште поубав повод… Каков што е Денот на вљубените на пример, за кој лани додека се’ уште беше мома за мажење, Нора  возбудата ја доведе до ежење. Во ултрасекси брендирана долна облека како секси зајачица со две лица… Нежна и заводлива, подготвена да сподели љубов што кулминира, за потоа да експлодира и да се претвоти во садо мазо-домина, желна да доминира!

Годинава сега веќе госпоѓа Елеонора уште отсега е подготвена за нова промена, во поинаков, но ништо помалку возбудлив еротски аутфит да го дочека Свети Валентин.