сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нова стратегија против пушењето: Повеќе поддршка за граѓаните и построги мерки против тутунот

by Redakcija
28.05.2026
in Македонија
Крај на пушењето за цела генерација: Во Британија, секој роден по 2008 нема да смее да купи цигари

По повод Светскиот ден без тутун 2026 година, Министерството за здравство најави нова, поширока стратегија за засилување на борбата против пушењето и поддршката за граѓаните кои сакаат да се откажат од тутунските производи.

На заедничка прес-конференција со претставници на Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и повеќе соработници, министерот за здравство Арбен Алиу порача дека фокусот оваа година е ставен на разоткривање на начинот на кој никотинот создава зависност, како и на неговата „привлечна“, но штетна природа, особено кај младите.

Како што истакна тој, државата започнува координирана акција на повеќе нивоа – преку центрите за јавно здравје, локалните самоуправи и здравствените домови – со цел да се прошири и олесни пристапот до советувалишта за откажување од пушење. Планот е овие услуги да станат подостапни на локално ниво, со подобро поврзување на граѓаните со системот за поддршка и со континуирано следење на процесот на одвикнување.

„Сакаме секој што сака да се откаже од пушење да има јасен пат, достапна помош и постојана поддршка, особено младите кои се најранливи на влијанието на тутунот“, порача Алиу.

Тој потсети дека Министерството веќе направило чекор во таа насока со ажурирање на есенцијалната листа на лекови, на која за првпат се вклучени препарати за одвикнување од никотин, како фластери и гуми за џвакање. Со ова, како што нагласи, овие средства стануваат полесно достапни и формално интегрирани во здравствениот систем како дел од програмата за намалување на зависноста.

Паралелно, најавен е и нов закон за заштита од употреба на тутун и сродни производи, кој ќе биде усогласен со европските стандарди. Целта е да се зајакне законската рамка и да се создадат долгорочни механизми за унапредување на јавното здравје.

Од Министерството порачаа дека и во следниот период ќе продолжи тесната соработка со Светската здравствена организација и Институтот за јавно здравје, особено во насока на подигнување на јавната свест за штетните последици од пушењето и поттикнување поздрави животни навики.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

31.10.2026

Подгответе ги чадорите: Недела и понеделник ќе поминат во знакот на дождот

31.10.2026

Мицкоски во работна посета на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

31.10.2026

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

31.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Пане Темов за јубилејниот Виноскоп: Приказната што почна како храбра идеја под Камениот мост денес е дел од Скопје

6 месеци ago

САД го тргнаа бугарскиот бизнисмен Александар Манолев од црната листа, повторно може да патува во Америка

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.