Connect with us

Македонија

Фактор: ЗЕМАМ ПЛАТА ИЛЈАДА ЕВРА, РАБОТАМ ОСУМ ЧАСА, ИМАМ ТРИ БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ И БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ: Македонка во Хрватска

Published

on

Хрватска е доста атрактивна за младите лица од земјава, за сезонска работа. За претстојната сезона, голем број млади лица заминаа токму во оваа земја, за да заработат некој денар.

Фактор разговараше со триесет годишната Б.Б., која втор месец веќе е на работа во Хрватска, на островот Крк.

– Лично сум презадоволна од условите но и од односот на работодавците. Работам во пекара и ова е втора година како доаѓам да работам кај овие луѓе. Имаат фамилијарен бизнис, сите работат во пекарата и имаат неколку студија за изнајмување. Јас работам во пекарата како продавачка – вели таа.

На прашањето зошто се одлучила повторно да замине во Хрватска, вели дека зема 60.000 денари плата, има здравствено осигурување, пријавена сум, имам бесплатни три оброци и бесплатно сместување.

– Работам осум часа, потоа сум слободна да правам што сакам. Ако сум прва смена, по завршувањето на смената заминувам на плажа а потоа и на прошетка. Ако сум втора смена исто така шетам наутро, ја запознавам локалната историја и култура – раскажува Б.Б.

Вели дека многу од нејзините пријатели заминале на работа во Хрватска.

– Дојдоа и оние што се во брак, а кои немаат деца. Двајца ќе работат, ќе користат една соба, а на газдите не им е проблем храната, бидејќи се пекари и тоа го работат. Не им е никаков трошок да ни дадат три оброци. Моите пријатели за три месеци работа, ќе земат шест илјади евра. Ниту јас не се жалам, ќе земам три илјади евра, а може и повеќе, зависи како ќе се погоди времето – тврди девојката.

Огласот го нашла во група на Фејсбук. Уште лани им пишала на сопствениците на пекарата. Тие веднаш и одговориле и се договориле. По само три дена заминала таму.

-Оваа година им пишав директно на нив. Не барав воопшто по огласи. Ме познаваат веќе а и јас ги знам луѓето. И ним им значи да имаат познат човек но и на мене. Кога финансиски се двете страни задоволни, нема причина да се прекине соработката – вели Б.Б.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк