среда, јуни 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Наместо ред и мир – полицаец си договорил провизија од 700 евра

by Redakcija
14.04.2026
in Црна Хроника

Полицаец од Струмица испратен да дејствува по пријава за нарушен ред и мир, на учесниците им предложил „да посредува“ и им договорил на „странките“ колку пари напаѓачот да даде на пријавителот за да ја повлече пријавата. Станувало збор за сума од 1.000 евра, на што полицаецот за себе побарал дополнителни 200 евра. На крајот, од 1.000 евра што ги добил од напаѓачот да ги даде на пријавителот, за себе задржал 500 евра, а за себе зел „хонорар“ од 200 евра, со што добил вкупно 700 евра.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднел кривична пријава против „итриот“ струмички полицаец К.Ш. товарејќи го за „злоупотреба на службена должност и овластување“ по член 353 од КЗ и од страна на судија за претходна постапка му се одредени мерки на претпазливост.

К.Ш. во саботата околу 9 часот по претходно примена пријава за нарушен јавен ред и мир со физички напад решил да посредува помеѓу страните за наводно „мирно решавање“ на настанот, при што неовластено побарал исплата на пари. Учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир со посредство на К.Ш. договориле на оштетениот да му се исплати сума од 1.000 евра за да се откаже од пријавата, по што К.Ш. своеволно ја зголемил сумата за уште 200 евра на име наводни трошоци за постапката.

Од вкупниот износ од 1.200 евра, К.Ш. на оштетениот му исплатил само 700 евра, додека остатокот од 500 евра го задржал за себе, со што се стекнал со противправна имотна корист од 500 евра.

Внатрешна контрола против К.Ш. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

…

Related Posts

Финансиската полиција со нов случај – Кривични пријави за пет лица и две фирми 

24.06.2026

Малолетник со џип бегал од полицијата низ Тетово, удрил во полициско возило

24.06.2026

Уапсен скопјанец поради предизвикување пожар

24.06.2026

Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали

23.06.2026

Јовица Илиевски ќе биде погребан утре во с. Челопек, опело во „Св. Богородица“ од 11 до 13 часот

23.06.2026

Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион

23.06.2026

Препорачани Вести

Можеби доаѓа нова финансиска криза: „Нема да биде како во 2008 година“

Можеби доаѓа нова финансиска криза: „Нема да биде како во 2008 година“

2 месеци ago

Часовникот оди напред: Ноќеска започнува летното сметање на времето

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Сите ја гледаат бојата и тука грешат: Вака за 10 секунди ќе ја изберете најсочната и најслатката лубеница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозен „изгубен град“ на дното на Атлантикот би можел да ја открие тајната за потеклото на животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа се вооружува: Создадено стратешко партнерство за воздушна одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скокна минималниот износ за К-15 – од 1 јули почнува исплатата на регресот за годишен одмор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Голем шумски пожар кај Сармазалино: чад ја намали видливоста на експресниот пат Велес – Свети Николе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.