вторник, јуни 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за Фактор: Енергетска сувереност: Македонија повеќе не чека – таа гради

by Redakcija
22.01.2026
in Економија, Топ Вести

Пишува: Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини

Енергетската транзиција одамна не е прашање на избор. Таа е економска, безбедносна и геополитичка нужност. Светот веќе не расправа дали треба да се менува енергетиката, туку како и колку брзо.

Енергетиката денес е пазарна реалност, но и прашање на национална отпорност. Македонија предолго беше набљудувач во тие процеси. Без јасна стратегија. Без долгорочно планирање. Без системска визија.

Тоа го сменивме.

Со формирањето на посебното Министерство за енергетика и со новиот Закон за енергетика, поставивме јасен институционален и правен темел. Воведовме ред таму каде што со години имаше ад-хок решенија. Започнавме планиран развој наместо реактивно управување.

Енергетската безбедност денес не значи само поседување извор на енергија. Таа значи способност системот да издржи кризи, да се адаптира на шокови и да обезбеди стабилно снабдување во секој момент.

Енергетската независност, исто така, не значи целосно отсуство на увоз. Таа значи увоз по избор – а не по нужност.

Во декември минатата година, согласно законот, го донесовме Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година. Тоа не е формален документ. Тоа е инвестициски и развоен пасош на државата, со вкупна вредност над 1,35 милијарди евра.

Првпат Македонија има јасна мапа каде оди енергетскиот сектор.

Планот опфаќа 481 проект кои се веќе реализирани или во завршна фаза. Нашиот пристап е јасен: секој мегават мора да биде функционален дел од системот. Не бројка на хартија. Не политичка декларација.

Затоа паралелно со изградбата на капацитети, ја зајакнуваме и мрежата што таа енергија треба да ја пренесе.

Доминираат фотонапонските централи. Го користиме сонцето – нашиот најголем природен ресурс. Но овојпат тоа го правиме контролирано, плански и со дигитализирани постапки за приклучување.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк

Related Posts

Мицкоски најави можно државно градење на Чебрен и Галиште

08.06.2026

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

08.06.2026

Делница од автопатот Кичево–Охрид ќе се пушти на Денот на независноста

08.06.2026

Министерство за финансии: ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија – извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики

08.06.2026

Пазарот на труд се менува: Кои професии ќе бидат најбарани во иднина?

08.06.2026

Од вечерва ново поевтинување на горивата – Ова се цените

08.06.2026

Препорачани Вести

Државна и црковна делегација од Македонија ќе оддаде почит кон делото на Св. Кирил и Методиј во Рим

Државна и црковна делегација од Македонија ќе оддаде почит кон делото на Св. Кирил и Методиј во Рим

3 недели ago

Шест летови, една мисија – да не ја остави ќерката стјуардеса сама за Божиќ

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Семинарот за словенски малцинства продолжи со посета на културните знаменитости во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екипи на ЈП Нискоградба на терен по поројните дождови во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави можно државно градење на Чебрен и Галиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата интервенираше по насилен инцидент на автопатот Скопје–Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – брза интервенција на полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.