четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Загрижувачки податоци: Поднесени 21 пријава за семејно насилство за две недели

by admin
08.03.2026
in Црна Хроника

Во текот на последните две недели во земјава се поднесени 21 кривична пријава за семејно насилство, кои опфаќаат вкупно 25 кривични дела, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест пријави се поднесени по брза постапка.


Покрај овие случаи, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се поднесени и пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за кривично дело „загрозување на сигурноста“, а две за „демнење“. Во рамки на постапките се изречени пет мерки притвор и една мерка на претпазливост.


Најголем дел од кривичните дела поврзани со семејното насилство се однесуваат на „загрозување на сигурноста“ – 11 случаи и „телесна повреда“ – 10 случаи. Дополнително, евидентирани се и по еден случај за „тешка телесна повреда“, „неизвршување судска одлука“, „противправно лишување од слобода“, „обид за убиство“ и „полов напад и силување“.


Според податоците, најмногу кривични пријави се поднесени на подрачјето на СВР Скопје и СВР Струмица – по пет, потоа следуваат СВР Охрид со четири, СВР Штип со три, СВР Куманово со две, додека по една пријава се поднесени во СВР Тетово и СВР Велес.


Во истиот период на територијата на целата држава се пријавени 39 настани поврзани со семејно насилство, како и 63 поплаки од граѓани.


Надлежните институции посочуваат дека во последните години се забележува тренд на зголемување на бројот на мерки притвор изречени по брза постапка, тренд кој продолжува и во 2026 година по последните законски измени.

Related Posts

Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

16.09.2026

Финансиската полиција во акција: Милиони префрлани преку фиктивна фактура

16.09.2026

Претреси и апсење во скопско – Пронајдени марихуана, пиштол и муниција

16.09.2026

Маж од тетовско исчезнал по закани и барања за пари и возила, полицијата трага по него

15.09.2026

Скопјанка повредена од заталкан куршум додека била во дворот

15.09.2026

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Тетово

15.09.2026

Препорачани Вести

17 години затвор за убиството кое го потресе Штип

8 месеци ago
antonio koshta

Кошта од Никозија: Проширувањето е клучот за посилна и побезбедна Европа

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Пензијата станува недостижна: Германија сака граѓаните да работат уште подолго

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп: Парк-шумата Могила е чиста и уредна, граѓаните се грижат за просторот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 17 септември: Љубовни изненадувања, важни одлуки и нови можности за сите знаци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.