Connect with us

Македонија

„Да се зголемат платите на лекарите затоа што ќе останеме без нив“

Докторот Нико Беќаровски кажа дека директорот на Клинички центар треба да го бира Владата, но раководителите на клиниките треба да бидат вработени со минимум 20 години искуство.

Беќаровски кажа дека Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар.

– Иницијативниот одбор ја поздравува идејата за спојување на Клинички центар, тоа беше една од нашите заложби. Меѓутоа, од друга страна, спојувањето треба да значи и професионализација на клиниките. Што подразбираме под тоа? Директорот на Клинички центар, да, може, нека го бира Владата, меѓутоа раководителите на клиниките исклучиво да се бираат од редот на вработените на клиниката со минимум 20 години искуство да бидат специјалистичко, пожелно би било секако да бидат од редот на професорите коишто се на таа клиника. Ние направивме една груба проценка дека само по основ на втор директор којшто постои моментално во клиниките и по основ на управни одбори, годишно околу милион и сто илјади евра се неповратно фрлени без никаква конкретна импликација, освен што служи за вработување на кадри, вели Беќаровски.

Резултатот од т.н „вечерни школи“, како што вели, е неквалитетен кадар.

– Секој најдобро знае каков персонал му недостига. Во моментот се случува од денеска да добиеме писмо дека овој е прераспределен кај вас, овој е тргнат од кај вас. Со ваков начин квалитет нема. Верувајте, има сестри што не знаат да ја стават иглата на шприцот. Таква сестра не може да работи на Клинички центар. Не би требало да работи ни на друго место. Се дисперзираа, секаде се отворија школи, се завршуваат вечерни школи, од таму произлегоа неквалитети, оцени Беќаровски.

Истовремено, лекарите го повторија и барањето за зголемување на платите.

Во спротивно најавуваат протести и напуштање на јавното здравство. Ова го најавија од Синдикатот на Клиничкиот, кому му се приклучува и докторскиот одбор.

– Ние бараме со августовската плата да се изврши тоа усогласување со минималната. Доколку тоа не се реши пред покачувањето најавено во септември, ние ќе почнеме да ги користиме сите законски акти и прописи, а тоа значи дека може да има приватни и колективни тужби до Фондот за здравство и до Министерство за здравство, а во согласност со членството, во консултации со членството може да почнат и протестите, вели Серафимовски.

– Како што се најдоа пари за судиите и за функционерите, така треба да се најдат пари и за лекарите, вели доктор Беќаровски.

Доколку не се исполнат барањата на лекарите, тие ќе преминат во приватното здравство, а младите лекари ќе заминат од државата.

Покрај зголемување на платите, се бара и обединување на сите клиники во еден правен субјект, со што, како што велат, ќе се заштедат огромни суми пари од плаќање на организациските директори и непотребните управни одбори, и тоа од над милион евра. Од Синдикатот се бара и регулирање на специјализациите, како и на статусот на сите вработени со договор на дело подолг од 6 месеци.

Македонија

Уживајте во сонцето уште викендов, потоа доаѓаат многу врнежи

Стабилното, суво и сончево време со ладни утра и топли денови ќе се задржи уште викендов. Веќе од понеделник облачноста ќе се зголемува а од ноќта кон вторник ќе ни започнат и обилни врнежи од дожд проследени со засилен до силен ветер од јужен правец.

Температурите викендов на многу места ќе се искачат до околу или ќе надминат 15 степени а во централните и во југоисточните предели температурата ќе се искачи до околу 20 степени. Тоа значи дека викендов ќе имаме температури над просекот за месец ноември.

Се на се, Антициклонот, односно полето со висок воздушен притисок полека ќе слабее а веќе од ноќта кон вторник ќе подпаднеме под влијание на циклонска активност со центар над Џенова која како што претходно кажав ќе услови да имаме многу врнежи и силен јужен ветер. Токму околу ова во следните мои метео објави следува детална метео анализа и актуелно МетеоАларм предупредување.

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Изминатите четири дена лишени од слобода 11 лица за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик, 1518 сообраќајни прекршоци

Во периодот од (10/13.11.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1518 издадени платни налози, 498 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 11 лица, од кои осум за возење под дејство на алкохол, тројца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место.

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот викенд евидентирани се 942 прекршоци за неправилно паркирање, 290 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 48 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 161 учесник во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 64 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а пет заради техничка неисправност.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Continue Reading

Македонија

Kандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Александар Трајановски, кандидатот за градоначалник на Аеродром, ќе стане потпретседател на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајановски, ќе ја заземе функцијата потпретседател на СДСМ.

Ова го соопшти лидерот на партијата, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, во контекст на промените во СДСМ по големиот пораз на локалните избори. Според Филипче, Трајановски е исклучително посветен на партијата и имал успешна кампања на изборите, поради што ќе биде значаен за новата улога.

Трајановски е лекар по професија и досега беше член на извршниот одбор на СДСМ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг