Здружението ВМРО-ДПМНЕ Албанија најави дека ќе го поддржи фудбалскиот турнир кој ќе се одржи на 11 април во Мала Преспа, во организација на Општина Пустец.
Како што информираат од здружението, поддршката доаѓа како израз на посветеност кон македонската заедница во овој регион, кој, како што наведуваат, претставува симбол на истрајноста и идентитетот на Македонците во Албанија.Во рамки на турнирот, ќе бидат доделени и парични награди за најуспешните екипи, и тоа 200 евра за првото место и 100 евра за второто место.
Од здружението истакнуваат дека ваквите настани се важни за обединување на младите, зајакнување на заедништвото и негување на спортскиот дух.Во пораката до учесниците, тие им посакуваат успех, фер игра и достоинствено претставување, нагласувајќи дека Мала Преспа заслужува почит, а македонскиот дух – поддршка












