Connect with us

Балкан

Бугарин го симнал грчкото и го закачил бугарското знаме, и викал: „Ова е бугарска територија“

Published

on

Во градот Кавала бил уапсен 35-годишен странски државјанин кој на јужната страна од пристаништето, го симнал грчкото знаме од јарболот, го фрлил и подигнал знаме на друга држава, соопштија од Крајбрежната служба на Грција, додека пак според медиумите станува збор за Бугарин, кој грчкото, го заменил со бугарско знаме, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението од Крајбрежната служба, веднаш откако ги сменил знамињата, 35-годишниот побегнал, не ги почитувал наредбите на пристанишните власти, давајќи силен отпор при апсењето и навредувајќи ги надлежните.

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека освен што ги навредувал надлежните извикувал дека конкретните области ѝ припаѓаат на Бугарија, а според информациите на агенцијата, ова е втор сличен инцидент за уапсениот, кој најверојатно е член на „екстремистичка организација која смета дека Кавала и грчкиот регион источна Македонија ѝ припаѓаат на Бугарија, а не на Грција“.

Балкан

Србија разгледува две опции за развој на нуклеарна енергија: традиционални нуклеарни централи и мали модуларни реактори

Published

on

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска соопшти дека државата ја добила првата прелиминарна техничка студија за можностите за примена на нуклеарна енергија. Во студијата се анализирани различните достапни технологии, при што се разгледуваат и традиционалните нуклеарни централи и малите модуларни реактори.

„Малите модуларни реактори се уште не се целосно технички и технолошки потврдени, бидејќи се во развој. За разлика од нив, традиционалните нуклеарни централи се комерцијално достапни. Сепак, малите модуларни реактори нудат флексибилност, модуларност и пониски инвестициони трошоци“, истакна министерката.

Таа додаде дека денеска во Костолац ќе биде отворена првата мала државна сончева електрана „Петка“, а наскоро ќе заврши и изградбата на ветерниот парк во истиот регион. Двете „зелени“ електрани ќе обезбедат електрична енергија за околу 35.000 домаќинства.

Во однос на студијата за нуклеарната енергија, Ѓедовиќ Хандановиќ посочи дека постои простор за интеграција на нуклеарна енергија во преносниот систем, но дека ова ќе се реализира во долг временски период, проценет на 15 до 20 години.

Таа објасни дека пред почетокот на изградбата на нуклеарен објект, мора да се завршат неколку фази согласно препораките на Меѓународната агенција за атомска енергија. Овие фази траат помеѓу пет и седум години и вклучуваат дополнителни студии и анализи, како и формирање на посебно тело кое ќе ја развива нуклеарната програма.

„Во моментов работиме на формирање на такво тело во рамките на Министерството за рударство и енергетика, во кое ќе учествуваат претставници од научни институти и други релевантни организации“, додаде министерката.

Проценето е дека целиот процес ќе чини околу 30 милиони евра.

Continue Reading

Балкан

Хорор летување во Црна Гора: Девојка од Србија доживеала шок по пристигнувањето

Published

on

Летниот одмор во Црна Гора за една девојка од Србија се претворил во вистински кошмар, откако сопствениците на сместувањето ѝ сместиле свои роднини во собата што таа ја платила како приватна. Инцидентот се случил во Улцињ, а девојката своето искуство го споделила преку видео на TikTok, кое за кратко време станало вирално.

„Платив за посебна соба, а ме ставија со нивните роднини. Собата имала четири кревети и тие решиле да ја пополнат со луѓе што немале каде да одат“, раскажува таа. Освен непријатното изненадување со несаканите цимери, таа наишла и на сериозни проблеми со хигиената и инфраструктурата во објектот.

„Машината за перење не работи, кадата тече, се шири смрдеа, електричните уреди се расипани, постојано паѓаат осигурувачи, па нема струја во целата куќа, а ни вода“, вели таа.

Сопствениците, наместо да понудат решение, ја терале да пере облека кај соседи и ѝ кажале: „Ако не ти се допаѓа – спиј на плажа!“

„Пијани изнајмуваат, земаат пари, ве навредуваат и ве оставаат на улица. Не дај Боже никому да му се случи ова“, завршува таа во видеото што ја подигна јавноста и ги отвори прашањата за контролата и регулацијата на приватното издавање сместување на црногорскиот приморски пазар.

Continue Reading

Балкан

Уапсен скопјанец со меѓународна потерница во Албанија – обвинет за тешки кривични дела во Австрија

Published

on

Албанската полиција, во рамки на акцијата „Операција 54“, уапси македонски државјанин со иницијали М.А. (41) од Скопје, по меѓународна потерница издадена од австриските власти. Лицето се товари за сериозни кривични дела во Австрија, меѓу кои трговија со дрога, опасна закана, тешка изнуда и телесна повреда.

Според соопштението од албанската полиција, М.А. бил баран со потерница од Јавното обвинителство во Инсбрук, Австрија, а дирекцијата на специјалните полициски сили успеала да го лоцира и уапси. При неговото приведување бил извршен претрес, при што е пронајдена и запленета марихуана која ќе се користи како доказ во истрагата.

За делата за кои се товари, австрискиот Кривичен законик предвидува казна затвор до 20 години. Во моментов, Интерпол Тирана ги продолжува постапките за негова екстрадиција во соработка со австриските власти.

Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин во Албанија овој месец. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“, беше уапсен А.А. (34) од Кичево, исто така по меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн. Тој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг