сабота, септември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Норвешка најсреќна земја за иселеници и идеална за одгледување деца според анализите

by Redakcija
03.02.2026
in Свет
Норвешка најсреќна земја за иселеници и идеална за одгледување деца според анализите

Секоја година илјадници луѓе го напуштаат својот дом во потрага по подобар живот – некои бегаат од корупција, други од неповолна клима, а трети едноставно бараат среќа која не ја нашле во својата татковина. Новото истражување на компанијата за миграција „Умзуг-365“ ја истакнува земјата каде што семејствата и иселениците можат да ја пронајдат таа среќа: Норвешка.

Анализата вклучувала 20 различни параметри, меѓу кои квалитетот на здравството, образованието, безбедноста и просечните приходи. Со вкупна оценка од 71,73 од можни 100 поени, Норвешка го освои првото место, потврдувајќи го статусот на земја која нуди стабилен и висок стандард на живот.

Резултатите зборуваат сами за себе. Дури 94% од семејствата во Норвешка се задоволни од својот живот, што е за 11% над европскиот просек. Системот на здравствена заштита е на светско ниво: стапката на смртност на мајките е дури 81% пониска од европскиот просек, додека децата уживаат исклучително здравје – со стапка на смртност само 0,31 на 100.000 живородени до 15 години.

Жителите на оваа северна земја, исто така, уживаат во долг живот: просечната старост достигнува 83,3 години, што е над европскиот просек од 80,5 години. Норвешка редовно се наоѓа на врвот на „Светскиот извештај за среќа“, а минатата година ја зазеде седмата позиција во светот – доказ дека високата среќа не е случајност, туку резултат на континуирани вложувања во квалитетот на животот.

Нордиските земји повторно доминираат на врвот: Финска е прва со 67,79 поени, Данска е втора, Исланд трет, а Шведска четврта. Од друга страна, Обединетото Кралство се најде на 23-то место, додека САД паднаа на рекордно ниската 24-та позиција. Израел, и покрај регионалните конфликти, го зазеде осмото место.

На дното на листата повторно е Авганистан, а веднаш зад него се Сиера Леоне, Либан, Малави и Зимбабве.

Од земјите во нашиот регион, Словенија го држи највисокото место на 19-та позиција, Србија е 31-ва, БиХ на 56-то место, Хрватска 72-ра, а Македонија се најде на 86-то место.

Related Posts

Полска ги крева борбените авиони по рускиот напад врз Украина

19.09.2026

Трамп го објави договорот за Гренланд: „Ова е остварување на сон за САД“

19.09.2026

Новиот потег на Трамп против Русија: санкции за поддржувачите на Путин

19.09.2026

Кој ќе нè лекува? СЗО предупредува на голем недостиг на здравствени работници

19.09.2026

Кремљ удри по два европски гиганти: Русија ги презема нивните средства

18.09.2026

Американската војска се повлекува од Европа? Пентагон разгледува голем план

18.09.2026

Препорачани Вести

Грипот се шири низ Македонија: Над 2.300 новозаразени, болниците полни

8 месеци ago

По пробивот на британскиот пазар, Реплек ги претстави своите капацитети и развојни планови пред амбасадорот Метју Лосон

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Меџити најави концерт на Рона Нишлиу во Чаир за ноемвриските празници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Речиси 20 години стари автомобили се возат по македонските патишта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Месечината откриен огромен нов кратер: Ударот се случил во 2024 година, а никој не го забележал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овие уреди ви ја зголемуваат сметката за струја: Електричар советува што да исклучувате

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Под Европа откриен древен супервулкан: Откриено дали сè уште може да еруптира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.