сабота, јуни 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

МВР денес со зголемено присуство во Тетово и Куманово – ќе се тестираат камерите од „Безбеден град“

by Уредник
25.01.2026
in Република

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените камери од проектот „Безбеден град“ во подрачјето на градовите Куманово и Тетово, како дел од подготвителните активности пред официјалното пуштање во употреба на системот.


Според известувањето од МВР, активностите ќе се реализираат од 08:00 до 20:00 часот, а на секоја локација со поставени камери постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае околу 15 до 30 минути. За време на тестирањето на конкретните локации, сообраќајот ќе биде привремено запрен, а по завршувањето на проверката ќе продолжи нормално да се одвива.


Оваа фаза е дел од пилотниот период на системот „Безбеден град“, кој веќе беше во пробна фаза во Скопје и се очекува да почне со наплата на казни од 1 февруари 2026 година откако ќе завршат тестирањата и усогласувањата.


Целта на проектот е да се подобри безбедноста во сообраќајот преку автоматско детектирање на прекршоци како пречекорување на брзината, минување на црвено светло и други повреди на правилата, а сопствениците на регистрирани возила ќе добиваат известувања за прекршоците.


МВР ги повикува граѓаните и возачите да покажат разбирање и соработка за непречено спроведување на овие активности, како и да ги почитуваат привремените ограничувања на сообраќајот за време на тестирањето.

Related Posts

Проданоски: „Војдан Чернодрински“ е еден од најсветлите културни фестивали на Прилеп и Македонија

12.06.2026

Коњановски: Битола е спортски град, продолжуваме да го поддржуваме спортот

12.06.2026

Проданоски: Прилеп ќе ги награди најдобрите наставници, воспитувачи и негователи

12.06.2026

Тоневски: Во тек е асфалтирањето на улицата „3-ти Април“ во Пробиштип

12.06.2026

Коњановски: Интензивна градежна сезона и нови инвестиции во Битола

12.06.2026

Невреме ја зафаќа поголем дел од Македонија – дожд, грмежи и ветер над 60 км/ч

12.06.2026

Препорачани Вести

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележа 77 години постоење

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележа 77 години постоење

3 недели ago
Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

Кина загрижена поради прекинот на нафтата од Венецуела и Иран

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: „Војдан Чернодрински“ е еден од најсветлите културни фестивали на Прилеп и Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Борче Димитровски за muzika24: Битола – културно искуство што се живее 365 дена во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Воздушна тревога во Украина: Предупредување за можен руски ракетен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерот за здравство: Коцкањето претставува зависност, превенцијата е најдобра заштита

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП објави нова листа на должници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.