вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Нови ограничувања и дополнителни котроли во Предлогот – закон за оружје

by Redakcija
12.06.2026
in Македонија
Воената индустрија во Германија во пораст: Се трансформираат фабриките за производство на оружје

Владата до Собранието достави нов Предлог-закон за оружјето, со кој целосно се заменува актуелниот закон од 2005 година. Наместо нови измени, се предлага целосно ново решение бидејќи досегашниот закон бил менуван 15 пати и веќе не ги следи европските стандарди и современите безбедносни потреби. Предлогот е усогласен со најновата европска директива за контрола на набавувањето и поседувањето оружје и носи низа новини за граѓаните и правните субјекти што поседуваат или тргуваат со оружје.

  • Ограничување на бројот на парчиња: Физичко лице ќе може да поседува најмногу 10 парчиња оружје со дозвола. Исклучок е можен само за активни спортски стрелци кои ги исполнуваат законските услови.
  • Нова категоризација и забрани: Како забрането оружје се класифицираат автоматското оружје, електричните парализатори, гасното оружје, оружјето маскирано како друг предмет и одредени видови воена муниција. Во оваа категорија влегуваат и одредени полуавтоматски оружја со магацини со голем капацитет.
  • Предодобрение за набавка: Пиштоли, револвери, ловечки и спортски пушки, како и одредени видови пневматско оружје ќе можат да се набавуваат само со претходно одобрение од Министерството за внатрешни работи.
  • Регулација на Airsoft и Paintball: Airsoft и Paintball направите за првпат се детално регулирани и ќе мора да бидат пријавени и евидентирани. Во истата група на уреди под пријава и евиденција спаѓаат и лансерите на пепер-спреј, како и деактивираното оружје.
  • Ограничувања за муниција: Физичко лице ќе може да купи најмногу 500 куршуми годишно за оружје со жлебеста цевка, освен ако не докаже оправдана потреба за поголема количина.
  • Европска дозвола за огнено оружје: Се воведува документ усогласен со европските стандарди што ќе служи како доказ за сопственост и право на користење на оружјето.
  • Контрола на полупроизведено оружје и изработка со 3Д/ЦНЦ: Првпат се уредуваат правилата за полупроизведено оружје, неговите делови и техничките нацрти за производство преку 3Д печатачи и CNC машини, со цел спречување на современи облици на нелегално производство.
  • Електронско следење и регистри: Се воведува електронско следење на оружјето од производителот до крајниот корисник, нови регистри и дигитални евиденции.
  • Построги правила за трговија и трансфер: Се пропишуваат построги услови за трговците, посредниците и за трансфер на оружје преку државните граници.

Предлог-законот е усогласен со најновата европска директива за набавување и поседување оружје, обезбедувајќи компатибилност на националните правила со европските практики и стандарди.

  • Воспоставување поефикасен и транспарентен систем за контрола на цивилното оружје.
  • Целосно усогласување со европското законодавство и безбедносни стандарди.
  • Намалување на ризиците по јавната безбедност преку јасни правила за поседување, набавка и трговија.
  • Спречување на нелегалното производство и промет, особено преку современи технологии.

Извор: 4news.mk

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

„Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

10.11.2026

Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

10.11.2026

Трамп предложи нова амбасадорка на САД во Македонија

10.11.2026

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

10.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

2 месеци ago

Меџити: Проширувањето на „Цветан Димов“ е приоритет за општината Чаир

9 месеци ago

Популарни Вести

  • „Безбеден град“ со нови контроли: Казни ќе добиваат и возачите кои го прават овој прекршок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зимската опрема станува задолжителна: Еве од кога возачите ризикуваат казна од 45 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Многу возачи не знаат како најлесно да се ослободат од замаглените стакла во автомобилот: Притиснете само едно копче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заборавете на класичните олуци: Јапонците смислиле необично решение за дождовницата кое станува сè попопуларно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Крај на една ера: Audi по 32 години го прекина производството на A8, познато е кој модел ќе го замени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.